Здраво на сите, со девојками сме во врска 6 месеци и почнувам да имам сериозни проблеми со нејзината љубомора, нервоза и напнатост...Јас разбирам све тоа до одредена граница и трпам некако али сепак и не сме деца, јас сум 25 години а таа 24 и стварно гледаме сериозно во врскава, планирам иднина со неа..
Кога да појдам (еднаш на 3/4 дена) на кафе со друштво мора да и пишувам на секое, ако ме снема зошто не сум и враќал, се чувствувала запоставено незнам што. Со повеќето другарки успеја да ме одтргни со тоа што мислела дека тие не ме гледале како другар и дека и биле љубоморни. Кога и да имам слободно време/ден морам да одам кај неа дома да седиме пошто во спротивно немало да сум сакал да го поминам денот со неа иако мислам дека во овие 6 месеци нема поминато ден а да се немаме видено..
Сега почна и да биди незадоволна, све живо и диво да ја нервира кај мене. Иако се трудам за све, на неа да и е убаво, таа како што сака да биди сепак на крај јас сум тој што не се труди, јас сум бил тој што не ја сака..
Дали некој бил во слична ситуација ? Има некое решение или очигледно треба крај да се стави ?
Мислам дека и е дадено премногу внимание и премногу и допуштив па затоа почнува да биди таква..