Ѓоре Јовановски: Со декрет да се забрани 5 години да се игра фудбал во Македонија

Се согласувате со Ѓоре?

  • Да, во потполност

    Гласови: 107 69,9%
  • Да, но би додал уште нешто

    Гласови: 11 7,2%
  • Делумно

    Гласови: 13 8,5%
  • Не

    Гласови: 22 14,4%

  • Вкупно гласачи
    153
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Не е само Харалампие. Цела гранитура треба да се смени....
Профитот е над се, а не спортот....додека има некој на кој профитот му е пред спортот, спортот во Македонија ќе тоне
Абе претседателот Харалампие не можам ниту да му го изговорам правилно , е поголем мафијаш и од најголемите мафијаши во Македонија.Знаеме дека Победа местела атпреаври а победа е негова хахах .
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Ѓоре не зборува само за соблекувалните туку за многу други проблеми. И да во правоси потребна е медиумска афирмација, но за нешто да се афирмира потребен е минимум на организација и инфраструктура, Нормално дека децата не сакат да играт фудбал во такви услови особно денес кога имат можност да видат што се случува во светот.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 22:12 ---


Диме имаш ли представа колку пари влегуват преку УЕФА во МК фудбалот на годишно ниво?
Одговори и од други членови се добродојдени.
Како и да е, сите пари идат кај Харалампие. :pos:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Типично македонски начин на размислување. Имаме проблем и наместо да се бараат начини да се реши, ќе гледаме како да избегаме од проблемот. И се надеваме дека така проблемот ќе исчезне. Не, нема да исчезне. Ако го забраниме фудбалот на 5 години (иако не гледам како), после 5 години ќе ги имаме истите проблеми.

Само мене не ми е јасно кога Ѓоре дава вакви предлози, зошто тој прв не биде пример. Може да го бојкотира македонскиот фудбал на 5 години, ако баш сака. Секоја чест за храброста да прозбори за проблемите, ама предложеното решение му е...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Оваа кошарка?
http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=3570

Целокупниот спорт во Македонија е на очајно ниво.
Такви „испади“ ќе има дури и на ниво на НБА да сме...

За фудбалов, не да се забрани да се игра, туку сакам да ни лупнат една петгодишна суспензија од УЕФА, па да се исчисти шлајмот кој е сега во фудбалските кругови.

Неам ништо против поединци да се богатат од фудбалот, секаде во светот е така, но нека се богатат со обострана корист, и за себеси и за македонскиот фудбал...
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
7.765
Поени од реакции
13.414
Не сум бегал на часови јас.Туку сум поминал повеќе "часови" на стадион од тебе и ги знам работите.Знам дека се виновни челниците на федерацијата.Но не се само тие криви.Крива е државата пред се.
Државата е крива затоа што се мешаше на времето, уште со Ѕинго, а потоа со Ламбе, сега и да сака да исправи нема да може, а и не смее од УЕФА. А и како ја оправија работата не времето така ќе ја оправат и сега.

Погледнете малку во Европа, видете ги најголемите клубови и погледнете во чија сопственост се.

Ѓоре вели Кичево соблекувални да прави!? Зошто? Ако народот сака да гледа спорт, ќе оди на натпревар ќе плати карта и ќе се направат соблекувални. Зошто од нивниот данок да оди за соблекувални, дали тоа го сакаат граѓаните? И зшто за соблекувални за фудбал, а не да направи просторија во која ќе биде сместено ’Здружение на љубители на смрдливи чорапи’? Треба клубовите да се приватизираат, ако сака газдата да вложува нека прави соблекувална и се друго, ако не чао, пријатно. Ако има интерес за фудбал, ќе има и инвеститори. Не може на стадион да има публика од сто души, а ваму сакате услови како на Алијанс Арена.

Професионалниот спорт бара многу вложувања од материјални, физички до ментални. Ако некој не е спремен тоа да го издржи и ако нема публика за тоа, тогаш треба да ги оставиме тие работи, а не да ги држиме со сила. Би требало да си играме фудбал аматерски, се додека на се појави некој професионален клуб. Гледајте на запад како големите клубови трпат долгови, а нивните сопственици ’фрлаат’ пари, а ние сакаме во Македонија со шарлатанско работење да се мериме со нив.

Моментално најдобриот фудбалски клуб (за когј и навивам) живее со помош на градот!!! Не се научивме што донесе такво управување со глубовите, па пак тераме по старо. Добро, сега има закон кој ќе го смени тоа, но кој знае што ќе излезе на крај.

Треба да се соочиме со реалноста, дека не може секоја населба, село, град да има фудбалски клуб за ’општо добро’.


П.С. Тоа што секакви играле е затоа што фудбалот не живее од публика и не се постигнува чесно успех. Доколку клубот е во нечија сопственост, овој ќе сака кај него да тренираат и да играат најдобрите кои што може да си ги дозволи и да постигне успеси, во спротивно ќе трпи штета за своите хирови. Е, кога клубовите се општествена своина, и кога успесите се постигнуваат со договор, а не на терен ќе имаш неспосебни во фудбал.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Запомнете, дур не се тргне тоа копилето на чело на ффм, нема да има фудбал во оваа држава .. Се напуни со кеш, не му чуе .. Се да му е*ам јас на него, и живо и мртво ..
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Апсолутно се согласувам. И ќе повторам фудбалот во Македонија нема никаков потенцијал и потреба да постои, затоа како и кај загубарите КЛУЧ на врата.
Фудбалот во светот е профитабилна гранка, а кај нас единствен кој заработил пари од фудбалот е Бате Ване, малку среќа, малку знаење и успеа да продаде неколку фудбалери, во нормални услови бројот на фудбалери секако би бил многу поголем. Вака децата се приморани уште на 15, 16 максимум 17 години да си барат егзистенција во соседните држави.
Спомнато беше дека после 5 години пак ќе биде исто, не би се согласил, зошто во тие 3, 4 или 5 години би требало да се формира тело кое повторно од ново ќе ги дефинира правилата на игра. Значи би се поставиле нови критериуми за сите оние кои сакат да играт фудбал во Македонската лига, би се направиле анализи и би се барале нови спонзори и нови начини за финансирање. Многу важно исто така би се нашле медиуми кој квалитетно можат да го подржат овој проект, а тука мисам дека единствени кои би можеле да потпрат во наредните 5 години се МТВ и евентуално Алфа се друго е полошо и од фудбалот кој го имаме во моментов.
Што се однесува до владата тука би можела да помогне со евентуални поволни кредити и некој помал буџет за почетна подршка. Во секој случај помош на оние кои ќе покажат квалитен план за развој на фудбалот и квалитен проект за нов терен , соблекувални , вода и сето она што сега го немаме. Инаку погрешно е да се мисли дека владата треба да ги спонзорира клубовите.
А како сето тоа функционирам спонзорирање и слично мислам дека е најдобро да земеме искуство од Германската 6 лига , зошто тие имат токму услови кон кои треба да се стремиме после 5 години.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Да не си таксист по професија?
Не, стварно, не гледам друго објаснување во муабетов... Зошто да се забрани?

Ова е исто ко некој да рече: „Имам проблем со болки во грбот“, а ти да речеш: „Убијте го“.
Од друга страна, три четвртини од форумџиите се согласуваат со него и тоа потполно... чудно?! :cautious:
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.285
спорт кој го водат “бизнисмени“ а не спортски работници,докажани во таа бранша,со врски и пријатели во Европа па и во цел свет - нема ниту С од спорт
 
P

PewDiePie

Гостин
Да бе,забрана за фудбал ќе ги реши проблемите во фудбалот во МК. Дури тогаш ќе паднеме на пониско ниво од Андора,сега уште сме малку пред нив,МАЛКУ.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.376
Од друга страна, три четвртини од форумџиите се согласуваат со него и тоа потполно... чудно?! :cautious:
Затоа што импулсивно го искажуваат својот гнев кон актуелната ситуација со поддржување на изјавата :)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Чекај малце, вие воа го викате ФУДБАЛ во Македонија ?:confused:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Доста бе Ѓоре кукаш...:D
Не чинеле условите во нашиот фудбал,ја откри ,Америка..:)
И треба да се забрани фудбалот,ама кој е будала да се откажи од златен рудник?се претурија во пари калапење....
Условите се тие,не само овие сезони,туку и години наназад...
Од 95 наваму,фудбалот е во голема криза....
И нема никакво подобрување,не само во клубскиот фудбал туку и на репрезентативен план...
Нека си гледа Ѓоре да ги ИЗБРКА од клубот сите тие мочковци од "звезди"шо се кренаа до небо по победите над (аматерски)тимови од Молдавија и од Малта...
И среќната победа над Анортизис...:Dсо 3 шута кон голот на две утакмици дадоа 3 гола:cool:
И сеа си мислеа дека ќе газат во лигата.а испадна обратно....
Треба деца шо ќе играат максимално да се трудат да победуваат,а не манекени кои губат од кој стигнат...:гик:
Не чинеле условите...
Па кога не чинат зошто ги плаќа Работнички играчите,за една ваква никаква лига земаат толкави плати?...
Ги плаќа за да излезат во Европа,да поминат неколку кола,да се афирмираат младите играчи,да се шитни некој играч,да се лапнат пари од преноси....
Направија одлична работа со младите,излегоа неколку добри играчи со голем потенцијал за во иднина...
Имаат најдобра школа моментално....
Но тие мора да се калат и да покажуваат добри игри во првенството,да редат победи...
А не само да дадат по 5-10 гола на банана екипи од Малта,а овде да губат од кој стигнат..
За ова се самите виновни...и Ѓоре и Поповски тука треба МАШКИ да си пресечат,ако сакаат да има успех клубот според она шо е вложено во него...
Инаку џабе критиките(кои се апсолутно на место,ама џабе е зборување,нема да се смени ништо)....:cenzura:
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
ако сакаме да имаме фудбал најпрво шо треба да се напрај е да се укинат преноси од било кое странско натпреварување(секако освен лига на шампиони, лига европа, светско, европско) и како шо рече некој погоре медиумите да се посветат на промовирање на нашиот фудбал..забраната пет години би била џабе со неа ништо нема да се постигни..треба промени..неможи кој стигни да води федерација..треба да се стават фудбалски фанатици оние кои навистина го сакат и разбират фудбало..во тоа треба да помогнат и државата и народо
 

Kajgana Shop

На врв Bottom