Љубомората - знак на љубов или опасност?

a n g e l c e

^ Poison Girl ^
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.202
Поени од реакции
5
на претходните дечковци или мувачи не бев ни тронка љубоморна а сега на овој моменталниот дечко што го имам сум малку љубоморна во нормала да кажеме и ја кријам љубомората можеби ке му префрлам нешто нему но се воздржувам.Додека пак тој мене ми е многу љубоморен и тоа го искажува
ај плс кажете ми како да ја намалам љубомората кај него :pipi:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Во врска да си љубоморен е сосема нормална работа. Љубомора во благи количини е дури позитивна, пошто на тој начин му покажуваме на партнерот дека ни значи, дека не ни е сеедно што прави, со кого прави, дека го сакаме и сакаме да го задржиме... Само проблемот е што некои луѓе не знаат да застанат кога ќе се судрат со границата, па ја преминуваат, и благата позитивна љубомора прераснува во патолошка опсесија, болест. Е тогаш е веќе страшно. :nenene:

Инаку да, љубоморна сум како и сите, претпоставувам... Нормално е да си љубоморен спрема некој што ти значи. :) Само знам да се контролирам, за среќа, и да не ја преминувам границата.
 
D

Delux

Гостин
Мислам дека не би било оргинално да го повторам еден мој пост тука во врска за љубомората...
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Delux напиша:
Мислам дека не би било оргинално да го повторам еден мој пост тука во врска за љубомората...
Пошто е избришан претпоставувам, повтори го. Би било оригинално ако е твој. :wink:
 
D

Delux

Гостин
PSYtisfaction напиша:
Пошто е избришан претпоставувам, повтори го. Би било оригинално ако е твој. :wink:
Да,можев да го повторам и без претходно да постирам нели?!,ама не ми е интересно.Знаеш Ива,ќе го нема истиот шмек!!
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Delux напиша:
Да,можев да го повторам и без претходно да постирам нели?!,ама не ми е интересно.Знаеш Ива,ќе го нема истиот шмек!!
Ајде, ајде, не штрајкувајте сите, мајката. :) Се изгубиле мислења- големо чудо. Засукајте ракави, и поновете ги, напишете нови, тргнете ги старите на страна. Не само да се жалите. :)

И да, потполно истиот шмек ќе го има. :wink:
 
D

Delux

Гостин
PSYtisfaction напиша:
Ајде, ајде, не штрајкувајте сите, мајката. :) Се изгубиле мислења- големо чудо. Засукајте ракави, и поновете ги, напишете нови, тргнете ги старите на страна. Не само да се жалите. :)

И да, потполно истиот шмек ќе го има. :wink:
Добро Ива еве ќе ти кажам...мене баш и ми е гајле дали ми е избришан некој пост,а најмалку да се жалам за нешто тука(нели е безмислено:icon_bigg )!!А и да ти кажам право не се сеќавам дали и сум постирал тука за љубомора(иако имам шо да кажам во врска за љубомората)...ама ете ти се најде да реплицираш.Да ти кажам од сега па натаму инпресионирачки ми делува кајгана:wink:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Темава навистина не е за да кажуваме колку сме импресионирани од Кајгана, дали има шмек повторното постирање, дали некои постови се избришани и сл.

Темава јасно кажува дека треба да пишуваме за љубомората. И сам кажа дека имаш што да кажеш. Ако имаш - повели.

Назад на темата ќе ве молам.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
691
Поени од реакции
3
Uste od mal sum vospituvan da ne bidam ljubomoren,i sekogas da mu veruvam na toj so go sakam,megutoa vo posledno vreme navistina ne znam so se slucuva so mene ednostavno custvoto na ljbomora me obzema mnogu cesto,se nadevam deka naskoro pak ke si bidam onoj stariot ali koj znae.
 

Птичји Грип

Без влакна на јазикот!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
770
Поени од реакции
8
Темата е љубомора...Ах,како да не си љубоморен кога љубиш?Можеш само да бидеш вешт и да ја сокриеш.Можеш и да не правиш некого намерно љубоморен.Љубомората разјадува.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Љубомора-во љубовна конотација...

Една варијанта е онаа блага форма на искажување револт кон некоја постапка/и на партнерот за некој гест со кој според мене се нарушила нашата интерна поврзаност, некој присутен страв дека можеби работите се смениле во насока во која не сакаме да ги видиме како променети.

Гест на барање внимание, можеби каприц-можеби не, можеби потребен акт-можеби не... зависно од ситуацијата, нивото на толеранција, дневното мени, јакоста на столицата, ПМС-от и ред други фактори кои влијаат на однесувањето на оној кој ни значи и кон кого реагираме. Се согласувам дека може да влијае благо-позитивно од аспект на покажување на нашата грижа и ранливост кон таа личност, иако за тоа постојат многу подобри начини.


Друга варијанта е онаа т.н. харк-кор љубомора, испровоцирана делумно од истите причини како и првата, врежана во бинарниот код на секој кој ја поседува. Тој некој, веројатно не ја бира и е присутна во него од моментот кога несвесно се сретнал со неа како мало дете гледајќи сцени во својот дом, или пак покасно со првите емоционални разочарувања и стекнување недоверба спрема целата популација на спротивниот пол. Овој тип на љубомора, кој кога-тогаш ќе излезе на површина кај "носителот на вирусот", е причина за многу немили епизоди во нашиот и во животите на нашите драги луѓе. Иронично е тоа што е тотално непотребна и никако полезна... Доколку се чувствуваш несигурно во (искреноста на) љубовта која ја добиваш и емоционалната поврзаност на партнерот кон тебе, прекини со врската. Зошто, без апсолутна доверба, нема стабилна врска- освен ако не си садист или мазохист.

А бидејќи сеуште (за среќа) не е измислен начин да влеземе во нечија глава и да ја прочитаме содржината на сите размислувања (за тоа постои разговор, форум :) ), планови (за тоа постои живеењето) и останатите фолдери и подфолдери, единствено што ни останува е да одбереме и да веруваме во туѓите намери, искреност и верност... Зошто, што друго ни останува?

Јас сосема сум сигурен дека несакам да живеам во страв од можна изневереност и да искажувам посесивност или агресија. Исто како што сум сигурен дека првиот напад на болна љубомора кај девојката за која не постои реална основа ќе го одвратам со здрав муабет, а вториот ќе е последното нешто што воопшто имала можност да ми го каже, а јас сум и обратил внимание и сум ја ислушал.

Доколку приметам знаци на љубомора која има тенденција да прерасне во психичко малтретирање, го санирам проблемот. Или прекинувам, без разлика на сите други позитивни аспекти на личноста која е со мене. Зошто доколку замижам сега, утре и после месец дена во надеж дека "ќе помине"... наебаф! :)

Во одредени случаи, болната љубомора била причина за да оној врз кој е искажана почне да создава реални услови за кои и би постоела љубомората- на македонски- ако човек осети посесивност и напад врз неговот ЈАС-напад кој обично доаѓа при љубоморните испади- многу веројатно ќе го изгуби чувството на поврзаност и ќе почне да го "мрда газето".

Значи, ако сте болно љубоморни...One way or another... Губите!
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Fortune напиша:
Сум љубоморна! Ама никогаш сцени не правам, никогаш не може да ме примети партнерот дека сум. Во себе можеби ќе вријам, ама тој нема да примети ништо, ќе се смешкам цело време и нека пукни кога ќе помисли дека ми е гајле:icon_lol:

Не ми пречи љубомора, само да е во нормални граници, да не почне да се претвора во опсесија, да не создава напнати ситуации.
За болдираното само да додадам.
Ако сум навистина љубоморна точно дека нема да може да забележи.

А може да си мисли дека сум љубоморна кога реагирам ако сметам дека намерно сака да ме направи (за да види како ќе реагирам, нели). Таквите ситуации ме нервираат, а не ми будат љубомора.
 

vmd

mafijas
Член од
26 јануари 2007
Мислења
153
Поени од реакции
1
ljubomoren sum koga nekoj ke mi ja zeme zenskata
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
Ej a gi napishavte ovie prethodno?:)
Mislam da ne gi pishuvate od pocetok:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom