Ми треба еден совет ако можете да ми помогнете.
Значи ми се свиѓа една девојка вејке еден месец,но вчера додека бевме излезени конечно останавме малце сами и ги искажав чуствата , на што таа ги прифати и ми кажа дека истото тоа го чуствувала и за мене но има еден проблем кој таа ми го кажа , а тоа е дека и смета сто сме различна вера (јас муслиман а она христијанка) е сега незнам дали да се потрудам да го прескокне тоа зашто од моја страна тоа не ми смета или на тој начин ке ја повредам? И ако имате некој совет или искуства што ми препорачувате . Однапред фала многу
Нека не го прескокне - нека се соочи со тоа.
Религијата се нарекува ислам или христијанство или будизам или што и да е, додека *верата* е она во што човек верува. Ако ти веруваш дека таа ти се допаѓа, таа ти се допаѓа. Ако таа верува дека е проблем што сте од различна религија, тоа значи дека религијата повеќе ѝ се допаѓа отколку ти.
Тоа може да е поради страв од околината и реакциите што можеби би ги имало. Сепак, околината нема никакви ингеренции врз чувствата на човекот - само врз неговите реакции. Со други зборови, ако ти нејзе *не* ѝ се допаѓаш, тоа нее поради различните религии или што и да е. Ако ти *ѝ* се допаѓаш, ѝ се допаѓаш без разлика на религиите. Разликите може да ви направат проблеми, односно потешкотии во иднина, но на вас е да одлучите дали тие потешкотии вредат за да истраете заедно.
Од твоја страна гледам дека немаш проблем да се нафатиш на потешкотиите. Разговарај со неа дали таа сè уште инсистира да има проблем за нафаќање со потешкотиите. Ако има, веројатно ќе ти биде проблем самото тоа да ја привлечеш кон себе и треба да размислиш дали да продолжиш понатаму. А можеби ќе испадне дека и таа сака да се соочи со потешкотиите, зашто повеќе ѝ значиш ти отколку нешто што некојси напишал пред околу 1500 години.
Како и да е, разговарајте. Комуницирајте. Многу.
Поздрав и со лесно.