Имам другари што се на приватен некој 4та некој 3та. Во сите тие години јас не памтам некогаш да рекле на факултет сум, имам аудиториски или лабараториски. Никогаш не се пожалиле дека немаат бесплатен автобус, нити пак дека само УМС се во студентските, а не и они. Никогаш не сум ги слушнал да бараат укинување на ИКСА и бесплатни учебници.
Јас не гледам на кој начин они се засегнати од реформиве на владата. И јас сакам сите да се приклучат и буквално 1 месец да нема никој студент на предавање туку сите да прогласат автономна зона. Приватните факултети за жал никако не се засегнати од законот.
Генерализираш брат
Јас имам завршено приватен факултет (можеби едно 3-4 пати имам кажано на темава), знам какви едноклеточни амеби запишуваат и завршуваат ама постов ти е класична генерализација.
Познавам многу повеќе студенти на државен на кои што не им чуе за песплатни книги, бесплатен превоз, завршуваат во рок зошто се мамини и татини. Колку што знам, приватните немаат ИКСА а не може да бараат укинување на нешто што го немаш?
И да, затоа што приватните универзитети се подзаборавени, според мене и со право не обрнуваат внимание на оваа проблематика.
Не ви е убаво кога власта како студенти ве потценува и ве гледа од горе а истото им го правите на вашите колеги, кои поради оваа или онаа причина се имаат запишано на приватен факултет.
И како тоа не се засегнати со законот? Нема да полагаат државен испит?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
[DOUBLEPOST=1423930583][/DOUBLEPOST]
И кадар и не кадар е приморан да присуствува. На пример неписмен ѓупак мора да се запише средно и да заврши, со што автоматски се смалува и критериумот и трпат оние квалитетните бидејќи со нив недоволно квалитетно се работи.
Има и други примери, на пример спортисти кои се зафатени со тренинзи мора да одат средно и да го завршат наместо да се посветат на тоа што го работат.
Значи јас сум да се запази она која сака да учи да учи, а не некој да мора. Не сите луѓе се предодредени за учење.
Нека биде тогаш до 4то, само колку да се описменат
Уствари може да се направат специјални училишта за описменување (да пишува и да чита). Кој што побрзо научи, толку, нема потреба понатака, за да не им смета на оние кои што сакаат да учат.
Знае копук од 14 години дали сака или не сака да учи....
За спортистите, има вонредно средно. Колку што знам, тоа не е укинато како опција. Можеби грешам, поправи ме.
Пошто нема никаква поента. Има дечки што се неписмени и воопшто не се ни појавуваат на училиште, ама заради задолжителното средно мора им се оправдуваат изостаноци и да ги туркаат за да завршат. После тоа, и тие и некој што ете учел колку-толку ама не се запишал на факултет ќе бидат со ист степен - ССС.
Не знам дали било задолжително средното ти кога си учел и дали си се сретнал со вакви фаци, ама од моја генерација едно 25% сигурно не би се запишале и не би завршиле да не беше задолжително.
Брат, ти опиша третина од среднистите во мкд
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Не може тоа да биде валидна причина...
За законот, мислам дека ме фати кога бев 4та средно, така да „не“ би бил одговорот.