Со мојот релативно нов дечко бевме заедно за Нова Година...И...?
И, јас не сум јас ако не оплескам нешто или чичко Марфи мора обавезно да ме следи секаде...
Вчера он дојде во Скопје и се шетавме и потоа отидовме во еден кафич на пијачка...Таму беше братучетка ми со друштво...Кога влеговме во кафичот, атмосферата беше доста загреана, бидејќи имаше уште 15-тина мин до Нова Година...И се поздравив со тие таму, а и него го запознав...И приметив дека братучетка ми цело време се обидува нешто да ми каже...
Отидов на шанк да земам пијачки и кога се свртев што ќе видам - МОЈОТ БИВШИ ТУКА!!! И тргна накај мене (во тој момент заборавив на све...) и падна едно големо гушкање, а он демек изненаден што ме видел тука...(тоа е она што се обидуваше братучетка ми да ми каже, а плус он ја познал неа и неколку пати пред да дојдам прашувал за мене и она кога му кажала дека ќе дојдам, бил прилично изненаден...)
Се вратив со пијачките кај мојот релативно нов дечко, дојде 00:00 си честитавме Нова Година...
За минута две дојде ТОЈ и ми честиташе! И пак ме гушна, али виде дека не сум сама...
За кратко време се најде со девојка на сепаре (многу провокативна една, што цела вечер ме гледаше напреку...)
И сфатив дека со новиот дечко на мене ми е многу досадно...Цела вечер стоеше на едно место и само зјапаше во мене и не ни збореше многу...
Но, како и да е...Ќе пробам да вложам во оваа врска...Пред се , затоа што тој ме почитува и мислам дека е максимално искрен со мене...Тоа ми е многу битно...
А за останатото, како биде, нека биде...