Let me get this right...
Имаш сопруга, имаш дете... и кога се скаравте ги вмешавте родителите? АЛО?
И како тоа за банална расправија се доаѓа до развод? Ако е банална расправијата и од таква се доаѓа до развод седни и клај си го прстот на глата дали сакаш да си во брак со таква особа... (ако е до неа, а ако е до тебе... Господ да ти е напомош).
Мешање на родители... глупост од невероватни размери. Што очекувавте? Некој што е 25-40 години разлика од вашите да размислува исто како вас? Да ви ги сфати проблемите, потребите, недоразбирањата? На крај краева да ви даде корисен и паметен совет?
На крај, тајно состанување како тинејџери... со кој памет?
Ако мислите дека сте еден за друг, парталите и на страна. Дали во Германија или не знам јас каде едноставно одите некаде на страна без родители и нивно мешање.
Малку покомплицирани се работите него што ги имаш пишано во постираното изгледа пријателе

Ум во глата и мисли на детето, со „сопругата“ очигледно сте ја заебале работата (од памет, ... твој, нејзин - најверојатно нејзин пошто не се плачи пред родители... ако си кадарен да се мажиш и да имаш деца ќе бидиш кадарен и бракот да го тераш без влијание од страна), сега останува да се крпат последиците за тоа дете кое го спомнуваш... помеѓу вас е прашање што и како но според мене треба да пресечите и да не ја влечкате работата. Или сте или не сте заедно. Ende.
Како што вели чика Саша Матич (кој сум сигурен дека го слушаш): „Тражи нову љубаФ“...
... никако со нејзин татко, ти си женет за негова ќерка, а не за него ! Штом тајно се гледате со жена ти значи таа ,,се смири,,, е па сега нека повели таа, како ја расипа рабоата зборувајќи лошо за тебе, така нека ја исправи работата зборувајќи добро за тебе, и онака татковците имаат слабост кон ќерките и ќе попушти !
Таа вика дека ќе ја смирела топката со нејзиниот татко, али поголемиот проблем е што не сака да дојди повеќе во Германија, ме вика да сум се врател јас во Мк.
И тоа е малку комплицирано, значи кога ја побарав за жена само ја побарав, по кратко време ја седнав да разговараме и заедно да одлуциме каде ќе живееме. Тоа треба да биди одлука од двајцата. И таа вика јас размислував за ова и поради тие и тие причини подобро е да живееме во Германија ама ќе те замолам да средиш се оти од први септември 2017 детето треба да почни на школо. Тогаш јас бев пресно дојден тука и направив се што можев, зедов стан, го опремив со се апсолутно со се, една виљушка немав, се купив, мебел и тааа го ѕнае тоа, сите пари што ги штедев ги потрошив ѕа тоа, добијаа и двете виѕи 5 годишни овде и сега ми вика да се вратам наѕад...
Да имам дете со неа , и да се кријам од нејните родители.

Братко не сакам да звучам агресивно критично али дефинитивно барем за овој проблем цела кривица е во тебе.
Значи прво нешто шо треба да го направиш е да го заковаш татко и на ѕид и да му објасниш како стојат работите , дека има внук од тебе и од ќерка му , и во најмала рака ако ништо друго цел живот ќе сте на некој начин поврзани поради детето.
Второ има да седнеш со жена ти и лесно лесно да си ја средиш ситуацијата ( зошто и сам кажа дека сте се скарале за банална работа ) , и дека за секој проблем меѓу вас КРАЈНО ДЕТСКИ е да мешате родители , особено за банални работи.
Сетоа тоа погоре зависи исклучиво од тебе и претставата за иднината на твојот живот , зависи шо сакаш де. Ако си ја сакаш сопругата и сакаш да продолжиш да си во фамилијарна заедница со неа а и она истото го сака , НЕ ПОСТОИ АПСОЛУТНО ништо што може да ве спречи во ова , освен смрт недај боже. Треба да се има агресивен и активен став во животот за работите шо ги сакаме , и сакаме да го доживуваме. Мора да се оди со сите сили да се добие/зема тоа што го сакаме без разлика на средствата.
Послушај ме за ова и ќе видиш дека се ќе се среди.
Неможам со него да разговарам бидејќи тој несака со мене, страв ми е да појдам да не ме иѕбрка, го побарав неколку пати на телефон, првиот пат ми кажа дека нема време, а потоа не одговараше на повиците.
Патем, детето не е мое, нејзино е од првиот маж
Нема потреба татко и да се меша меѓу вас и вашата расправија. Разговарај со сопругата, можеби му кажала некои работи за тебе во афект. Доколку е како што викаш (дека се сакате, состанувате и слично), разговарај со сопругата таа да среди со татко и, затоа што сепак таа ги кажала тие работи. Ти не можеш ништо да направиш освен да разговараш со неа и да оставиш таа да расчисти со татко и и да ја поправи својата грешка, зашто вака ако продолжи, разводот нема да ти биде само на муабет.
Да погодам како ги вмешавте родителите: ти си ја избркал и таа отишла кај татко и и мајка и. Или си ја натепал или си се заканувал дека ќе и го земеш детето. Ако си направил било што од ова, ти имаш проблем со себе.
Пс. банална караница не разнишува брак. освен ако не е црвлив, шуплив и празен.[DOUBLEPOST=1498996952][/DOUBLEPOST]
Не ја избркав, напротив, се скаравме и јас си заминав од станот. Наредниот ден требаше да одиме за Берово и ја чекам, ја нема да се јави. Требаше да се чекираме таму после 14:00. Бидејќи таа не се јави, ајде реков да попуштам и во 14:30 и ѕвонам, ајде душо додека не е прекасно да одиме...Одговор добив: јас сум веќе таму со ќерката.
Јас прелетав 2000км ѕа да бидам со нив, а не за таа да замини сама поради една кавга...