Ќе се прочистуваат КОСОВАРИТЕ од македонските пописи и списоци

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634



ке се ревидира исмисленото 23% малцинство во Македонија.


Коренот за појавата на „вишок гласачи“
во избирачкиот список потекнува уште од 1994 година, кога масовно се делеа македонски државјанства на Албанците од Косово, децидни се експертите, откако и вчера меѓународната заедница и странските амбасадори повторија дека е потребно итно прочистување на избирачкиот список. И покрај долгогодишните најави дека ќе се направи ревизија на наводните спорно поделени државјанства, такво нешто не се случи, по што Албанците од Косово сега се дел од избирачкиот список на Македонија со еднакво право на глас како и другите македонски граѓани. Колку од нив во меѓувреме се иселиле од земјава не може да се знае, затоа што државата нема направено ниту прочистување на избирачкиот список, ниту пак води евиденција за тоа колку граѓани се иселуваат трајно.

И по 15 години, прашањето за наводното штанцување македонски државјанства сè уште не стивнува и се наметнува како една од главните причини за тоа што во Македонија има околу 2 милиони жители (според податоците на Државниот завод за статистика) и 1,7 милион гласачи (според избирачкиот список).

Благица Новковска, директорка на Државниот завод за статистика, вели дека најголемата грешка се прави кога се споредуваат податоците од пописот со оние на избирачкиот список, бидејќи станува збор за сосема различна методологија на работа.

- Пописот се прави на вкупното население во државата, односно на оние што се вообичаено присутни во Македонија и на оние што се надвор од државата до една година. Тоа значи дека во пописот нема податоци за емиграциите, бидејќи кога беше спроведуван истиот, добивме строга препорака од меѓународната заедница дека не смее да се попишуваат лицата кои се надвор од земјата подолго од една година. Од друга страна, во избирачкиот список влегуваат и лицата со македонски државјанства што се надвор од Македонија и по десетина години, а не ги ажурирале податоците. Од тие причини, се јавува забуната околу бројот на жителите и на гласачите - вели Новковска.

Ниту една надлежна институција нема точни податоци за бројот на емигрираните лица, ниту пак предлага начин за чистење на избирачкиот список од таканаречените „вишок гласачи“. Официјалната бројка на иселените лица, според Министерството за правда, е 73.000 и тие се обележени со ѕвездичка во избирачкиот список.

- Од 2004 година не е направен попис на лица што живеат надвор од државата. Не можам да кажам точно дали Албанците од Косово што добија македонски државјанства се во избирачкиот список, но факт е дека секој што има државјанство и последно пријавено живеалиште во земјава не може да биде избришан. Од изборите во 2006 година до овие избори бројот на гласачи е пораснат за околу 12.000 и тоа е нормално ако се земе во предвид природниот прираст на населението. Во секој случај, избирачкиот список мора да се прочисти од аспект на лицата што починале - вели министерот за правда Михајло Маневски.

Секоја изборна година исто прашање без одговор

Кога станува збор за македонските државјани со право на глас, најголемиот дел од „вишокот“ експертската јавност го објаснува со наводното масовно доделување македонски државјанства, главно на Албанците од Косово, меѓу двата изборни круга во 1994 година. ВМРО-ДПМНЕ долги години обвинуваше дека тоа било сторено за да се осигури победата на тогашниот претседател Киро Глигоров на претседателските и на СДСМ на парламентарните избори, кога Бранко Црвенковски стана премиер.

- Таа бројка се провлекуваше на сите избори и секојпат беше средство за манипулации со изборните резултати. Станува збор за сериозна закана за изборниот процес, што најдобро се покажа на последните претседателски избори кога токму поради надуениот список, беше едвај достигнат потребниот цензус и имаше стравувања дека ќе треба повторно да се распишат избори - изјави за медиумите Трајко Велјановски, актуелниот претседател на Собранието во 2006 година, непосредно пред парламентарните избори.

Истата изјава се провлекува речиси секоја изборна година.

- Во 1994 година СДСМ за свои изборни потреби, незаконски подели 150.000 државјанства на Косовци и граѓани со албанско етничко потекло, кои гласаат на сите избори. Кога се поделија државјанства на македонски граѓани кои не живеат во Македонија, СДСМ реагираше и заедно со ПДП ја извршија оваа задача - изјави во изборната 2002 година портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.

Ревизија на 150.000-те илјади државјанства доделени на косовските Албанци најавуваше и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, но опозициската СДСМ тогаш ги оцени овие изјави како политичка пропаганда. Прашањето, во секој случај, никогаш не се реши до крај и се провлекува во секоја изборна година, без можност да се знае дали на избирачкиот список се наоѓаат лица на кои им биле поделени македонски државјанства без основа. Официјалните податоци на МВР велат дека во последниве 18 години полицијата издала 100.0000 државјанства, од кои најмногу биле издадени во 1994 година - околу 33.000.

Од МВР немаат информации дали некој досега извршил ревизија на издадените државјанства.


се врти..се се врти...
nova makedonija
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Сега не се прогонувани на Косово, имаат држава, може да се вратат а ние со нашите Албанци староседелци да си го вратиме соживотот како што беше на времето.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Сега не се прогонувани на Косово, имаат држава, може да се вратат а ние со нашите Албанци староседелци да си го вратиме соживотот како што беше на времето.
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:Moра сега тоа да се стори да и да се прикаже реалната бројка од 300.000 Албанци и да си живееме со нив.
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Vekje se nasetuva za sto e ispazareno imeto i koalicijata so DUI.:toe:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Со “прочистувањето“ ќе раководи лично Обама,за да не се намали цензусот од 20,01%!:smir:
 
Член од
28 јануари 2005
Мислења
2.163
Поени од реакции
18
Abe vidi, ako e dobar planot go podrzuvam. Ne moze edna grupa od 200-300 iljadi da se broi i tuka i vo Kosovo, i uste edna druga od blizu Milion i vo Kosovo i vo Albanija. Izleguva deka ima 1.300.000 albanci povekje na balkanot.
Ne e losa idejava ako se ispazari umno.
Inaku sto plukaat po Kiro toa im e kako leksilium za koalicijata so tie istite sto navodno Kiro gi uvezol.
Abe, serka situacija.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Sigurno se misli na gorancite i makedoncite od Albanija , koi dobivaat drzavjanstva sekoja godina , no sepak brojot na makedoncite tone nadole .
Ako moze da im dadat drzavjanstva i na albancite i turcite - muslimanite koi pobegnaa vo Turcija , a se okolu 3 milioni.

Ova nie kako albanci treba da go pobarame od vlasta , posto taa samo na svoite im deli drzavjanstva.
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Sigurno se misli na gorancite i makedoncite od Albanija , koi dobivaat drzavjanstva sekoja godina , no sepak brojot na makedoncite tone nadole .
Ako moze da im dadat drzavjanstva i na albancite i turcite - muslimanite koi pobegnaa vo Turcija , a se okolu 3 milioni.

Ova nie kako albanci treba da go pobarame od vlasta , posto taa samo na svoite im deli drzavjanstva.
Де бе па ти одма те фати страв за некаква неправда со чистењево.Сигурно ќе има претставници од ЕУ и од албанските партии кога ќе се чистат списоците
 
M

Mario Gómez

Гостин
Sigurno se misli na gorancite i makedoncite od Albanija , koi dobivaat drzavjanstva sekoja godina , no sepak brojot na makedoncite tone nadole .
Ako moze da im dadat drzavjanstva i na albancite i turcite - muslimanite koi pobegnaa vo Turcija , a se okolu 3 milioni.

Ova nie kako albanci treba da go pobarame od vlasta , posto taa samo na svoite im deli drzavjanstva.
А замисли Албанците да ги напуштат своите колонии на Јупитер и да се вратат во Македонија , ние малцинство ќе бидеме...:(
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
aii sega vi e krivo sto nemate natalitet i aj da izbrkame albanci...ncncnc ama kakvi ste ejj...epa zal mi e no site koi se tuka tuka ke ostanat...posto nema ovde glasaci koi ziveat vo KOSOVO
 
M

Mario Gómez

Гостин
aii sega vi e krivo sto nemate natalitet i aj da izbrkame albanci...ncncnc ama kakvi ste ejj...epa zal mi e no site koi se tuka tuka ke ostanat...posto nema ovde glasaci koi ziveat vo KOSOVO
Aко се плашиш значи и ти не си старо седелец, шо викаш јас ти го платам патот за приштина?
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.880
Aко се плашиш значи и ти не си старо седелец, шо викаш јас ти го платам патот за приштина?
A sto e so dojdencite od Srbija , sto gi nosese Srpskata kralevina , a se naseluvaa vo severniot del na drzavata , na imotite na albancite koi se proteruvaa za Turcija ?
Sto e so egejcite koji se naselija vo Makedonija ?

Ima uste edno 20.000 albanci koi seuste nemaat drzavjanstva , a ziveat tuka mnogu poodamna od mnogu novo dojdenci od Albanija ili Bugarija.
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Nema problem.... ama dzentlmenski dogovor da bide.

Na sekoj sto ne e roden vo Makedonija ( znaci denesnive granici ) da mu se odzeme drzavjanstvoto. Znaci tuka spagaat albancite od Kosova, makedoncite od egejska i nekoi drugi od okolnite drzavi.:toe:

Drugo, sekoj sto e roden tuka avtomatski da mu se dade drzavjanstvo. Znaci tuka spagaat albancite od Turcija vo najgolem del. :toe:

Toa se pravilata na igra. Bujrum.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.622
Поени од реакции
59.461
Nema problem.... ama dzentlmenski dogovor da bide.

Na sekoj sto ne e roden vo Makedonija ( znaci denesnive granici ) da mu se odzeme drzavjanstvoto. Znaci tuka spagaat albancite od Kosova, makedoncite od egejska i nekoi drugi od okolnite drzavi.:toe:

Drugo, sekoj sto e roden tuka avtomatski da mu se dade drzavjanstvo. Znaci tuka spagaat albancite od Turcija vo najgolem del. :toe:

Toa se pravilata na igra. Bujrum.
Мислиш дека ќе сте во плус вака? :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Бла бла бла цел свет
Види а Егејска Македонија не е е Македонија? Или пак го споредуваш Косово со Егејска Македонија? Кои Албанци во Турција? А Македонците по цел свет што ги има?

Ептен :uvo:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom