На Бојан му реков, ќе ти кажам и на тебе. Со навреди нема да постигнеш ништо, освен да ме навредиш. Аргументите или тврдењата нема да станат поточни и правоверни само затоа што моите постови се глупави, неосновани, или срање. Јас многу добро знам што зборувам, и имам барем малку повеќе животно искуство со начинот на владеење во нашата држава.
Јас те многу убаво читам Кинг Би. Не, Кинг Би, двете нешта се различни. Знаеш зошто? Самиот став кон целата работа. Не е направи подобро да те видам. Ај да те видам покажи се. Ај да те видам колку те бива. Тоа е инает и детски начин на гледање на нештата. Тоа не е размислување на вжештена глава.
Но, тука не треба силна реторика исполнета со емоции. Тука треба студен и професионален пристап кој ќе покаже дека има варијанта која е прифатлива за студентите. Знаеш зошто? Затоа што, тоа покажува дека самите професори и институции се склони за промени, за подобрување на образовниот процес на универзитетите.
Е тоа е разликата меѓу двете нешта.
Во моментот има две завојувани страни кои имаат заедничка цел. Подобри професионалци и интелектуалци. Или грешам?
Едната страна понуди реформи кои ќе ги истурка по секаков можен начин. Ќе претрпат измени, додатоци, наддавки, но ќе бидат истуркани. Единствена шанса за другата страна да добие нешто плус е да се качи на возот на реформите и да направи подобра понуда која е прифатлива за професорите и студентите.
Уставот ја гарантира автономијата на универзитетите. Но втората реченица вели дека се друго се дефинира и споредува со закон. Кој и како го толкува тој закон? Колкав е просторот за различно толкување?
Сега малку за техничката страна за наставните планови, за испитите, и за базата од прашања. Секој професор со неговите асистенти пред да започне семестар спремаат материјали, домашни задачи, проекти, презентации, слајдови, и прашања за испит. Секој професор си има еден куп прашања од кои еден дел ќе се паднат на испит. Дали на тебе ти зависи положувањето на испитот од таа база на прашања или не? Во секој случај, чисто теоретски, според предлог законот, секој професор треба да достави негови прашања кои ќе ги има во заедничката база на прашања. Е сега, коректно е професор да ти ги постави на испит, а некоректно е да истото прашање од збор до збор да го добиеш на државен? Еднаш важи, вториот пат не? Иако, технички, прашањето како такво е произлезено од истата личност без да има некакви примеси од страна. Или веќе тука навлегуваме во семантиката кое прашање што значи и каква тежина или влијание носи?
Инаку, дали добро разбирам, на крајот на денот за еден студент е само важно кое и што прашање ќе се падне на некој си испит? Јас најискрено мислам на факултет се оди за да се научи нешто, а не да биде важно кое прашање ќе се падне на испит, затоа што самото високо образование е на доброволна основа. Таму си затоа што сакаш да бидеш таму, а не за кое прашање ќе се падне на колоквиум/испит.
Студирањето не може да трае цел живот. Учењето да. Студиите, не. Од практични причини.
За ценовникот и овозможувањето. На пример на многу универзитети во Европа, ако три пати паднеш на еден испит, автоматски те ексматрикулираат/отпишуваат од таа наставна програма. Со кратки црти, не си за таму. Не ти оди. Ама сите други струки и насоки за дообразување се отворени. Само не таа на која имаш паднато неколку пати. Е сега, не знам како точно е конструиран условот ако не положи некој. Дали не му се дозволува воопшто да продолжи во високото образование, или само на конкретната насока/факултет/специјалност. Тука треба да се разјасни кое од двете е. Ако е првото, се согласувам, не е фер и најверојатно противуставно. Ако е втората работа, епа ако не те бива за една работа, не те бива. Тоа не значи дека самиот човек/студент не го бива за други наставни дисциплини.
А за дискусијата дали е бесцелна со мене или е продуктивна не коментирам. Јас на никој не му го наметнувам моето мислење, како што сите вие се обидувате да го наметнете вашето врз мене. Јас знам дека погледите кон образовниот процес ни се разликуваат драстично, ама тоа не значи дека не ви го почитувам мислењето. Ако не го почитував, ќе ве навредував по список како што тука некои ме карактеризираат како глуп, педер, мочко, елитист, црпач на енергија, и што ти знам друго. Не игнорирам јас факти. Само сакам да укажам дека ако тие факти на студентите прават смисла, тие факти не прават смисла на оние кои ја кројат капата на студентите. Верувајте, читаат и гледаат се што коментирате, што протестирате. Се што фали е подобра алтернатива, а таква моментално нема Можеби вие сте во право, а јас сум грешка. Можеби јас сум во право. Не знам.
пс. Јас ја пратам темата, и ако земам да направам статистичка анализа, добри 90% од постовите се само против државен испит/екстерно. Затоа што ништо немало да се постигне со него. Значи 90% од вас го знаете крајниот резултат. Еве, по ист начин јас го знам крајниот резултат од студентските протести. Ништо нема да постигнете со нив. Само некои од пленумот ќе бидат идни функционери во некоја владеачка гарнитура. Ама не е поентата да префрламе еден на друг кој каков е. На сите ние гол газот во Македонија.
ппс. Немој да уфрлаш коментари на англиски во една сериозна аргументација.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)