Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Има ли некаква одлука од Собрание? И да не има директен пренос некаде некој линк да остави?
 
da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Тебе те прашав, а не @Благоев, кој само дрдори со цел да ги обесхрабри студентите и на никаков начин не придонесува за објективна дискусија.

Затоа ќе те прашам повторно:

Каде заврши ти факултет ?

Дали ако Македонец завршил факултет во странска држава, еве да речеме во некоја држава членка на ЕУ во која нема задолжително екстерно тестирање, неговата диплома има иста вредност со твојата диплома, или твојата диплома има поголема вредност од неговата само бидејќи ти си положил екстерен тест ?
на ова одговорив во предходните постови...во Германија.

дипломите низ европска Унија се признаени едни со други. Затоа Германија пред едно 10тина години го воведе и Болоњскиот систем иако не комплетно, многу универзитети сеуште го нудат и стариот дипломски систем.

во Германија дефинитивно дипломите од германски факултети имаат поголема тежина одколку на пример од Бугарија или Романија...кога би конкурирал на некое работно место и без работно искуство со некој со работно искуство имам поголеми шанси да влезам. Ако некој рече дека Бугаринот ќе го платат помалку...не е точно, освен во малечки фирми, големите фирми плаќаат по тарифа договорена со синдикатот во таа индустриска гранка.

Јас поминав неколку фази (подолг претстој во Америка на почетокот на кариерата) и после тоа прескокнав неколку нивоа и сум надвор од тарифниот систем на плаќање...бидејќи, јазиците кои ги зборувам и интернационалното искуство ми овозможија да си ја кренам цената при преговарање за работно место и плата.

Сепак, влезот во првата фирма ми беше благодарение на добрите факултетски резултати со репутација на професорот кај кого ја правев дипломската.
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Во Македонија конкретно ако сакаш нешто да се забошоти и да не се заврши дај го на комисија. Ќе падне тој товар врз грбот на студентите, како што во моментот падна товарот студентите да ја рушат власта. Иако тоа не беше целта на ниеден протест што го одржаа. Не знам дали осетивте како метаморфозира целата ситуација. Или јас сум премногу параноичен?:cautious: :unsure:

Друго, дали сакаш да кажеш студентите не знаат што сакаат, само знаат што не сакаат? Прашав и погоре, кои реформи и промени се прифатливи за студентите, а добив само предлог за нови учебници. Па добро, барем тука може слободно да размислувате и да си кажете мислење што подразбирате под реформи/што сакате да имате на факултет.
Значи едно е да знаеш што сакаш, друго е да знаеш како да го изведеш.
Ако не знаат студентите да напишат образовна реформа, не значи дека не сакаат да постои или дека не би знаеле да ја оценат откако ќе биде изготвена.

Ја ако сакам да сменам електрична инсталација дома, не се запишувам на ноќна школа за електричари or whatevs, него плаќам луѓе да ми ја завршат работата.
За тоа се работи тука.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Ајде сега, барањата воопшто не се за да се полага државен испит. Ајде немој така, треба ли да бидам како Курир да заокружувам со црвени кругчиња кое е централното нешто на целата оваа каша? Мислам ајде сега да не си играме дрш не дај, ти реков ми рече.

Него, атмосфера за реформи има последните 20 години. Овие што се на власт не ебат жива сила, ставаат се црно на бело, предлози, конкретни нешта, конкретни решенија. Колку и да се глупави, неиздржани, недоделкани, ги има црно на бело. Предлози. А по ова богами се разликуваат од сите други кои биле претходно на власт. Цела машинерија е тоа.

Се што сакав/сакам да видам е од студентите и професорите исто црно на бело алтернативи. Не колумни писма, довикувања, изјави. Знаеш зошто? Затоа што секое едно нешто од тие е чудо за три дена.

Знам дека студираш на правен. Затоа што со некакви представки/поставки избегнуваш директно прашање. Едноставно, напиши кои реформи се прифатливи лично за тебе. Никој не бара од една личност да напише се до најситен детал. Затоа си има колективна интелигенција.

пс. И предлог законот има консултирано универзитетски професори, студенти, и други експерти, платени за тоа. Верувај. Што е проблемот тогаш? (Немој со такви примери, неадекватни се)

Не си. Само си ја читал Најчевска...
Не ќе да е до тоа.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Член од
24 април 2008
Мислења
11.096
Поени од реакции
12.664
на ова одговорив во предходните постови...во Германија.

дипломите низ европска Унија се признаени едни со други. Затоа Германија пред едно 10тина години го воведе и Болоњскиот систем иако не комплетно, многу универзитети сеуште го нудат и стариот дипломски систем.

во Германија дефинитивно дипломите од германски факултети имаат поголема тежина одколку на пример од Бугарија или Романија...кога би конкурирал на некое работно место и без работно искуство со некој со работно искуство имам поголеми шанси да влезам. Ако некој рече дека Бугаринот ќе го платат помалку...не е точно, освен во малечки фирми, големите фирми плаќаат по тарифа договорена со синдикатот во таа индустриска гранка.

Јас поминав неколку фази (подолг претстој во Америка на почетокот на кариерата) и после тоа прескокнав неколку нивоа и сум надвор од тарифниот систем на плаќање...бидејќи, јазиците кои ги зборувам и интернационалното искуство ми овозможија да си ја кренам цената при преговарање за работно место и плата.

Сепак, влезот во првата фирма ми беше благодарение на добрите факултетски резултати со репутација на професорот кај кого ја правев дипломската.
Во ред, значи си завршил факултет во Германија.

Дали екстерниот тест кој си го полагал е овој Staatsexamen, за кој пишува на Википедија ?

http://en.wikipedia.org/wiki/Staatsexamen

Доколку ова што го пишува во оваа статија на Википедија е точно, тогаш сегашниот екстерен тест во Македонија горе-долу е сличен, ако не и ист со германскиот, бидејќи важи претежно за правниците и за лекарите, извини ме бидејќи не знам дали важи и за фармацевтите и за психотерапевтите, мислам дека не важи, но немој да ме држиш за збор, не сум до толку запознаен, а за прехранбените хемичари сигурен сум дека не важи.

Земајќи ги во предвид овие факти - доколку е точно наведеното на Википедија - ајде објасни зошто треба екстерното тестирање/државниот испит да биде задолжител(но)ен и за економистите, електротехничарите, информатичарите, математичарите, геодезите, филолозите/лекторите и сите останати студенти на сите останати факултети во Македонија, покрај медицинскиот и правниот ?

Ако екстерното тестирање/државниот испит не е задолжител(но)ен за сите студенти на сите факултети во Германија, зошто па тогаш да биде задолжител(но)ен за сите студенти на сите факултети во Македонија ?
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Ајде сега, барањата воопшто не се за да се полага државен испит. Ајде немој така, треба ли да бидам како Курир да заокружувам со црвени кругчиња кое е централното нешто на целата оваа каша? Мислам ајде сега да не си играме дрш не дај, ти реков ми рече.

Него, атмосфера за реформи има последните 20 години. Овие што се на власт не ебат жива сила, ставаат се црно на бело, предлози, конкретни нешта, конкретни решенија. Колку и да се глупави, неиздржани, недоделкани, ги има црно на бело. Предлози. А по ова богами се разликуваат од сите други кои биле претходно на власт. Цела машинерија е тоа.

Се што сакав/сакам да видам е од студентите и професорите исто црно на бело алтернативи. Не колумни писма, довикувања, изјави. Знаеш зошто? Затоа што секое едно нешто од тие е чудо за три дена.

Знам дека студираш на правен. Затоа што со некакви представки/поставки избегнуваш директно прашање. Едноставно, напиши кои реформи се прифатливи лично за тебе. Никој не бара од една личност да напише се до најситен детал. Затоа си има колективна интелигенција.

пс. И предлог законот има консултирано универзитетски професори, студенти, и други експерти, платени за тоа. Верувај. Што е проблемот тогаш? (Немој со такви примери, неадекватни се)

Не ќе да е до тоа.
Не знам како знаеш дека студирам на Правен, кога студирам на ФИНКИ о.о
Лично не се чувствувам компетентна да изготвам реформа, бидејќи немам доволно сознанија околу техничките побарувања на истото, не сум запознаена со законот доволно и ред други причини.
Што не значи дека не сфаќам дека државниот испит е нонсенс.
Напрај ја разликата и престани да пробуваш да го изгураш тоа Ako e loso napraj podobro date vidam!!!! -.-

И по 150ти пат ме прашуваш што е проблемот со предлог законот, аман више.
Првиот проблем од многуте, е ШТО ГО КРШИ УСТАВОТ.
>>>>>> ГО КРШИ УСТАВОТ. <<<<<<
Тури им пепел на сите експерти на кои се повикуваш ако не знаат да изготват реформа шо не е противуставна ебате, кои експерти се тие??
Одбивам да ти реплицирам понатаму, зашо одбираш при очи да бидеш слеп и јас тука не можам ништо да сменам. Можеме да дискутираме до бескрај и ти упорно да препрашуваш ствари за кои си добил одговор, шо значи не ме ни читаш.
Се' ти е кажано у постовите уназад. Не можам да ти сипам у глава ако не си спремен да разбереш.
Поздрав.
 
da_be_man

Entropy
Член од
17 октомври 2005
Мислења
628
Поени од реакции
126
Во ред, значи си завршил факултет во Германија.

Дали екстерниот тест кој си го полагал е овој Staatsexamen, за кој пишува на Википедија ?

http://en.wikipedia.org/wiki/Staatsexamen

Доколку ова што го пишува во оваа статија на Википедија е точно, тогаш сегашниот екстерен тест во Македонија горе-долу е сличен, ако не и ист со германскиот, бидејќи важи претежно за правниците и за лекарите, извини ме бидејќи не знам дали важи и за фармацевтите и за психотерапевтите, мислам дека не важи, но немој да ме држиш за збор, не сум до толку запознаен, а за прехранбените хемичари сигурен сум дека не важи.

Земајќи ги во предвид овие факти - доколку е точно наведеното на Википедија - ајде објасни зошто треба екстерното тестирање/државниот испит да биде задолжител(но)ен и за економистите, електротехничарите, информатичарите, математичарите, геодезите, филолозите/лекторите и сите останати студенти на сите останати факултети во Македонија, покрај медицинскиот и правниот ?

Ако екстерното тестирање/државниот испит не е задолжител(но)ен за сите студенти на сите факултети во Германија, зошто па тогаш да биде задолжител(но)ен за сите студенти на сите факултети во Македонија ?
Staatsexamen не е исто со тоа што го опишав. Кај ова се работи за државен испит а не за екстерно тестирање. Овој државен испит се прави и кај занимања од среден степен (по наше средно стручно образование)....медицински сестри и учители со виша на пр. значи не само на факултетите.

Причината на овој државен испит е интересот на општествето во зачувување на квалитетот на дефинирани струки (со средно и високо образование)...скратено објаснување: државата сака да се осигура дека во иднина кадри кои се важни за општеството, дали биле службеници или даскали го држат стандардот.

Јас поминував низ една врста екстерни тестирања или контрола на самиот професор од страна на испитна комисија која е дел од факултетите ама независна. Контролорите се секогаш различни и ротираат низ универзитети од различни места.

Тие контролираат дали професорот поставува добри прашања и дали одговорите се доволни за дадената оценка....за неа двајцата решаваат и ти ја обавестуваат по кратка консултација. Ако професорот рече овај положи може третото лице да рече не беше доволно и да те паднат или да ти постават уште некое прашање..

ако влезеш и ти речат имаме додатни прашања подобро е да речеш... пиши паднав и се гледаме следниот пат:)
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Моја грешка за што студираш, веројатно сум те помешал со друг член, за кое се извинувам. Ти лично се оградуваш од тоа, ама не значи дека во масата од илјадници незадоволни ќе се оградат од тоа, затоа што имаат идеја и искуство. Зошто само се посочува со прст?

Не сум јас ниту слеп, ниту пак одбивам да примам аргументи. Јас ги читам сите тука со еднаква внимателност. Знам дека секој си има сопствена логика, правда, и мислење на тоа што се случува. Јас не гурам особено ако е лошо напрај подобро да те видам. Јас гурам покажи дека има конкретна алтернатива која е подобра и прифатлива за ректорат/деканати/професори/доценти/асистенти и студенти. Покажи нешто повеќе од НЕЈЌАМ.

Не се сеќавам доволно, мислам дека конкретно се зборува за овој член од Уставот: “На универзитетот му се гарантира автономија. Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.“?

Тука, ако бидеме реални, има бааааеги простор за различно толкување. И извршната власт си ја искористува таа слобода и простор до максимум.

пс. Не мора да ме цитираш или да ми сипаш во главата. Имам доволно бумбари во неа, и сите претендираат да бидат високообразовани. :)
 
Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Тебе те прашав, а не @Благоев, кој само дрдори со цел да ги обесхрабри студентите и на никаков начин не придонесува за објективна дискусија.

Затоа те прашувам повторно:

Каде заврши ти факултет ?

Дали ако Македонец завршил факултет во странска држава, еве да речеме во некоја држава членка на ЕУ во која нема задолжително екстерно тестирање, неговата диплома има иста вредност со твојата диплома, или твојата диплома има поголема вредност од неговата само бидејќи ти си положил екстерен тест ?
+1
И мене ме интересира ова.
Благоев:
Каде заврши ти факултет ?
Дали ако Македонец завршил факултет во странска држава, еве да речеме во некоја држава членка на ЕУ во која нема задолжително екстерно тестирање, неговата диплома има иста вредност со твојата диплома, или твојата диплома има поголема вредност од неговата само бидејќи ти си положил екстерен тест ?
 
King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Моја грешка за што студираш, веројатно сум те помешал со друг член, за кое се извинувам. Ти лично се оградуваш од тоа, ама не значи дека во масата од илјадници незадоволни ќе се оградат од тоа, затоа што имаат идеја и искуство. Зошто само се посочува со прст?

Не сум јас ниту слеп, ниту пак одбивам да примам аргументи. Јас ги читам сите тука со еднаква внимателност. Знам дека секој си има сопствена логика, правда, и мислење на тоа што се случува. Јас не гурам особено ако е лошо напрај подобро да те видам. Јас гурам покажи дека има конкретна алтернатива која е подобра и прифатлива за ректорат/деканати/професори/доценти/асистенти и студенти. Покажи нешто повеќе од НЕЈЌАМ.

Не се сеќавам доволно, мислам дека конкретно се зборува за овој член од Уставот: “На универзитетот му се гарантира автономија. Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.“?

Тука, ако бидеме реални, има бааааеги простор за различно толкување. И извршната власт си ја искористува таа слобода и простор до максимум.

пс. Не мора да ме цитираш или да ми сипаш во главата. Имам доволно бумбари во неа, и сите претендираат да бидат високообразовани. :)
Значи само со постов ми ја докажуваш поентата дека не ме читаш. Со болдираното.
Нели се исти двете ствари шо пробуваш да ги разобличиш бе Благоев?
Не гураш напрај подобро, ама покажи дека има подобро.
А како да покажам дека има подобро ако не го изработам ебате?
Ај малце собери 2 и 2 пред да напишеш нешто.

И во Уставот нема простор за толкување. Едносмислен е, баш за луѓе као тебе.
Делот со "на универзитетот му се гарантира автономија" значи дека за наставниот материјал и концептот на пренесување на знаењето се одлучува локално во рамките на установата, односно дека професорите како најкомпетентна фела имаат одговорност и слобода да ја одлучат формата и содржината на материјалот.
Како се крши овде автономијата, така што со унифициран базен на прашања се принудуваат професорите својот наставен материјал зад кој заслужено стојат со својата титула Професор, се принудени да ја адаптираат на тој базен прашања бидејќи на крајот од денот, само тоа е важно.
Овде ќе напоменам дека не станува збор за ученици, туку за студенти.
Ако не ти е јасна семантичката разлика, кратко ќе ти ја објаснам.
Не знам зошто, пошо очекувам глупа реплика, али нека стои у темава.
Учениците учат, студентите студираат.
Студирањето е процес кој може да трае цел живот, каде во пресрет излегува Болоњскиот систем со кој се осигурува слободата на оној кој сака да студира својата истражувачка дејност да ја адаптира според своите можности и капацитети, со цел да стекне виши знаења.
Збориме за процес на проучување, не за механичко реплицирање.
Просто срочено, пробуваат цела истражувачка дејност да ја удават у базен од прашања.

Понатаму, и на други начини се крши уставно загарантираната автономија.
Еве уште еден од нив, кој воедно загазува и други точки од Уставот.
Имено, на студентот му се оневозможува да дипломира, воедно со ЦЕНОВНИКОТ за полагање на државниот испит се создава елитизам, односно ако не си доволно богат да го положиш државниот испит, не можеш да просперираш во своето образование а со тоа и во животот. А на никој не смее да му се забрани правото на образување.
Ова нема да го објаснувам понатаму, self-explanatory е.

И ова сериозно е последен пат како те цитирам.
Воедно апелирам до останатите шо пробуваат да се разберат со тебе, дека чоек може да склопи аргументиран пост (за разлика од твоите кои имаат само офанзивен призвук и не се базирани на факти), и ти комплетно да го изигнорираш и фатен као слеп за стап постојано да поставуваш веќе одговорени прашања. Бесцелна е секоја реплика.
Сериозно седни препрочитај, ако ти е тешко да пратиш запиши на лист pros and cons на темава и разгледај ги убаво пред да продолжиш да маваш со глава во ѕид.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom