Што е љубовта ?
-Зарем не е љубов самото наше постоење? Со самото тоа што сме овде на Земјата, што го живееме нашиот живот, можеби тежок, комплициран, некогаш дури и несфатлив, но сепак неизмерно убав, треба да знаеме дека некој таму горе, од некој друг божествен свет не сака и затоа не држи живи. Зошто никој живот не е залуден, сите имаме некоја цел, па колку и таа цел да е несфатлива и неразбирлива, тоа е така поради љубовта. И не треба да се мешаат поимите, љубов и страст. Страста е дел од љубовта,можеби онај хемискиот, но во љубовта има и физика зошто таа претставува и допир и размена на топлина
. Во љубовта ги има и сите други науки, во љубовта се крие клучот за се. Без љубов нема успех, нема резултат, нема постоење. Љубовта е самото наше постоење, секој нов здив е љубов, водухот кој го дишеме е љубов, зошто ни овозможува да живееме. Целата планета, сите планини, реки, мориња, езера, сите животни и растенија ја претставуваат љубовта. Љубовта е се! Па дури и смртта е дел од таа љубов која Господ ни ја дарил, зошто љубовта оди со животот но и со смртта. Смртта не е точка во нашето постоење, таа е само запирка, зошто после неа се оди во еден подобар свет, свет во кој ке одиме поради љубовта повторно.
И на крајот, не знам зошто толку многу размислуваме и се обидуваме да ја дешифрираме љубовта, кога таа е несфатлива но неопходна и треба само да ја прифатиме и тогаш ке бидеме срекни. Да бидеме благодарни зошто ЉУБОВТА ЕДНОСТАВНО Е !!!
Љубовта едноставно е - Паоло Коелјо
п.с. сорете ако откачив со филозофирањето, но ако немаме љубов ништо не сме...значи љубовта е самото наше постоење
:back: и позз до сите