- Член од
- 6 јули 2011
- Мислења
- 3.829
- Поени од реакции
- 7.711
Другари, потребен ми е совет. Ќе поминам веднаш на главното. Се скаравме со сопругата за банална расправија и дојдовме до развод. Не се разведовме само на муабет развод. Сме имале и порано многу посериозни расправии и сме ги решиле еден со друг, но овој пат ги вмешавме и родителите. Проблемот е сега нејзиниот татко не сака да чуе за мене бидејќи таа му кажала многу лоши работи за мене и не дозволува да продолжиме. Ние се сакаме, се состануваме тајно оваа недела како тинејџери, а јас морам да си одам за три дена бидејќи работам во Германија. Бев дојден всушност да ја зеѓаѓ неа со детето. Како да постапам со нејзиниот татко ?
Ве молам за совет
Да погодам како ги вмешавте родителите: ти си ја избркал и таа отишла кај татко и и мајка и. Или си ја натепал или си се заканувал дека ќе и го земеш детето. Ако си направил било што од ова, ти имаш проблем со себе.
Пс. банална караница не разнишува брак. освен ако не е црвлив, шуплив и празен.[DOUBLEPOST=1498996952][/DOUBLEPOST]
Откачи го шупакот. Нека си ги лечи комплексите на друго место. Баш направи му тензии пред да оди во туѓина, биди му горчлив спомен за да не забориави какво говедо бил.Размислувам многу долго време,премногу сум збунета и имам потреба за различни совети и мислења, па одлучив да го направам тоа овде.
Пред неполна година започнав врска на далечина со дечко кој ги исполнуваше критериумите што ги сакам кај некоја личност.
Врска како врска, се состои од караници и смирувања.
Знае да ми попушти во ситуации каде што некој друг не би толерирал и би ставил крај.
Пред неколку дена бевме заедно, отидов во неговиот град како што договоривме претходно и да го поминеме денот заедно бидејќи за некој ден ќе оди на печалба.
Наместо да го искористиме денот, тој речиси 3 часа од како пристигнав си седеше на интернет, мрмореше, и речиси не ми посветуваше внимание.
Наместо да ги искористиме деновите што ги имаме пред да замине, налетав на доста ладен однос кон мене.
Се почуствував вишок, си ги собрав работите, му реков да продолжи да седи на интернет и јас си отидов.
Поминав долг пат за да се случи тоа.
Додека чекорев по улиците разочарана, без сознание, тој ме бараше на телефон и ме преколнуваше да се вратам, јас не се вратив. Пристигнав на автобуската станица, ниту сама не знаев како но тој ме уценуваше дека би било крај за нас доколку не се вратам, доколку не поработам на моето однесување и правење инциденти.
Инцидент? Затоа што си отидов дома само заради тоа што нему не му бил денот, а мене ме третираше како предмет? Доста не фер работа од него иако и јас имав удел затоа што си отидов.
Ги средивме некако проблемите, но од друга страна не.
Од тогаш, постојано ми префрла за тоа, постојано е нерасположен, постојано се однесува со мене ладно, незаинтересирано, сеедно.
Сето тоа го проголтав бидејќи не сакам да создавам тензии пред неговото заминување.
Во себе си велам - ете сега ќе отиде во туѓина, и така ќе олади, а од нашата врска нема да има ништо.
Можеби навистина е до мене, не знам.
Последно уредено: