Mnogu malku znaete za toa shto se sluchuvalo 1998-2000. Daj mu go ovaa pismo na Brat ti Ljube......pa togash neka ti objasni koj brkal VMRO-vci.....
КОЈ ЈА ЖНЕЕ НАШАТА ВМРО-ВСКА ПОТ И МАКА
( одговор на Томислав Спасовски во Реагиранја од 16.7.1999 година)
Се викам Ѓорѓи Бојаџиев. Во Куманово ме викаат Ѓоре-Егеец. Член сум на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година.Не бешe лесно тогаш да си ВМРО-вец. Помнам убаво колку агитиравме, се расправавме, а богами и се тепавме за ВМРО. Јас сум Егеец. Знам како е да загубиш родна земја. Родителите ми се намавани од Драма. Нема повеќе каде да одам. Затоа оваа парче земја, оваа Македонија –ја сакам. Сакав, како и сите Македонци, да сме свои на свое. Во ВМРО-ДПМНЕ видов спас и надеж за Македонија. Затоа за мене и за 30-ина активисти тие први години не ни беше тешко со часови да ги убедуваме луѓето да членуваат и да го прифата ВМРО. Во Куманово требаше да се вложи многу труд за пред луѓето да се симнат сите лаги за ВМРО, кои ги произведуваше СКМ. Велевме дека ВМРО е таа партија, која Македонија ќе ја направи богата и праведна држава. Македонија, каде за секого ќе има работа и парче леб.
Земја каде ќе има среќни и задоволни луѓе, земја од каде младите нема да бегат по белиот свет. Не сакам големи куќи, богатства. Јас сум чесен човек. Носам душа во себе. Верувам во Бога и во неговата правдина. Сите овие мои желби и надежи за Македонија ги поврзав со ВМРО. За мојата ВМРО-встина платив и цена. Јас и жeна ми не работиме. Во 1993 година, со поголема група стари активисти, се кренав против деспотијата на Томе “Далавера”, кој тогаш беше претседател на ОК. Иако имаше одлука на генералниот секретар Борис Змејковски за смена на Томислав Стојановски, тој и покрај тоа остана на функцијата и не намава од партијата. Се жалевме до штабот. Ништо. Тие години бев како болен. Дојде 1998 година, парламентарни избори. За еден од кандидатите на ВМРО беше кандидиран и д-р Ненад Ристевски. Чесeн, млад и писмен човек. Со групата на старите активисти со полно срце застанавме зад него. Работев и дадов се од себе , онака како сто знам јас. Победивме. Радоста беше голема. Куманово беше освоено. Со гордо дигната глава одев по Куманово. Дојдоа на ред поставувања на ВМРО-вски градски функционери. Одеднаш гром од ведро небо. Се избираа кадри од ред на роднини на “далавери”, нивни пријатели, луѓе со полициски досиеа. За несреќата И срамот да бидат поголем само два-три ако беа членови на партијата. Ѓоре, човеку, кај да одиш кај да пустиш. На улица не ми се излегуваше. Одев по сокаците за да не се сретнам со луѓето. Кога ме прашуваа: “Ѓоре, она ли е твоето ВМРО за кое ни ја полнеше главата сите овие години”, црвенеев. Имав образ И ова навистина ме погодуваше. Со другите вистински ВМРО-вци почнавме да се допишуваме со штабот.Координаторите одвај не примаа, нешто ни ветуваа и на крај се си остана по старо. Седнавме и напишавме отворено писмо до претседателот Љупчо Георгиевски, а воедно и ги кажавме нашите маки на новинарката на вашиот весник.Сакавме барем и пред ВМРО и пред кумановските граѓани да покажеме дека овие ce профитери и не-ВМРО-вци . По неколку дена гледам во весникот се јавува Томислав Спасовски. Јас сум еден од петте потписници. Мене Спасовски не ме спомна. Навистина, кога првите години на политичката борба беше најтешко, Спасовски не беше во ВМРО- Тој тогаш директоруваше во Театарот. Ама, ние се знаеме убаво. И така испаѓа дека мене, Ѓоре-Егеецот, сите ме заборавија. И државата која не ме вработува, и ВМРО, која ја заборави мојата политичка работа, а еве сега и Спасовски ме брише од живите. Јас сум чашркиски човек и лесно дознав (цело Куманово зборува) за новите градски кадри, нови вработувања, па и за богата “жетва”на Спасовски по изборите 1998 година. Додека јас и моето семејсто живееме од беден месечен надомест (2700 ден.), поради што морам да наоѓам повремена физичка работа. Спасовски се закити со привилегии: стана подрачен министер за образование, својата зена ја вработи како секретарка на технички диреkтор во “Светлина”, керката си ја вработи во Царина, својот син го премести на поплатено место во “Македонија пат”, зема советнички паушал, зема пари И од венчаванје (како матичар), член е на два Управни одбора каде што зема пари.
Е Tоме, каде ке ти оди душата, ако нешто останало од неа.
Ѓорѓи Бојаџиев, Куманово