- Член од
- 1 декември 2014
- Мислења
- 2.334
- Поени од реакции
- 4.640
Kaјгана не е никаков репер.Добро еве, Груевски денес извојува победа и докажа поента во очите на народот.
Кајгана е најмасовен македонски форум со петцифрена бројка акаунти. Ќе се сложите дека народот (што и да подразбирате под тоа) е присутен тука.
Кому од вас денес му се смени мислењето после оваа грандиозна победа на Груевски?
Ако никому, онда каква е таа победа? За што служи? За пред огледало, коа е сам дома?
Репер за недоволно упатените е Сител и Канал 5 и МТВ, на кои денешните вести се 95% известувања за дебатава. Репер се за членовите во умс да кажат дебата понудивме, не прифатија.
Ние работиме напорно, уствари владата и МОН работат напорно, овие се зафркаваат со нас.
Кој ќе ги слушне правдањата на професорките отпосле?
Не му требаат 800 000 гласови на Грујо, доволни му се и 450 000. Толку е просто.
Ова е катастрофален пораз за целата иницијатива.
Ванковска можеше било што да му рече, не влегуваме без студенти од пленумот, да го боцне дека не смее да биде некултурен и успеа во 20 секунди да се изгуби буквално. И ете го егото, професорското его на фејсбук. Мудрува и брише коментари.
Не знам што може да направат студентите за да постигнат нешто позитивно. Можда да баталат сесија, ама кога ќе размислат поубаво, не ги фаќа нив и ќе си останат дома.
Се надевам дека грешам со последнава реченица, ама знам дека не грешам.
Последно уредено: