Хаха, ај мајката...
Како бе до лани свеќи му палевте на човекот, го урамувавте, подигавте иницијативи за негово сакрализирање, песни му пеевте(правевте), книги му пишувавте, легенда му изградивте(фалеше уште споменик). Денес Љубе, се "втерал" во партизански филм.
Љубе и во 2001-ва беше втеран во партизански филм, ама пуст национализам и татнеж за Брат(сплотувач), потреба за голем војвода и факел кој ќе ги пали разјарените фитли на големите патриоти и ги лансира високо, високо во орбитата на екстатичните ПОБЕДИ, похоти за Мајка Македонија, и што уште не.
И тогаш сте имале лажни Војводи, и денес имате лажни војводи, и во Турско сте имале лажни војводи(со чест на исклучоците). Све околу вас е лага.
Денес го имаме лажниот војвода Николче, екс боксер(психофизика соодветна), последен од класата романитчари сплотувачи, на кого на повидок му се уште неколку мандати, па на крај негово "снемување" и атерирање од орбитата екстатичните победи, во име на неговата Македонија.
Треба тоа побрзо да се случи, треба побрзо. Треба уште некој кингер да прелета преку Црна Гора и Босна...
Ни требаат вистински војводи, кој никогаш не постоеле. Угледување на нешто што не постоело, е никулецот на заблудата и рожбата на она што не треба да се биде.
На крај бараме она што не е сплотено да сплоти. Можно е? Не!
Толку од мене! Појче од Господ.