Свети Павле во своето Прво послание до Коринтјаните ја напишал : Химната на Љубовта
Да зборувам на сите човечки јазици,
па дури и на ангелски
штом љубов немам,
ќе бидам бакар, што ѕвони или кимбал што звечи.
Да имам пророчки дар
и да ги знам сите тајни,
да ги имам сите знаења за сите работи,
а и така силна вера, што и планини да преместувам
ако љубов немам, ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој имот,
да дозволам телото да ми изгори,
штом љубов немам, ништо не ми користи.
Љубовта е долготрпелива, полна со добрина,
љубовта не завидува
љубовта не се превознесува,
не се гордее,
не прави што е непристојно,
не бара свое, не се срди,
не мисли зло,
на неправда не се радува, а на вистина се радува
се извинува, во се верува
на се се надева, се претрпува.
Според Ерих Фром зрелата љубов значи врска во која се зачувува сопствениот идентитет, својата индивидуалност. Љубовта е активна сила на човекот, сила која ги урива ѕидовите што ги разделуваат човекот од неговите ближни, која него го соединува со другите луѓе. Љубовта му помага на човекот да го совлада чувството на осаменост и одделеност, а сепак му дозволува да биде свој, да го задржи својот интегритет. Во љубовта се случува парадоксот две суштества да стануваат едно, а сепак да останат две!