Вака сега... Имаш две ситуации
1. Двајцата се познаваат, но поради сплет на околности, тие се приморани да контактираат и ја одржуваат врската и виртуелно (нели, покрај телефони). Имаат врска, но ете не живеат во исто место и мораат некако да најдат начин да комуницираат.
При оваа ситуација имаш врска со човек кој го знаеш (колку-толку), ако дојде до недоразбирање знаеш на кој начин да објасниш, знаеш како ќе изреагира и послободен си малку. Но, и претходно на темава кажав дека тука постои ризик од погрешно разбран муабет, зашто е друго ти да му кажеш на некој во очи нешто, а друго е тој да ти чита само букви. При комуникација најважна е интонацијата, па како би можел тој некој од другата страна на "жицата" да те сфати токму како што си сакал. При лутина не можеш да се развикаш, кога се зезаш не може да ти ја види фацата, не може да оцени колку си сериозен, треба додатно да објаснуваш. Во ред, ете постојат камери, но ништо не може да го замени моментот кога разговараш со некој што е пред тебе.
2. Втора ситуација е врска меѓу двајца кои не се познаваат, а одржуваат врска (ако може да се нарече врска) преку интернет. Најлесно е да се претставиш како совршена личност, повеќе да си ги истакнуваш добрите страни од лошите. И двајцата создаваат една слика за другиот, но таа слика е далеку од реалната. Ти се чини ова е совршената личност за мене, а кога ќе се видиш за прв пат нормално е малку да се срамиш, да ти е непријатно. Па пред тебе седи оној на кој долго време си му се доверувал, си го поминувал слободното време (пред монитор), си се претставувал како идеална личност, а сега колку и да сакаш не можеш да глумиш дека си таков. Во ред, ќе глумиш ден, два, недела, две, но некогаш ќе излезе на површина она што другиот не го знае за тебе. Што не значи дека и во врска меѓу двајца кои се во нормална врска (нормална - речиси секој ден се заедно) еден ден нема да излезат роговите.
Муабетот ми е дека ретко кој е ист надвор од виртуелниот свет, да не се разбереме погрешно - има луѓе кои се истите, но ретко.
Како и да е, врските, големата љубов, заљубувањето и нивното одржување преку интернет траат кратко. Зошто? Затоа што брзо поминува таа еуфоричност. Љубовта бара присуство до саканата личност, потребно ти е да ја допираш таа личност, да седиш до нејзе, да ја љубиш, да водиш љубов со нејзе.
Заслепен од личноста која е далеку од тебе, нема да ја приметиш онаа која поминува до тебе и е можеби токму онаа која е за тебе совршена. Сепак тука е ризикот. Секој со своето, секој како ќе одбере, нели?
Точно е тоа дека има и бракови склучени меѓу луѓе кои се запознале преку интернет, но ретки се тие. Алал на тие кои успеале да истрпат и да жртвуваат многу.