Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.286
Поени од реакции
4.523
Добро еве, Груевски денес извојува победа и докажа поента во очите на народот.

Кајгана е најмасовен македонски форум со петцифрена бројка акаунти. Ќе се сложите дека народот (што и да подразбирате под тоа) е присутен тука.

Кому од вас денес му се смени мислењето после оваа грандиозна победа на Груевски?
Ако никому, онда каква е таа победа? За што служи? За пред огледало, коа е сам дома?
Kaјгана не е никаков репер.
Репер за недоволно упатените е Сител и Канал 5 и МТВ, на кои денешните вести се 95% известувања за дебатава. Репер се за членовите во умс да кажат дебата понудивме, не прифатија.
Ние работиме напорно, уствари владата и МОН работат напорно, овие се зафркаваат со нас.
Кој ќе ги слушне правдањата на професорките отпосле?

Не му требаат 800 000 гласови на Грујо, доволни му се и 450 000. Толку е просто.
Ова е катастрофален пораз за целата иницијатива.
Ванковска можеше било што да му рече, не влегуваме без студенти од пленумот, да го боцне дека не смее да биде некултурен и успеа во 20 секунди да се изгуби буквално. И ете го егото, професорското его на фејсбук. Мудрува и брише коментари.

Не знам што може да направат студентите за да постигнат нешто позитивно. Можда да баталат сесија, ама кога ќе размислат поубаво, не ги фаќа нив и ќе си останат дома.
Се надевам дека грешам со последнава реченица, ама знам дека не грешам.
 
Последно уредено:
Член од
17 јануари 2009
Мислења
687
Поени од реакции
662
Сега го гледав видеото од денес. Значи да се разбереме нема човек кој вака нема да реагира кога е фатен во расчекор, во изненадување и неочекувано. Не си правете филмови студентите вака би направиле така би направиле, па на една форумска журка да ви влезе некој во ребра нема реченицата да ја споите, а камоли премиер да ви се избаци на сред говор. Потврдена ситуација во реалниот живот илјада пати. Многу е лесно на тастатура или на телефон, многу е тешко кога тој истиот го гледаш во лице 90% незнаат азбуката да ја кажат во тој момент. Премиеров со подготвен говор и план. Не Ванковска, најјакиот оратор немаше А да каже во оваа ситуација. Затоа и само толку говореше неполна минута, зошто после се созема човек и може да разговара.

Она што е јасно во оваа ситуација е дека ги спушти на негово ниво и ги растури.[DOUBLEPOST=1420476138][/DOUBLEPOST]Мене вака @Raziel ми влезе на прво запознавање. Уште од врата со рафален напад, среќа ми даде време да се соземам :)
Не би сложил Леандра, па мајка му она е еминентен универзитетски професор, а не селски учител, штом знае да си дрнда по ФБ, да пишува колумни, да се кандидира за претседател на држава и да ни соли памет, мора да може да одговори и да го плесне во лице она што го мисли не на груески, на путин и обама ако треба. Бај да веј таа како професор на факултет многу добро знае е како да влезеш некому во ребра, пошто така секој професор на усно ми улетуел мене на испрашување, ама сега изгледа во оваа ситуација студентот е она. Па уште се фали на ФБ дека му го плеснала на Груевски. Значи професорката била малку збунета. Да види како да се биде збунет студент на испит ;).
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.364
Поени од реакции
86.625
Ванковска бе... да и ја ебам периката мрсна што ја носи на тиквана празна. Денес се изрезили за сите пари, им даде повод на Јанко гомното, Латас и Сарма дополнително да серат по медиумиве... како да не ни беше доста и тоа досега што му го сервираа на народов.
 
The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Мојот став за државниот испит е веќе неколку пати пишан на темата. Мое мислење е дека не е решение испитот и нема да го подбри квалитетот. Тој испит единствено може да биде некоја минимална гаранција дека сите студентите кои ќе бидат тестирани имат некакво минимално знаење на основните појмови. Никако не може да биде некоја гаранција за квалитет. Затоа и апелирам дека треба да се излезе на дебати и да се искористи секоја можност за пласирање на конструктивни идеи и критики.
Не е поентата само да се каже дека државниот испит не ЧИНИ треба да се аргументира зошто е тоа така и да се дадат подобри идеи.
Зошто тогаш ги обвинуваш професорите, кога власта е таа што излезе со пакет закони со кои сака да решава проблеми кои како што и самиот рече не ги знаеме кои се не се ставени на маса?

Настрана тоа што пленумот никогаш нема побарано отставка од никој како што велиш.

Она што е труло во високото образование е она што е потпишано на контрапленумот. Знам конкретни примери за тоа како оценуват професори од контрапленумот и знам како мене ме оценуваат професори кои се потпишани во иницијативата на ПП.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Најтопло ти ја препорачувам од Цанкар “Слугата Јернеј и неговото Право“.
Шо кур оти ќе ви кажам дека сте во право? Кој е тој реален впечаток што ќе го остави моето свршување од ќеф за праведноста на студентите?
Јас знам дека студентите се праведни и сакаат нешто. Ама нема ништо конкретно.
Не треба ти или некој друг да ми каже дека сум во право, зошто знам дека сум во право :D
Акцентот сакав да го ставам на тоа „прекинете со праведност“.
Ако нигде не ја спомнуваме правдата и ја ставиме како споредна работа, тогаш зошто се бориме ?
Која е целта на секој борба, па и оваа ?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Вие ја праите работава ко, да му влезеше Ванковска со ваква реплика, со онакво прашање и готово, одма ќе го сменеа законов.
И вие и ја си знаеме дека волкот секако ќе го крнеше јагнето.

Битно е студентите да си истраат на своето, друго не е битно.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Ванковска е човек кој со години пишува колумни кои зрачат со празнотија, никогаш не е јасна до крај, нема конкретен став дали е за или е против нешто и тоа го знаат веќе и врапчињата на гранките.
Нејзината смотаност денес е таа самата. Не беше тоа лапсус, жената толку знае, толку може, и никако не сфаќа дека нема капацитет да биде гласноговорник, а камолу водач и уште потрагично е дека ни тие околу неа не сфаќаат дека е така.

Дали сум јасна? Ќе беше ЧУДО Ванковска да се снајдеше!

Да потсетам на нејзината активност како блогерка каде го бришеше секој коментар кој е различен од нејзиното мислење. Не се работеше за пичкарење, зборувам за културни коментари кои и беа упатувани или прашања кои не беа контра, туку отвараа нови аспекти на темата.
Да не зборам дека во еден напис со толку омаловажувачки тон зборуваше за студентите, што ми се смачи. Фор д рекорд, нејзините ќерки студираат у јабана.

Не ја следам долго време, но слушам дека и на фб е таква: брише и блокира се живо што е малку поинакво од нејзиното величествено мислење.

АКо професоркиот пленум ставил таква да ги застапува (оти и на нив ем им иска, ем им стиска), тогаш ни не заслужуваат подобар третман.

А жалната Силјанвска, колку е тешко да бришеш туѓи срања.
 
1

1292

Гостин
Добро еве, Груевски денес извојува победа и докажа поента во очите на народот.

Кајгана е најмасовен македонски форум со петцифрена бројка акаунти. Ќе се сложите дека народот (што и да подразбирате под тоа) е присутен тука.

Кому од вас денес му се смени мислењето после оваа грандиозна победа на Груевски?
Ако никому, онда каква е таа победа? За што служи? За пред огледало, коа е сам дома?
Си извојува победа но над Ванковска и исклучиво над неа. Да е паметна Ванковска утре ќе излезе со сопштение дека со најдобра намера се согласила за присуство на дебатата но дека со нејзиниот став не се согласило мнозинството на професорите поради... (нека јасно напишат зошто). Нека каже дека ќе продолжи со подршката на ПП но и дека истовремено се повлекува во позадина.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.987
Поени од реакции
12.550
Еј од октомври се карам со роднини и објаснувам зошо излегуваме на протести, зошо не е во ред државниот испит, и сеа денес се дешава ова и татко ми ме прашува зошо не влегле во Собрание и не знам да му одговорам....не знам ни јас.
Да кукаш 3 месеци дека никој не те вика на дебата и на крај, да ми извинете на изразов, да испичиш, е не бива бе другари. Кога не може поинаку, спушти се на негово ниво и играј по негови правила. Да влезеа на дебатата, да распалеа,баравте аргументи, еве ви аргументи, не може вака и вака, еве црно на бело. Кога може тој да се обраќа дрско спрема еден ректор на универзитет, зошо да не можат дрско и тие со него? Ама нема кој, ни еден од професорите нема муда и дрскост да му врати и да му плесне се во лице додека снимаат камери.
Зошо не беа викнати студенти од Студентски Пленум на дебатата? Зошо му е страв, зошо еден студент од трета година кој нема што да изгуби може да го изеде со зборови и аргументи и да го брука пред цела држава. Ама лесно е сега, дојде јануари, пола од студентите се по дома, и сега свикуваме дебати, 5ти јануари е работен ден, хохохох, пошо во набиената агенда немаше слободен ден пред Нова Година да се одржи ваков "собир".
Ама ако. Се гледа дека му е фуфка од народ, виде дека се собра поголема бројка на луѓе и дека многу лесно протестиве можат да излезат од контрола, па реши да свика некаква си дебата, сега демократија ќе изиграваме. Ама народот не е толку прост колку што му одговара да се прави.
 
Член од
19 август 2007
Мислења
941
Поени од реакции
302
Многу лесно е сега сите да се правиме паметни што требала да каже Ванковска. Си дала автогол, ја зезнала целата иницијатива, крај на светот и што уште друго не.
Факт: Ванковска ја изиграа како мало девојче. Ја решија со маалска финта и реално толку и беше протестната кариера, бар за некое време. Што и да каже сега ќе ја прашуваат случајно да не е пак збунета.

Реална претпоставка: Кој и да беше алтернативниот претставник исто ќе беше на овој или оној начин изигран порано или подоцна. Дали не објавувал трудови, дали пред 25 години на факултет добил кец по писмена македонски, дали кога моча му врти на лево и ја бербати шољата нешто ќе изникнеше и ќе се вртеше на народните медиуми.

Јасен е револтот кој се јавува кон Ванковска. Не ја правдам, си се намести, толку и беше.

Но зошто е тој револт?
Мислам дека потајно сите ние трагаме по некој лик кој ќе биде еден величествен антиГрујо. Лик со кој ќе можеме да се идентификуваме и околу кој ќе може да се створи некоја поголема критична маса на непокор. Секако тука не ги препознаваме Заев или Шеќеринска. Иако СДСМ е поприлично променет од „времето“ ниту еден нов лик не доаѓа до израз.

Студентскиот пленум функционира на свој интересен начин. Нема лидер. Нема една личност која ги води работите и можеби затоа засега привлекува внимание. Здосадено им е на сите да се разочаруваат и им се допаѓа идејата на нешто ново и свежо.
Професорскиот пленум е лицемерие. Видоа професорите дека студентиве се кренаа на нозе додека они спијат, видоа дека никој не ги уапси или пукаше по нив додека протестираа и си рекоа ајде и ние да се буниме. Не само да се буниме, туку ние сме професоришта, ние ќе превземеме се во наши раце. Како? Па ќе се буниме без конкретна идеја и ќе бараме правдина.

На студентскиот пленум му е дозволено само да се буни. Студенти се, не е нивна работа, а ниту се во можност да предложуваат закони и конретни решенија. Нивно е да кажат дека тоа што се прави не чини. Но на професорите тоа не им е дозволено. Сите ние знаеме дека на секој факултет има само еден грст професори што вредат, се останато е една неподнослива тиња на незнаење и неморал. И тој остаток, односно тој исцедок што е всушност мнозинство формира сега пленум и ќе решава нешто. Како да не.
 
Ванковска го претставува професорскиот пленум, ерго пленумот го изиграа на маалска финта. И тоа професорка на правен, каде се одржуваат ораторски вечери! Ако таква не знае да одговори, кој треба да знае?

Испадна ддека професорксиот пленум е дезореитирана група професори кои решиле да си играат демонстрации на Коледе. Толку.

А Ванковска може со Адеми да си игра екстерно.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Како што се реши во основно и средно со екстерното, а и со матурата на крај...
Каде реков дека тоа е добро решение. Едноставно е решение.

Не треба ти или некој друг да ми каже дека сум во право, зошто знам дека сум во право :D
Акцентот сакав да го ставам на тоа „прекинете со праведност“.
Ако нигде не ја спомнуваме правдата и ја ставиме како споредна работа, тогаш зошто се бориме ?
Која е целта на секој борба, па и оваа ?
Law School 101: Justice is overrated.

Тука целта на борбата е да се истурка правдата? Или да се подобри образованието? Или едното го поистоветува другото?

Јас мислев дека се борите за подобро образование, а не за правда.

Инаку биди си ти во право, додека полагаш државен на компјутер, а некој те гледа од страна како во реално шоу.
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.228
Поени од реакции
8.497
Ванковска го претставува професорскиот пленум, ерго пленумот го изиграа на маалска финта. И тоа професорка на правен, каде се одржуваат ораторски вечери! Ако таква не знае да одговори, кој треба да знае?
На Филозофски е, на катедрата за Безбедност и мир.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.528
Поени од реакции
5.073
Што е фората со Ванковска, не ја следам темава со денови...

Edit: Дознав :facepalm:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom