Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.612
Пресудното било - ти дошло преку *ЦЕНЗУРА* од караници и си посакала некој што те посакува чисто, без да има на ум каква било компликација или кавга и си посакала да го доживееш повторно адреналинот и пеперутките во стомакот од чистата физичка привлечност. Од дечко ти не си го добивала тоа, па си се снашла од друг. Фактот што имало само бацување, а не и секс, кажува дека или имаш голема самоконтрола или многу го сакаш дечко ти и не сакаш да го изневериш до толку. Според мене, сепак имаш доволно морал за дури и бацувањето да ти претставува грижа на совест.Нова сум на страната па ќе ве замолам за совет, имам долга врска од 11 години, го изневерив дечко ми со едно момче со кое долго време разменувавме погледи, го сакам дечко ми најмногу на свет ама се случи што се случи го изневерив само со бацување со ништо друго, ама ме гризе совеста, долга врска доаѓаат периоди на монотонија, караници и сл, што беше пресудното тоа да се случи не знам затоа ве молам за совет, би благодарам
Кажи му на дечко ти дека сакаш да ги почувствуваш пак тие пеперутки и дека сакаш пак да бидеш љубена, сакана и обожувана како што еден маж може да сака една жена. Кажи му на дечко ти дека тоа многу ти значи и дека половина од кавгите (ако не и повеќе) биле поради тоа што не си била емотивно задоволена од негова страна, т.е. не им посветувал доволно внимание на твоите потреби да бидеш сакана. Ако се буни, се кара или се прави дека не сфаќа („Јас правам сè за тебе“, „Те носам ваму-таму“, „Ти купувам ова-она“ - стандардни материјалистички финти), дојди до него и гушни го, со љубов и со емоции, по можност малку подого (5-6 секунди или повеќе). Ако дури и тогаш не сфати за што станува збор, веќе ќе може да размислуваш да се разделите; 11 години е повеќе од доволно за да сфати кои се твоите потреби и да знае да ги задоволи и нема изговор дека не разбира или што и да е.
Поздрав и со лесно.