Bodhidharma
Avatara
- Член од
- 17 септември 2011
- Мислења
- 10.783
- Поени од реакции
- 15.399
Нешто и засметало...врати се назад проанализирај и најди ако можеш што е тоа и натерај ја да разговарате за тоа. Штом така од еднаш пресекла мора да е за некоја работа што не и е по ќејф.Чисто ме интересираат вашите мислења, зашто јас не верувам во тоа што ми се кажува. Се гледам со една девојка и све супер, да не навлагам во детали, не многу време, некои 4 месеци, и работата доаѓа до сериозно ептен, и од моја и од нејзина страна. Девојката е полн погодок. Е сега работава е што сум јас разведен и имам ќерка од првиот брак, неа тоа не и пречи, не знам кој ѓавол ме тера по втор пат да сакам да се женам, или сум само глуп - но ајде нема врска, и проблемот е што она сака да разговара со нејзините, дали ќе и дадат дозвола. Без таа дозвола односно согласност она не би можела да продолжи со мене. Има 33 години и иако и верувам целосно, овој муабет со нејзините ми е комплит булшит. Жена кога вистински сака, чувствува љубов, не постои пречка за неа, за тоа сум сигурен. Дали јас погрешно размислувам, дали навистина она би требала да збори со нејзините, дали и каква е таа вистинска љубов од која би се откажала ако нејзините не и даваат?
Посебно ценам одговори на женски членови.
Не би се откажувал на твое место, не си глуп ако веруваш дека ти се погодиле коцките.