Ѓоре Јовановски: Со декрет да се забрани 5 години да се игра фудбал во Македонија

Се согласувате со Ѓоре?

  • Да, во потполност

    Гласови: 107 69,9%
  • Да, но би додал уште нешто

    Гласови: 11 7,2%
  • Делумно

    Гласови: 13 8,5%
  • Не

    Гласови: 22 14,4%

  • Вкупно гласачи
    153
Член од
23 август 2010
Мислења
38.189
Поени од реакции
107.826
Не е логично да се укине фудбалот на 5 години, тоа ти е исто како да речеш ај ќе нема Влада 5 години пошо не и иде на државата. Прво, треба да се избрка тоа мрсулот Харалампие, се откорна од перење пари, мамата си ја расплака човекот јас не знам како не му беше доста до сега. И син му почина во сообраќајна несреќа и пак не му доаѓа памет, али ако Господ гледа, како викаат... Второ, некој погоре спомна демек треба приватни сопственици да имаат клубовите. Да, точно е тоа али кај нас сите клубови од прва лига нема теорија да бидат под приватна сопственост и да ги имаат сите услови, бар у наредните 50 години. Едино што може да се направи е да се вложува во еден клуб највеќе а другите постепено да се градат со тек на време, ипак ова е Македонија да не се залажуваме со успеси во брзо време. И трето, условите, УСЛОВИТЕ, мора да се подобрат, МОРА, да се обезбедат квалитетни терени со квалитетна дренажа, соблекувални со тушеви, трибини со столчиња, да се вложува максимално во младите категории, али за сево ова да добие некоја смисла треба да се исполни првиот услов што го спомнав погоре... И тоа ИТНО!!!
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Јас мислам дека сепак треба да има пауза, секако клубовите во меѓувреме да тренират и организират пријателски натпревари а паралелно и да се продолжи со младинските лиги. Во меѓувреме би се побарало од УЕФА привремено да не стави во мирување, ако се сеќавате и Англискиот фудбал беше суспендриран на кратко време , а во меѓувреме тие расчистиа со Хулиганите, донесоа нови закони, ги тргнаа заштитните огради и тн. значи паузата ја искористиле. Така и кај нас во меѓувреме треба да се сменат законите и критериумите во фудбалот, да се дефинира сопственоста на клубовите и терените. Да се бара нов систем , според мене најдобро е нашиот фудбал да функционира како Германскиот т.е. во вид на Здружениа (Verein) затоа и Германија во споредба на другите лиги каде што клубовите се приватна сопственост има најстабила лига. Е сега овие здружениа најчесто се потпомогнати и од градот зошто инерес на секој граѓанин е да се има јак фудбалски клуб а тоа е здраво и за младината. Како и да е премногу работи има за менување и најдобро е тоа на мир и во една пауза од неколку години да се решава.
Но секако првата промена би се викала Харалампие.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Забраната од 5 години не значи дека после тие 5 год ќе цветаат рози и се ќе биде совршено.Проблемот кај нас треба да се реши од врвот (раководството) па надоле се до оној кој се грижи за тревата на теренот.

Проблемот со решава според мене на следниов начин.
Закон со кој Претседател на федерација може да биде само личност од спортот.А не во овој случај како кај нас некое бизнис лоби кое не паметам кога последен пат излегло со изјава,нов проект.Работи во тајност како блискиот совет на Тито за време на СФРЈ.

Закон со кој клубот ќе биде акционерско друштво.
Тоа ќе допринесе за големи вложувања.Нема да биде сеедно кога некој ќе има акции да го остави клубот на милост и немилост.Ќе се вложи во инфраструктура,млади академии,редовни плати,физиотерапевти,психолози.Само на тој начин ќе се одржи некој континуитет во фудбалот.Но ние патиме од една мана.Држава од 2 милиони народ има 1000 спортови.Време е еднаш да одбереме во што сме најдобри и тоа да се финансира и помага.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ѓоре не зборува само за соблекувалните туку за многу други проблеми. И да во правоси потребна е медиумска афирмација, но за нешто да се афирмира потребен е минимум на организација и инфраструктура, Нормално дека децата не сакат да играт фудбал во такви услови особно денес кога имат можност да видат што се случува во светот.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 22:12 ---


Диме имаш ли представа колку пари влегуват преку УЕФА во МК фудбалот на годишно ниво?
Одговори и од други членови се добродојдени.
Со сигурност точната не ја знам а не сакам да кажам зошто ми се вртат неколку бројки, па да не лупнам тешка глупост.....тие едно знам сигурно...тоа е дека добиваме исто пари како Словачка и Ерменија.......епа сега види ти... :) каде се ТИЕ...а каде сме ние :)
 
Член од
30 јули 2011
Мислења
589
Поени од реакции
246

Секоја чест за Ѓоре кој во интервјуто отворено зборува за КАТАСТРОФАТА во која се наоѓа нашиот фудбал. Бидејќи сум на иста релација со него , особено за изјавата да се забрани фудбал во Македонија на одредено време. Единствено би додал на неговата изјава дека кога ќе се воведе оваа забрана прво што треба да се направи е да се даде отказ на комплетното раководство на ФФМ секако прв на одстрел е Харалампие (гробарот на нашиот фудбал).
Што мислите вие во кој правец треба да се движи Македонскиот фудбал и дали има СПАС.
102,3% е точно
 
П

Паспарту

Гостин
Човеков од тренерски лузер, само со една изјава успеа да стане култна личност и херој кај многумина...

 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.014
Поени од реакции
7.730
Човеков од тренерски лузер, само со една изјава успеа да стане култна личност и херој кај многумина...

колку сакаме да збораме ама тој шо го кажа 90 % е точно дека нема никакви услови на нашите стадиони и дека итно треба нешто да се преземи ако сакаме да имаме фудбал
 
П

Паспарту

Гостин
колку сакаме да збораме ама тој шо го кажа 90 % е точно дека нема никакви услови на нашите стадиони и дека итно треба нешто да се преземи ако сакаме да имаме фудбал
Точно, но ние немаме услови веќе 20 години, каде беше Ѓоре со ваквите изјави додека освојуваше титули со Работнички? Затоа е мојот коментар, сите знаеме дека нашиот фудбал не чини, но далеку од тоа дека Ѓоре е оној кој не просветли...
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Целото општество е труло, системот на вредности е трул, власта е трула, и секогаш биле. Само за профит профит профит. И што кур добија? СРАМ! Но што, си имаат бизнис, си имаат пари, нив лично им се лади, поединци.

Како да немаме потенцијал во нас? Како да немаме деца што можат да достигнат солидно ниво? Како да немаме можност да извадиме добри тренери кои ке ја унапреднуваат играта?
Но идеата за сето ова фали. Се е изводливо. Ништо не е комплицирано.
Но зошто сегашните водечки лица во фудбалот би се замарале, кога така си имаат се што сакаат. Профит. За сметка на се друго. Не црни тоа.
Решението е малку подлабоку, но е изводливо. Се до кога ке ни е таква ситуацијата во државава, ке биде мачно. Но сепак изводливо, од човек што навистина сака, неинтересирајќи го постапките и филозофиите на претходниците. Како и да е. Не гледам јас излез во скоро време од ова.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
The Edge не би коментирал за ситуацијата во државата, но ако ги видиме другите спортови Кошарка, Ракомет, Карате па ете и Ватерполо, јасно се гледа дека не е до државата туку дека е до раководството на ФФМ кое полека но сигурно го донесе македонскиот фудбал до европското дно. Од овие пичини убеден сум дека проблемот не треба да се бара во државата туку во Харалампие кој успеа се што вредеше да уништи. Во фудбалот нема никаква активност, не можеме веќе ни пријателска средба да закажеме сите ни откажуваат. Во Европските купови сме незабележителни, репрезентацијата за прв пат падна под 100тата позиција на ФИБА ранг листата. Младите колку и да сакат да се занимават со фудбал, немат нормални човечки услови и секој со малку повеќе талент бега од државата уште пред да ја почне кариерата. Веќе неколку фудбалери кои се родени или имат потекло од Македонија несакат да играт за репрезентацијата што уште повеќе го докажува тоа што го зборам.
На крај колку и да е гнила државата со вистинско раководство може барем спортот да стои на здрави нозе.
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Moже секако дека може, има луѓе што тоа го сакаат и има идеи и се способно да го реализираат, за да го дигнат фудбалот, но нивните идеи не се поклопуваат со оние капиталистичките на сегашниве челници, а воедно од неколку причини им одговара ова на државата(власта), па зарем не кјарат и они од тоа? Да, но доведуваат СРАМ. Но треба заби да се покажаат, да се жртвува, и ке се добие. Но кој ке ги расчисти тие лоши луѓе кои го водат фудбалот во дупка?
Така како што ни се поставени работите во државата на никој не му се мрднува ни со прст да направи нешто да го воздигне фудбалот. Во другите спортови се погодија добри луѓе. Но во фудбалот не се. Стравот владее.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Непотребно мешаш политика во целата ситуација. Харалампие е поставен на таа позиција многу пред да дојде ова гарнитура на власт, како и кој го постави и по кои принципи го води фудбалот во пропаст и тоа не би коментирал. Но она што е факт е тоа дека владата може само индиректно да му помогне на фудбалот, а тоа го прават со реновираната арена Филип Втори, нови фудбалски терени и сали, но замисли повеќето од тие терени нема ни кој да ги одржува, а ниту имат план што со нив. Можеби ќе помогнат ако ја оправат и МТВ со што би се покрило првенството од медиумски аспект, Но сето тоа нема значење додека Харалампие си тера лични бизниси во ФФМ. Куќата на Фудбалот која се гради во Лисиче ете веќе неколку години стои во место иако УЕФА има префрлено неколку милиони за таа намена. Ако се секаваш кога Ѓорче Петров и Слога Југомагнат ја бојкотираа лигата тогаш Харалампие за да не пропадне првенството фрли некоја пара на раководтсвото на Турново и успеа да ја спаси лигата а Ѓорче Петров кој имаше солидно школо за млади фудбалери успеа да го уништи, а не го уништи само Ѓорче.
Според мене оправдан е револтот на Ѓоре а колку бил успешен и слични зајадливи муабети исто така се тотално небитни , зошто тука не зборуваме за Ѓоре туку за еден предлог кој апсолутно држи вода, зошто вака неможе да оди понатаму.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Со сличен предлог како овој на Ѓоре и премиерот на Италија.

Италијанскиот премиер би ја прекинал лигата на две-три


Премиерот на Италија, Марио Монти, во освртот на најновата афера околу местењето натпревари, порача дека понекогаш посакува на одредено време да нема лигашки фудбал во Италија...


Денеска италијанскиот премиер на конференцијата за новинари во Рим мораше да се осврне и на новите проблеми кои ги предизвика новата афера за наместените натпревари во Италија во која беа уапсени дури 19 лица.

„Длабоко сум разочаран од последните инфомрации околу наместените фудбалски натпревари. Понекогаш посакувам на две или три години да го укинеме фудбалското натпреварување во Италија, но тие работи не се во домен на мојата влада.“

„Се поочигледно е дека мафијата не оперира само во политичките кругови во Италија како што до неодамна веруваа поголемиот дел од италијанците.“ - изјави Монти.

http://www.time.mk/read/NONE/6d95ad21d5/index.html

Кога нешто е гнило тогаш подобро е да се одстрани отколку да шири непријатни мириси на околу.



За жал, и вака се игра фудбал во Македонија: Каде е топката?
Екипа ФФМ
29.05.2012 09:44

Ова е извештај објавен за натпревар меѓу фудбалските тимови на Рудар и Дебрца во селото Куратица, со наслов „Каде е топката?“, а ЕКИПА го преобјавува со надеж дека ќе допре до раководните луѓе на ФФМ за тоа како се игра фудбал во Македонија. Благодарност до порталот www.volino.mk затоа што нам навистина ни ги отвори очите, да се надеваме дека преобјавувањето на оваа статија ќе им ги отвори очите и на водечките луѓе во Фудбалската федерација на Македонија. Еве, вака се игра фудбал во Општинската фудбалска лига Охрид! Ако не лажат нас, и ние Ве лажеме Вас!!!


Вчера се играше последното 22 коло од Општинската фудбалска лига Охрид. Два натпревари директно решаваа за тоа кој ќе се пласира до четвртото место кое води во баражот, а воедно и кој во регуларниот дел ќе биде прв, а тоа беа средбите Сатеска-Злести и во Куратица Рудар-Дебрца. На Сатеска и требаше победа и кикс (нерешено или пораз ) на Рудар за да биде четврта, а во случај на победа на Злести и пораз на Дебрца Злести избиваше на прво место. И двата натпревари требаше да започнат во 17,оо часот, а започнаа со задоцнување. Во Волино гостите тврдеа дека нема услови за игра (теренот беше искосен, но не беше добро обележан), а во Куратица чекаа да почне натпреварот во Волино.Во Волино во натпревар со многу пресврти победи Сатеска со 5-4 и во моментот на завршување на натпреварот во Куратица беше 0-0, за да гостите им пуштат гол на домашните за победа од 1-0. И се би било во ред, иако не е во ред, сепак останува отворено прашањето како Рудар постигна гол, кога ја немаше топката. Во Куратица не се играше фудбал, туку играчите на двете екипи ја бараа топката во тревата. Погледнете ги условите за игра во Куратица, преку фотографиите што ги позајмивме од фејсбук профилот на село Белчишта.

Навистина каде е топката?

Општинска лига и се е можно! Но, каде се одговорните во ОФС сето ова да го санкционираат?

Дотогаш Рудар и Дебрца ќе ја бараат топката!
Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.



© 2011 ЕКИПА - Сите права се задржани
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ќе ја актуализирам темата повторно особено кога сека повеќе од јасно е дека дефинитивно дојдовме таму каде што ни е местото а тоа е фудбалското ДНО на Европа. Тоа што мометално се случува во Македонија ни од далеку не личи на добро организиран спорт туку повеќе на ситен бизнис кој според мене во ваква форма нема потреба да постои. Дефинитивно треба да се седне и аналитички да се размисли како понатаму. Изговорите мала земја трте мрте недржат вода. На Црна Гора и Словенија веќе поодамна може вода да им носиме. А репрезентација како Белгија чини 310 милиони евра само младите до 21 година им се 60 милиони евра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom