VeS
.
- Член од
- 16 мај 2008
- Мислења
- 4.749
- Поени од реакции
- 2.355
Епа не можат вечно да седат во комфорна зона.Да, али прво попречуваш слобода на движење, што е уставно загарантирано право, второ таму не си зашититен од полиција која може сместа да те тргне. Биле разгледувани и такви идеи.
А за полиција да дојде на факултетиве, треба дозвола од ректор, по барање од декан, така некако беше процедурата. Инаку е забрането присуство на полиција на универзитет. А во автономната зона не се загрозува слободата на движењето (ок, освен некои изолирани случаи и некои квази-закани од Х типови). Ќе речете се попречува правото на образование. Хм, ова е веќе дискутабилно. Што ако самиот професор рече немам услови за настава и не држи предавања (а нема услови поради бучавата која се создава)? Тогаш за да се отстрани бучавата ќе треба да делува обезбедувањето (СГС), али СГС мислам дека нема надлежност за влез внатре во факултетите туку во „дворот“, односно во рамки на таа ограда, но надвор од зградите. Останува да се повика полиција за да се отстрани бучавата , што пак не' носи до деканот и ректорот.
Мислам дека еве малку подобјаснив, факт е дека оваа автономна зона (зборам за чинот, не за терминот и симболиката) се наоѓа во некоја сива правна зона. Доколку деканот и ректорот мислат дека полиција не треба да дојде, нема да дојде. (освен ако полицијата ја заобиколи оваа процедура, со што би направила повреда на Уставот и законите на РМ)
Вака или онака се повредуваат нечии загарантирани права.
И наставници, професори кога штрајкуваат, повредуваат право на образование на децата,ама треба да бидат слушнати.
Јас мислам дека ова треба да се преиспита до кога ќе се продолжи вака, со оглед дека повторно не наидуваат на масовност. Реално само на економски сме 4000 студенти, па сега напрај математика колку остануваат.
Ако се зборува за масовност, репер за тоа е вториот протест. Треба да се привлече вниманието на сите.
Не можиш да кажиш едно е дискутабилно попречување на некои права,а друго е само попречување на права, бидејќи повторно ќе кажам, овде има мнозинство,ама нема некоја особена изразита масовност на ниво на УКИМ.
Подобро ќе беше сега пленумот да се фокусираше на уривање на сегашниот студентски парламент на УКИМ, па после преку тоа да си ги бараше правата на студентите како легитимни застапници.
За тоа верувам дека ќе наидеше на многу поголема поддршка отколку дремење на факултет, да ти носат секој ден за јадење, а ти да црташ и да правиш концерти таму и да мислиш дека тоа е бојкотирање.