Чисто ме интересираат вашите мислења, зашто јас не верувам во тоа што ми се кажува. Се гледам со една девојка и све супер, да не навлагам во детали, не многу време, некои 4 месеци, и работата доаѓа до сериозно ептен, и од моја и од нејзина страна. Девојката е полн погодок. Е сега работава е што сум јас разведен и имам ќерка од првиот брак, неа тоа не и пречи, не знам кој ѓавол ме тера по втор пат да сакам да се женам, или сум само глуп - но ајде нема врска, и проблемот е што она сака да разговара со нејзините, дали ќе и дадат дозвола. Без таа дозвола односно согласност она не би можела да продолжи со мене. Има 33 години и иако и верувам целосно, овој муабет со нејзините ми е комплит булшит. Жена кога вистински сака, чувствува љубов, не постои пречка за неа, за тоа сум сигурен. Дали јас погрешно размислувам, дали навистина она би требала да збори со нејзините, дали и каква е таа вистинска љубов од која би се откажала ако нејзините не и даваат?
Посебно ценам одговори на женски членови.
... јас мислам дека 33 годишна не може да биде сеуште „девојка“, зашто таа ги поминала сите години одредени во нашето поднебие за да се биде самостална млада зрела жена... но, има исклучоци на несамосталност, но сигурно не е таа тој пример, затоа што по инерција на логиката, ако веќе треба да праша за брак, требала и да ги праша родителите и дали воопшто да се „фати“ со тебе на почетокот, затоа што не е во прашање неколку дејта со тебе без родителско знаење, ама да помине цели четири месеци заедничко дружење и сексуална блискост што секогаш мора да биде со некоја цел за иднината на вас двајцата, а не само начин на „празнење“!
...не размислила со која цел би била таква врска со сериозен разведен маж со дете, па сега ќе ги прашувала родителите, освен ако не си бил ти искрен и си го криел тој факт од неа, па си се претставил како „слободен“ за да не ја изгубиш, тогаш ти си крив што така создала штит за да ти одговори на сериозниот твој предлог за брак или заедничко живеење!
... мое мислење, според горе тоа што напишав, искрено, мислам дека тоа и’ е оправдување, некој друг да биде крив за тоа што ќе те одбие или да добие на време за да се предомислиш! ..ти воопшто не ни ја опиша еуфоријата од нејзина страна кога си и’ го рекол тоа дека сакаш да ја земеш за жена, па таа пресреќна рекла даааа дааа даааа! ама разочарано рекла дека мора да праша оти имала строги родители, таква сценарио немало нели?
... или сценариото било,, као ... и јас те сакам... сакам со тебе да се венчам, ама родителите не ми дозволуваат поради некои работи што нема да им се допаднат во врска со тебе, а јас нив ги сакам не можам тоа да им го направам против нивна воља“ ... и тоа со нејзини цели 33 години, некако не поминува, нели?
... јас би размислила од друг агол, наместо со тие 33 години што значи кај нас„ стара мома“ што секој би рекол -„ ејј сигурно има некој проблем зошто не се омажила?“... да биде среќна дека пронашла човек стамбено ситуиран, работно способен, највероватно и згоден со други мушки афинитети што привлекува женски пол, дека изразил желба за брак од голема љубов делејќи ја љубовта со неговата ќерка, таа нашла одговор дека морала да ги праша родителите?
...одсега ти кажувам (мое мислење) и да се сложат родителите ти ќе имаш дежаву ситуација што си ја имал и си ја пребродил на кој начин, само ти си знаеш!
...и сега едно дружење од четири месеци веднаш кај тебе ти се јави шансата на повидок за која си уплашен дека нема веќе никогаш да ја имаш - да се ожениш со некое добро рипче или пак да ја најдеш вистинската жена?
... моменталната твоја љубов (мое мислење) се базира на убави ручеци, вечери, шетање, дружење во друштво или слушање музика или некој филм... но прашање дали дружењето го опфаќа и перењето на нечистиот долен веш, чистење со правосмукалка, перење завеси...правење домашен ручек, фрлање ѓубре, трчање на лекар и во аптека, евентуално бришење на повраќаницата од расипана храна или слушање прдење поради болки и гасови во цревата, како и недепилирани и небричени така несредени да се видите голи и да водите љубов? дали сте имале такво дружење и блискост во тие 4 месеци? чисто се сомневам!
... но ете и да имало таква блискост, не само секс, таа не треба да праша, ниту ти тука да прашаш...љубовта доаѓа како гром, ги мести работите и никој на свет не може да го спречи спојувањето на тие двајца, па макар се превртел светот, ама ти си еднаш веќе изгорен, а можеби и таа имала лошо искуство или едноставно не те сака за брачен партнер, туку само како сексуален партнер!
... тука би рекла дека си ти крив (мое мислење) зошто си го комплицираш животот со такви особи кои се слободни без обврска, за разлика од тебе што ти имаш обврска, ти веќе имаш еден промашен брак позади тебе, но со прекрасно дете што е цело твое богаство ...затоа најсоодветно за тебе е да имаш слична таква душа, разведена или вдовица или самостална, независна од родители, жена на твоја возраст!
...но, кога ќе размислам дека жената „ако не ја дигне опашката“ барем тоа важи за денес, мушкото не реагира, малку е „посмотан“ па не се пушта во акција, барем не таков со некои посебни обврски како што си ти, затоа што да се има дете тоа е најслатка но и најтешка обврска посебно кога родителите не се заедно, така да би рекла дека таа е крива што ете флертувала со тебе, суптилно влегла под твоја кожа и ти го заробила твоето срце и ти си сега нејзин роб!
...не и пречело дека имаш дете? мислам ејјј има жени преку миленик куче во парк или преку детето кое игра во паркот наоѓа начин да се приближи до мажот, а ти овде не и „пречело детето“ мислам ееејјј ти имаш само партнерка за вечерни дејтови и ништо друго не ти е јасно? (мое мислење)
... ти си нашол некој духовен мир после брачните турбуленции, некој редослед во животот, пороците си ги тргнал (според твое пишување овде во некои теми), си се вработил имаш каде да живееш во сопствен мир, имаш прекрасно дете... дали е таа вистинската жена за тебе никој не може да каже освен ТИ- ни го кажа одговорот - таа е девојка!
![Тоа е :toe: :toe:](/styles/default/xenforo/emot/toe.gif)