Ај малу аргументи:
ГРУЕВСКИ , ОБЕЗБЕДИ НИ ДА СМЕ ВО ВЕБ ОФ СТЕЈТС, ПА ПОСЛЕ ЌЕ ЗБОРИМЕ ЗА ВЕБ ОФ САЈАНС, КАПИШ?!
Види вака Груевски, и јас знам кој заб тебе те боли! Не извртувај ниту тези, ниту аргументи, ниту мешај баби и жаби, само за да не ги признаеш твоите глупи замисли за неуставни цели...Инаку, и јас гледав и правев некои споредби со политиката, економијата, животниот стандард и човекови слободи и права, и за во Словенија и за другите европски земји, па дојдов до заклучок дека не покажуваш дека си конкурентен, имено, како власт не ја правиш Македонија конкурентна. Па како ти што демек се прашуваш за науката, јас еве се прашувам зошто ти се плашиш од твојата работна обврска, всушност зошто не ја остваруваш? Еве фино, збори си ти за Веб оф сајанс, ама може ли да зборуваме и за некои други вебови, на пример сакам да ми е државата индексирана и рангирана со импакт фактор во топ „вебови на држави„, пардон, интеграции како НАТО, ЕУ, а зошто да не и Г-7 ако си летнеме со паметот? Catch my drift, hah?
Поконкретно, што се однесува до професорите и научните трудови, не туку само манипулирај примитивно и како некој злобен стрико, уште од првите упади во ЗВО од 2008 год., пред некоја година, наставниците се побунија и за упадите во тој дел на автономијата, но не заради некаква мрза и неспособност, или затоа што не објавиле трудови во странство, туку и заради апсурдните, нелогичните, невозможните, па дури и непостоечките решенија гледано од аспект на тоа што и како е во науката во Словенија, Европа и светот. Ако беше целта навистина унапредување на конкурентноста на научното творештво, немаше декретирано и насилно да се носат решенијата, туку мали Ѓокица ќе разговараше за сите дефиниции, индексации и рејтинзи на научни трудови, па како и кои се во природни, па како и кои се во општествени науки, финансиски и материјални услови, односи настава-наука, итн.. Еве, мојот факултет и сега дури даде одреден конкретен прилог на забелешки во тој правец..А ако сакаш најконкретно, ај неколку прашања, да се добие престава вака јавно за манипулацијата и лажгите против наводно плашливите , мрзливите и неспособни професори :
ПРВО, и кажуваш ли на јавноста колку пари издвојуваш за високо образование и наука, особено за наука? Еве Итар Пејо, прво кажи на јавноста дали МОН плаќа и ќе плаќа за пристап во Веб оф сајанс на Томсон Ројтерс, а? Па нели треба да го гледаме рејтингот за да знаеме каде да се затрчаме да објавуваме кај топ списанијатa ( инаку, едвај не чекаат, право да ти кажам, таков научно-пазарен интерес има за МК, ќе се напунат пари и профит од нас, не само да покријат трошоци за издавање тоа таквите списанија, ма нашите трудови ќе бидат пеј-даунлоад, пеј-даунлоад, што се вели, ќе одат како алва, па нели сме геополитичкиот центар на светот, светска велесила во секој поглед?! )
ВТОРО, и кажуваш ли на јавноста што факторот „аш-пари„ под 1 во комбинација со твоите уписни политики и дисперзии на студии прават во однос на соодносот настава-наука? Истражи ли колку студенти доаѓаат по глава на наставник овде а колку во Словенија или било каде? Колку време тие поминуваат во настава и на испити, а колку ние? Колку студенти има таму по универзитетите, а колку кај нас? Па јас во група имам колку некои правни факултети во целина! Е сега, оти нам не ни го плаќате дури ни парното, ни водата, што се вели, знаеш ли колку сесии имаме во годината за да се покриеме колку-толку, а? Континуирано, нон стоп, постојано, паралелно настава-испити, настава-испити, и така до бесвест...Па да се клонираме, неќе моќи Веб оф Сајанс, само од овој фактор погледнато...А да, што стана со асистентите, па истражувачки асистенти, итн? А ние ни администрација за администрирање пост-испитите немаме, се мора тоа сами, барем повеќето, уште малце асистенти останаа..Укинавте асистенти, се сеќаваш?! Значи, предавања-испити-администрирање - се во едно сме ние наставниците, како оние шампоните „три во едно„ . Моите колеги по белиот свет си имаат асистенти , ееее, кој за собирање факти/податоци и други истражувачки материјали, па кој за вежби, па административни служби за се административно...Се на се, знаеш кога работам наука? Во сред ноќ, викенди, државни празници, годишни одмори..Нормално, зборам за наука на тоа странските јазици, со наука на македонски јазик можеш да се сликаш според ЗВО, а кога нема време за се, па кога веќе мора да се бира, мора да се пишува странски, неучените и непрошетаните ептен се палите само на тоа, тешки комплекси се во прашање..Ти патриоту голем, што не го даваш името и идентитетот демек, со концептот на ЗВО, со „мисија на Марс„ -критериумите за наставниците, особено за акредитација во ментори, практично ни забрануваш да се занимаваме со наука и учебникарство на македонски јазик! А да, има пари за преводи на странски учебници, и кај е соодветно, и кај не е, ама нема од нашите пари за учебници на нашите професори, нели така е? А што останува да тераш научно-истражувачки проекти тука, јавен ангажман како интелектуалци, ма милиони да даваат (други, не државата, скраја да е!), нема време, глеј тоа временцето што го имаш само веб-оф-сајанс некако да го збркаш...Ама тоа е целта, да се углават професорите во такви лавиринти и тензии на „невозможни мисии„, да не ги интересира ништо друго што се случува во државата и општеството, не па да писнат нешто, нели?
ТРЕТО, си се заинтересирал ли колку наставниците имаат свои кабинети, дали во кабинетите има компјутери , печатачи, ама не од дома да си ги носат, туку од (државниот) им универзитет? Знаеш, за наука треба малце и повеќе концентрација, да не речам манастирски мир.Не ја имаме сите привилегијата со врски да ни се прифаќаат тези, пардон, трудови плукни-залепи..Библиотечен фонд и литература? Ма што зборам јас, какви компјутери, печатачи, библиотеки, и да имаш среќа да се докопаш до кабинет, сам кречиш, сам мебел купуваш ако сакаш во некакви пристојни услови да седнеш, не па ова другото..
ЧЕТВРТО, во законот е предвидено финансирање учество на две научни конференции годишно во странство ( додуша, само ОЕЦД-држави) , фино тоа, така и најчесто се добиваат шанси за објавување трудови во странство.. Ама, што е со парите, и да ги има факултетот заработено, му ги собирате вие од влада преку трезор, и не му ги враќате назад ни на факултетот ни на професорите за егзистенција, камоли за наука и некои си научни конференции. И, кога некој наставник ќе биде прифатен на топ конференција , прашање е дали за авионска карта ќе има пари, и тоа дали еднаш годишно? Другите трошоци, Груевски, што предлагаш, од тоа смешните и навредливи плати да го плаќаме, а да живееме од воздух? А не е дека и вака веќе не си арчиме парите од плата, не за живеачка, туку за научна литература, оти ти сигурно не даваш, сакаш само да земаш.Значи, камо фондови и пари за сето ова? Кога си правел анализата за Словенија, виде колку нашите колеги таму добиваат пари од државата за наука, конференции, а?
ПЕТТО, последниот пат, во јуни годинава, три мои плати дадов за да одам на топ научна конференција од два дена во Копенхаген ( со други зборови, како без пари да сум работела три месеци), но изгледа утка ќе испадне.Се пријавив оти трудот имаше шанси пост-конференцијата да биде објавен во списание со импакт-фактор, нели, како што мали Ѓокица замислил како услов во законот.Арно ама, се заинтересирале за селектираните трудови (меѓу кои и мојот!) реномирани издавачки куќи, и на организаторите на угледната и традиционална научна конференција од Копенхаген им нудат договор за објавување книга/монографија, а меѓу заинтересираните е и еден од најголемите и највлијателните издавачи во светот во областа на општествените науки ( Oxford University Press - во првите пет- десет издавачки куќи во светски рамки!).Нормално, моите колеги од Запад, баталија и импакт и бутур си таму списание, сакаат монографија. Е сега како на вас што абер си немате од квалитетно високо образование и наука да ви објасниме дека во топ науката тоа повеќе се цени отколку тие вашите смешки од „импакт-фактори„ (по нашки - фактор на влијание!), како по онаа видела жабата коњот се потковува, па кренала и она нога.Или, што велиш, Груевски, да им пишам на колегите молба, аман-заман, немојте книга, мали Ѓокица нема да ме акредитира за менторка ако е книга, мора да биде списание со импакт фактор ? Што мислиш, што ќе кажат,а? Сакаш да ти кажам?! Ај подобро не, ептен ќе се навредиш. А башка муабетот од каде ја извадивте таа небулоза професурата да ја одвоите од (акредитација за) менторството, од вашите приземни желби за понижување и зависност на професорите од вашите државно-контролирани одбори, јамки околу врат, упад во автономијата, можеби?
ШЕСТО, а може ли да ни кажете по кои тоа меѓународни стандарди на (општествените) науки ги измисливте тие дефинициите на меѓународни списанија, тоа со какви одбори треба да имаат (тоа 5 земји, 40% максмиум од една земја, да излегува уназад волку-толку години, минимум двапати во година)? Дали знаете колку релевантни, угледни и влијателни СТРАНСКИ научни списанија се аут со тоа? Па, со оглед на се, ние треба да сме среќни ако било што во странство се заинтерсираат да ни објават, па ако воопшто ги интересира МК и регионот, ако гледаат комерцијален интерес..Може не знаеш, ама во критериумите за одлука дали да те објават не е само научната тежина на трудот туку потенцијално дали ќе има заинтересирани да го купат, и тие кутрите мора од нешто да покријат трошоци, плати, да извадат некаква заработка, итн., затоа дел и за да ти објават самите бараат пари - а кој да ги даде, владата од буџетот?
СЕДМО, бидејќи е апла јасно дека немаш искуство со објавување трудови во странство (иако си се закити со м-р а сакаш и д-р), еве јас како некоја што има, да ти кажам дека објавување труд во странство, во просек, одзема од 1,5-2 години , џек-пот е година дена, а сето ова најчесто минус истражување и пишување. Е сега си видел ли колку такви труда се бараат во ЗВО - дури шест - па удри проста математика во рамки на ефективен наставнички мандат од 4,5 години (до петтата е ре/изборот), па види дали и да се затвориме во манастири и само на тоа да сме посветени ќе може да се напишат 6 труда, ама не иссилено, туку како резултат на созреан научен процес и тема. Ама тоа е, како мали Ѓокица си замислил наука без да ги прашува професорите- научници. А сите знаеме зошто не и кои се вистинските мотиви и цели на „реформите„.
Еееееее, има уште бааги, но како и да е, ти прво среди да бидеме во веб- оф- стејтс, па ова за веб- оф - сајанс, ма зафрканција..Сакаш да дебатираш со академската заедница за сето ова или се плашиш?
https://www.facebook.com/karolina.ristovaaasterud/posts/794393763955815
Бидејќи џонка сам си создава ставови, не слуша влада, а не им е ни до колена на овие би требало да прочита и да рече: Дечки се извинувам јас сум сеуште дете за овие да си ја соберам вилицата. Се извинувам глупости трескам.