Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
И студентите и професорите сакаа дебата уште одамна, додека предлог-законот не беше изгласан на владина седница. Тогаш од Влада викаа рано е. Фората е што тие(Адеми и Спиро) сакаа дебата околу модалитетот на државниот испит, а ние го споревме во корен тој испит со многу силна аргументација. Пројде на владина седница, влезе во законодавна постапка, пројде прво читање, за неколку дена е второ читање, и ајде сега ќе организираме дебата. Е не може така. Повлечи го предлог-законот, па ќе дискутираме.
Пак ќе повторам, Ванковска да кажеше не благодарам премиере ќе беше доволно, ние не дојдовме тука да дебатираме. Ама ете, да го наречам лапсус, па сега лавина од реакции курци палци. Треба она да се повлече малце, сметам дека има помлади професори во Проф.пленум кои можат да бидат пожестоки.

Иначе, настрана ректорот, проректорот за наука Петрушевски влегол во вербална дискусија, да ја наречам, со Груевски во однос дека државата не финансира ништо за наука. Имаше на некој од сајтовиве, не знам кај прочитав.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Лурц, ако не ти е јасно кој проблем се решава, прочитај ги брифинзите на извршната власт, отворената седница на Владата, итн.. Сега дали тоа прави смисла или не, е најмалку важно во целава ситуација. Целата работа се сведува на решавање проблеми, без разлика дали нешто е издржано и аргументирано. Јас знам дека бараш објективна аргументација и квантификација на проблемот во високото образование. НО, забораваш на еден факт, дека сите го третираат овој проблем како квалитативен и како таков сакаат да го решат.

Верувај, никој не сака квантификација, а најмалку професорите. Еден месец потрошија да се правдаат со импакт факторот. Затоа што извршната власт им пушти квантифицирана водичка. :)

А за настапувањето со сила и моќ. Затоа што се спремни и финансиски и со решенија. Спремни се. Во секој божји момент се спремни. Затоа кај нас не се работи за објективно, квалитативно, и квантитативно подобрување на општеството. Кај нас се работи на решенија за проблемите. Ништо повеќе, ништо помалку.

Кажи ми кој од другите е спремен со решенија и идеи како да се продолжи понатаму? Статус кво не е решение. А дефакто тоа беше и ставот на пленумите додека не се изџвака ново прифатливо решение кое може и да потрае со години. А такво решение е неприфатливо ни за извршната власт, а богами ни за народот.

А за протоколот и за почитта, можеби премиерот имал најдобри намери да остане релаксиран и неформален. Иако и тоа не е оправдување (да не се разбереме погрешно).
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Кој спомнал статус кво, читај малце. Сме кажале милион пати, треба анализа на високото образование, да се лоцираат проблемите и после да се дискутира за нивно решавање. А таа анализа треба да ја направи некој кој има средства и кадар, секако во координација со професори и студенти. Ние студентите не сакаме статус кво.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кој спомнал статус кво, читај малце. Сме кажале милион пати, треба анализа на високото образование, да се лоцираат проблемите и после да се дискутира за нивно решавање. А таа анализа треба да ја направи некој кој има средства и кадар, секако во координација со професори и студенти. Ние студентите не сакаме статус кво.
Ме интересира што е планот сега на студентите во која насока се размислува?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Ме интересира што е планот сега на студентите во која насока се размислува?
Искрено точно не знам, не бев у државава 5-6 дена и сум малце вон колосек, али сега се размислува ваљда нешто околу следни акции, со оглед дека второто читање е блиску (на 8ми), а има можност предвидена во Деловникот на Собранието да биде изгласан законот уште на второто читање.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Кој спомнал статус кво, читај малце. Сме кажале милион пати, треба анализа на високото образование, да се лоцираат проблемите и после да се дискутира за нивно решавање. А таа анализа треба да ја направи некој кој има средства и кадар, секако во координација со професори и студенти. Ние студентите не сакаме статус кво.
А што ќе се случува додека се анализира и џвака? Колку време ќе помине со таква анализа и бескрајните дискусии? Кој ќе биде одговорен за таа анализа? Кој ќе ги сумира резултатите? Кој ќе прави предлози за таква анализа? Каква ќе биде законската рамка за таа анализа? Што ќе се случи со студентите фатени на сред анализа, што со професорите? Кој ќе акредитира?

Друже послушај ме барем еднаш, престанете со адвокатските и правничките финти на праведност и легитимитет од последните три месеци. Најозбилно.

Конкретни чекори и решенија треба.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058

Ќе те слушнеме кога ти ќе прочиташ што си напишал пред да стиснеш испрати мислење и кога во твоите постови нема да има кретенски зборови како „престанете со праведност“.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ме интересира што е планот сега на студентите во која насока се размислува?
Само една насока има, или минимум 50 000 на улица, или опашката под газ. Во суштина е многу просто.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.854
Поени од реакции
12.391
Лурц, ако не ти е јасно кој проблем се решава, прочитај ги брифинзите на извршната власт, отворената седница на Владата, итн.. Сега дали тоа прави смисла или не, е најмалку важно во целава ситуација. Целата работа се сведува на решавање проблеми, без разлика дали нешто е издржано и аргументирано. Јас знам дека бараш објективна аргументација и квантификација на проблемот во високото образование. НО, забораваш на еден факт, дека сите го третираат овој проблем како квалитативен и како таков сакаат да го решат.

Верувај, никој не сака квантификација, а најмалку професорите. Еден месец потрошија да се правдаат со импакт факторот. Затоа што извршната власт им пушти квантифицирана водичка. :)

А за настапувањето со сила и моќ. Затоа што се спремни и финансиски и со решенија. Спремни се. Во секој божји момент се спремни. Затоа кај нас не се работи за објективно, квалитативно, и квантитативно подобрување на општеството. Кај нас се работи на решенија за проблемите. Ништо повеќе, ништо помалку.

Кажи ми кој од другите е спремен со решенија и идеи како да се продолжи понатаму? Статус кво не е решение. А дефакто тоа беше и ставот на пленумите додека не се изџвака ново прифатливо решение кое може и да потрае со години. А такво решение е неприфатливо ни за извршната власт, а богами ни за народот.

А за протоколот и за почитта, можеби премиерот имал најдобри намери да остане релаксиран и неформален. Иако и тоа не е оправдување (да не се разбереме погрешно).
Не ми е јасно зошто се воведува екстерно тестирање па озбилно те молам да ми објасниш. Низ медиумите се провлече намален квалитет и наводно подобрување со ваков вид полагања. За секоја промена од поголеми размери, потребна е причина.
Повторно да те прашам, прво врз основа на што е оценет намален квалитет и од кој период, второ од кои универзитети е намален квалитетот и трето како со воведување на само 2 такви испити ќе се реши проблемот (ако некој го испитал)? Што се постигна со дисперзијата на студиите низ државата и што се презеде во однос на купувањето дипломи според истражувањата на КОД?
Дали во средното образование нешто се реши со екстерните тестирања? Ако може одговори на овие прашања.

И овој професор дури сега се јавува со она што одамна неколкумина го пишуваме
Треба да се испита каков ни е квалитетот воопшто, каков е квалитетот по подрачја, па потоа да го најдеме лекот, смета редовниот професор на Инстутот по хемија на Природно-математичкиот факултет Владимир Петрушевски.

Зошто ги споменувам ИПА проектите. Знаеш дека ИПА фондовите се неискористени. Веројатно си запознат како се подготвува потпроект во ИПА проектите. Од сите 32 мил. евра средства, потрошени се 2 милиони. Доколку беше потребно да се истражи и подобри нешто, пристапот е многу поинаков, а со овие средства тоа сигурно ќе се постигнеше, ако се имаше желба и институционален капацитет. Не бадијала се нарекуваат претпристапни фондови.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.608
Немаат импакт фактор ни на кајгана занемари ги.
Врз билборд не може ни Стојко од Турска да има импакт фактор. билбоардот е дизајниран за еднонасочна едноставна комуникација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom