Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Тоа воопшто не е модерно. Напротив го има во заостанатите земји во кои жените се потчинети и нееманципирани.

Јас не би можела да живеам во кокошарник во кој што петелот ќе се понаша ко газда :cautious: .
Срцка. Мојата идеја нема врска со модерно, а уште помалце со заостанатите немодерни кокошарници кои ги спомна.
А модерниот брак го гледаме веќе каков е.
Мојата идеја е високо разумна, природна и практична. Тоа е живот во заедница во која ќе живеат група од мажи и жени кои имаат малце повисока цел во животот од уобичаената чија општа мантра е
"апни си, пијни си, ебни си , легни си".
И нема никаква веза со харем и оргии кои се дешавале во кокошарниците порано...Али тоа е веќе друга тема и нема потреба да ја разглабуваме тука.
 
Член од
12 август 2017
Мислења
47
Поени од реакции
37
Nekoj/a sto zivee posledna 8ca Ljubotenski pat ... Ve molam mi treba edna informacija,pisuvajte vo pp
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Чисто ме интересираат вашите мислења, зашто јас не верувам во тоа што ми се кажува. Се гледам со една девојка и све супер, да не навлагам во детали, не многу време, некои 4 месеци, и работата доаѓа до сериозно ептен, и од моја и од нејзина страна. Девојката е полн погодок. Е сега работава е што сум јас разведен и имам ќерка од првиот брак, неа тоа не и пречи, не знам кој ѓавол ме тера по втор пат да сакам да се женам, или сум само глуп - но ајде нема врска, и проблемот е што она сака да разговара со нејзините, дали ќе и дадат дозвола. Без таа дозвола односно согласност она не би можела да продолжи со мене. Има 33 години и иако и верувам целосно, овој муабет со нејзините ми е комплит булшит. Жена кога вистински сака, чувствува љубов, не постои пречка за неа, за тоа сум сигурен. Дали јас погрешно размислувам, дали навистина она би требала да збори со нејзините, дали и каква е таа вистинска љубов од која би се откажала ако нејзините не и даваат?
Посебно ценам одговори на женски членови.
... јас мислам дека 33 годишна не може да биде сеуште „девојка“, зашто таа ги поминала сите години одредени во нашето поднебие за да се биде самостална млада зрела жена... но, има исклучоци на несамосталност, но сигурно не е таа тој пример, затоа што по инерција на логиката, ако веќе треба да праша за брак, требала и да ги праша родителите и дали воопшто да се „фати“ со тебе на почетокот, затоа што не е во прашање неколку дејта со тебе без родителско знаење, ама да помине цели четири месеци заедничко дружење и сексуална блискост што секогаш мора да биде со некоја цел за иднината на вас двајцата, а не само начин на „празнење“!

...не размислила со која цел би била таква врска со сериозен разведен маж со дете, па сега ќе ги прашувала родителите, освен ако не си бил ти искрен и си го криел тој факт од неа, па си се претставил како „слободен“ за да не ја изгубиш, тогаш ти си крив што така создала штит за да ти одговори на сериозниот твој предлог за брак или заедничко живеење!

... мое мислење, според горе тоа што напишав, искрено, мислам дека тоа и’ е оправдување, некој друг да биде крив за тоа што ќе те одбие или да добие на време за да се предомислиш! ..ти воопшто не ни ја опиша еуфоријата од нејзина страна кога си и’ го рекол тоа дека сакаш да ја земеш за жена, па таа пресреќна рекла даааа дааа даааа! ама разочарано рекла дека мора да праша оти имала строги родители, таква сценарио немало нели?

... или сценариото било,, као ... и јас те сакам... сакам со тебе да се венчам, ама родителите не ми дозволуваат поради некои работи што нема да им се допаднат во врска со тебе, а јас нив ги сакам не можам тоа да им го направам против нивна воља“ ... и тоа со нејзини цели 33 години, некако не поминува, нели?

... јас би размислила од друг агол, наместо со тие 33 години што значи кај нас„ стара мома“ што секој би рекол -„ ејј сигурно има некој проблем зошто не се омажила?“... да биде среќна дека пронашла човек стамбено ситуиран, работно способен, највероватно и згоден со други мушки афинитети што привлекува женски пол, дека изразил желба за брак од голема љубов делејќи ја љубовта со неговата ќерка, таа нашла одговор дека морала да ги праша родителите? :facepalm:

...одсега ти кажувам (мое мислење) и да се сложат родителите ти ќе имаш дежаву ситуација што си ја имал и си ја пребродил на кој начин, само ти си знаеш!

...и сега едно дружење од четири месеци веднаш кај тебе ти се јави шансата на повидок за која си уплашен дека нема веќе никогаш да ја имаш - да се ожениш со некое добро рипче или пак да ја најдеш вистинската жена?

... моменталната твоја љубов (мое мислење) се базира на убави ручеци, вечери, шетање, дружење во друштво или слушање музика или некој филм... но прашање дали дружењето го опфаќа и перењето на нечистиот долен веш, чистење со правосмукалка, перење завеси...правење домашен ручек, фрлање ѓубре, трчање на лекар и во аптека, евентуално бришење на повраќаницата од расипана храна или слушање прдење поради болки и гасови во цревата, како и недепилирани и небричени така несредени да се видите голи и да водите љубов? дали сте имале такво дружење и блискост во тие 4 месеци? чисто се сомневам!

... но ете и да имало таква блискост, не само секс, таа не треба да праша, ниту ти тука да прашаш...љубовта доаѓа како гром, ги мести работите и никој на свет не може да го спречи спојувањето на тие двајца, па макар се превртел светот, ама ти си еднаш веќе изгорен, а можеби и таа имала лошо искуство или едноставно не те сака за брачен партнер, туку само како сексуален партнер!

... тука би рекла дека си ти крив (мое мислење) зошто си го комплицираш животот со такви особи кои се слободни без обврска, за разлика од тебе што ти имаш обврска, ти веќе имаш еден промашен брак позади тебе, но со прекрасно дете што е цело твое богаство ...затоа најсоодветно за тебе е да имаш слична таква душа, разведена или вдовица или самостална, независна од родители, жена на твоја возраст!

...но, кога ќе размислам дека жената „ако не ја дигне опашката“ барем тоа важи за денес, мушкото не реагира, малку е „посмотан“ па не се пушта во акција, барем не таков со некои посебни обврски како што си ти, затоа што да се има дете тоа е најслатка но и најтешка обврска посебно кога родителите не се заедно, така да би рекла дека таа е крива што ете флертувала со тебе, суптилно влегла под твоја кожа и ти го заробила твоето срце и ти си сега нејзин роб!
...не и пречело дека имаш дете? мислам ејјј има жени преку миленик куче во парк или преку детето кое игра во паркот наоѓа начин да се приближи до мажот, а ти овде не и „пречело детето“ мислам ееејјј ти имаш само партнерка за вечерни дејтови и ништо друго не ти е јасно? (мое мислење)

... ти си нашол некој духовен мир после брачните турбуленции, некој редослед во животот, пороците си ги тргнал (според твое пишување овде во некои теми), си се вработил имаш каде да живееш во сопствен мир, имаш прекрасно дете... дали е таа вистинската жена за тебе никој не може да каже освен ТИ- ни го кажа одговорот - таа е девојка! :toe:
 
Последно уредено:

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
... јас мислам дека 33 годишна не може да биде сеуште „девојка“, зашто таа ги поминала сите години одредени во нашето поднебие за да се биде самостална млада зрела жена...
Тоа е само начин на изразување за да се чувстува помлад @Solaire of Astora
Додека твојава критика пак за тоа што е „девојка“ доаѓа од фактот дека ти си веќе во години од поодамна и не си млада девојка.
А мојов коментар пак доаѓа од несреден живот и комплекси...
и така.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Тоа е само начин на изразување за да се чувстува помлад @Solaire of Astora
Додека твојава критика пак за тоа што е „девојка“ доаѓа од фактот дека ти си веќе во години од поодамна и не си млада девојка.
А мојов коментар пак доаѓа од несреден живот и комплекси...
и така.
...ако имаш љубовен проблем, сподели го тука, ако имам и јас исто ќе го споделам, ама твојот проблем не се моите години, нит можеш да ми додадеш, нит да ми одземеш, тогаш не знам што е проблемот? :toe:

...ако за тебе „девојка“ е некоја која не е омажена па макар имала 27, 33, 40, 50 години ...или „девојка“ која се уште го има целосно хименот и е невина- ОК е твое мислење, според мене девојка е таа со „тин“ години од 11-19 год и ништо друго!
...и не е моја „критика“ имам во заграда неколку пати напишано (мое мислење) ,
постои ДЕНЕС зарем „млада девојка“ и „стара девојка“ ?
треба да напишам на секоја реченица да го помине твојот критериум,ај биди сериозен!
 
Член од
15 април 2019
Мислења
1.076
Поени од реакции
1.516
Iam eden problem znaci so godini nemozam da go prebolam. Ke moze da mi kazete sovet kako?
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Iam eden problem znaci so godini nemozam da go prebolam. Ke moze da mi kazete sovet kako?
Многу едноставно со друг,по можност со подобри перформанси.
Проблемо ќе да е у карактеро и психата. Научена си да стануваш опсесивно зависна. Лесно е да преболеш некој со друг ако запознаеш. Моментално ке ти падне перде од очи, како да си била хипотисана. Богами де факто и си хипнотисана. Туку исто ке биде и со новиот. И со него ке бидеш опсесивно зависна. Тоа само по себе е психички болно. Најпрвин треба да поработиш на себе некое време. Да расчистеш у себе.
 
Член од
12 јули 2016
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво.

сакам анонимни мислења пошо нејќам баш да зборам за ова со блиски у живо. Ми текна дека пред миљарда години сум се зачленила тука па ај.
Значи вака.
Не сум сигурна што чувствува мојот дечко во врска со бившата. Јас и он сме заедно еден месец и половина. Уште од почетокот тој се однесуваше како да сум сè што тој сака, дека никогаш не се чувствувал така, итн. Се чувствува добро со мене, според ова што го гледам. Тој и неговата поранешна раскинаа во февруари, но останаа блиски до моментот кога почнавме со дечко ми и она дозна за тоа. Кога станавме ексклузивни (2 недели откако првпат се запознавме), таа го прекина целиот контакт со него. Еден месец после тоа, тој ја контактирал да се видат и таа се согласила. Ја викнал во неговиот стан и тие биле сами во една соба. Демек немало ништо случено таа вечер. Открив за ова од неговиот брат затоа што живеат заедно. Тој вели дека навистина не чувствува ништо за неа, но дека се грижи за неа и таа му значи, исто така, тој сè уште чува слики и видеа од нив заедно. Исто така, неодамна таа му пиша пак и зборат.
Не знам како да се чувствувам повеќе. Не ми е јасно зошто вика дека не се осеќал со никоја како со мене, супер му било, не знам шо (ова го има кажано на другари, не е дека мене ми ги врти филмовите)
 
Член од
22 јули 2015
Мислења
607
Поени од реакции
493
Здраво.

сакам анонимни мислења пошо нејќам баш да зборам за ова со блиски у живо. Ми текна дека пред миљарда години сум се зачленила тука па ај.
Значи вака.
Не сум сигурна што чувствува мојот дечко во врска со бившата. Јас и он сме заедно еден месец и половина. Уште од почетокот тој се однесуваше како да сум сè што тој сака, дека никогаш не се чувствувал така, итн. Се чувствува добро со мене, според ова што го гледам. Тој и неговата поранешна раскинаа во февруари, но останаа блиски до моментот кога почнавме со дечко ми и она дозна за тоа. Кога станавме ексклузивни (2 недели откако првпат се запознавме), таа го прекина целиот контакт со него. Еден месец после тоа, тој ја контактирал да се видат и таа се согласила. Ја викнал во неговиот стан и тие биле сами во една соба. Демек немало ништо случено таа вечер. Открив за ова од неговиот брат затоа што живеат заедно. Тој вели дека навистина не чувствува ништо за неа, но дека се грижи за неа и таа му значи, исто така, тој сè уште чува слики и видеа од нив заедно. Исто така, неодамна таа му пиша пак и зборат.
Не знам како да се чувствувам повеќе. Не ми е јасно зошто вика дека не се осеќал со никоја како со мене, супер му било, не знам шо (ова го има кажано на другари, не е дека мене ми ги врти филмовите)
Колку години имаш?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Разбирам. Али зашто би кажувал таков булшит дека ја сум нешо упичкуматер коа уствари уште е по неа?
Боље е да има 2 него 1, нели? :D

Искрено, лично не гледам никаков проблем некој или некоја да држи контакт со поранешниот или поранешната. Ако тоа тебе ти пречи, треба да му кажеш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom