Со сличен предлог како овој на Ѓоре и премиерот на Италија.
Италијанскиот премиер би ја прекинал лигата на две-три
Премиерот на Италија, Марио Монти, во освртот на најновата афера околу местењето натпревари, порача дека понекогаш посакува на одредено време да нема лигашки фудбал во Италија...
Денеска италијанскиот премиер на конференцијата за новинари во Рим мораше да се осврне и на новите проблеми кои ги предизвика новата афера за наместените натпревари во Италија во која беа уапсени дури 19 лица.
„Длабоко сум разочаран од последните инфомрации околу наместените фудбалски натпревари. Понекогаш посакувам на две или три години да го укинеме фудбалското натпреварување во Италија, но тие работи не се во домен на мојата влада.“
„Се поочигледно е дека мафијата не оперира само во политичките кругови во Италија како што до неодамна веруваа поголемиот дел од италијанците.“ - изјави Монти.
http://www.time.mk/read/NONE/6d95ad21d5/index.html
Кога нешто е гнило тогаш подобро е да се одстрани отколку да шири непријатни мириси на околу.
За жал, и вака се игра фудбал во Македонија: Каде е топката?
Екипа
ФФМ
29.05.2012 09:44

Ова е извештај објавен за натпревар меѓу фудбалските тимови на Рудар и Дебрца во селото Куратица, со наслов „
Каде е топката?“, а ЕКИПА го преобјавува со надеж дека ќе допре до раководните луѓе на ФФМ за тоа како се игра фудбал во Македонија. Благодарност до порталот
www.volino.mk затоа што нам навистина ни ги отвори очите, да се надеваме дека преобјавувањето на оваа статија ќе им ги отвори очите и на водечките луѓе во Фудбалската федерација на Македонија. Еве, вака се игра фудбал во Општинската фудбалска лига Охрид! Ако не лажат нас, и ние Ве лажеме Вас!!!
Вчера се играше последното 22 коло од Општинската фудбалска лига Охрид. Два натпревари директно решаваа за тоа кој ќе се пласира до четвртото место кое води во баражот, а воедно и кој во регуларниот дел ќе биде прв, а тоа беа средбите Сатеска-Злести и во Куратица Рудар-Дебрца. На Сатеска и требаше победа и кикс (нерешено или пораз ) на Рудар за да биде четврта, а во случај на победа на Злести и пораз на Дебрца Злести избиваше на прво место. И двата натпревари требаше да започнат во 17,оо часот, а започнаа со задоцнување. Во Волино гостите тврдеа дека нема услови за игра (теренот беше искосен, но не беше добро обележан), а во Куратица чекаа да почне натпреварот во Волино.Во Волино во натпревар со многу пресврти победи Сатеска со 5-4 и во моментот на завршување на натпреварот во Куратица беше 0-0, за да гостите им пуштат гол на домашните за победа од 1-0. И се би било во ред, иако не е во ред, сепак останува отворено прашањето како Рудар постигна гол, кога ја немаше топката. Во Куратица не се играше фудбал, туку играчите на двете екипи ја бараа топката во тревата. Погледнете ги условите за игра во Куратица, преку фотографиите што ги позајмивме од фејсбук профилот на село Белчишта.
Навистина каде е топката?
Општинска лига и се е можно! Но, каде се одговорните во ОФС сето ова да го санкционираат?
Дотогаш Рудар и Дебрца ќе ја бараат топката!
Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.
© 2011 ЕКИПА - Сите права се задржани