Ѓоре Јовановски: Со декрет да се забрани 5 години да се игра фудбал во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување

Се согласувате со Ѓоре?

  • Да, во потполност

    Гласови: 107 69,9%
  • Да, но би додал уште нешто

    Гласови: 11 7,2%
  • Делумно

    Гласови: 13 8,5%
  • Не

    Гласови: 22 14,4%

  • Вкупно гласачи
    153
Не не сум таксист извини.Не си тренирал фудбал па не ги знаеш овие работи изгледа.Да видиш се кој игра и тренира фудбал ќе ти се одмили веруј.
Сум тренирал фудбал. Ама очигледно ти си избегал на многу повеќе часови од мене.
Не е работата кој игра и тренира фудбал, туку кој ја води федерацијата, кој се грижи за лигата, репрезентацијата и клубовите. За кој ги пишува правилата и прописите, кој се грижи за нивно остварување.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 21:45 ---
A зашто да не се забрани..ја би да се тури пепел.. или ќе играме фудбал, или не се заебаваме и крај..Ја би 10 години да се забрани .
Дај не го тупете со бајки... Кој може да забрани играње на фудбал? Исто ко да забраниш да се диши загадениот воздух, наместо да бараш решение за почист воздух.
Наместо да плачете, концентрирајте се на вистинските проблеми.
 
Човеков 100 години е во нашиот фудбал и сега му текна дека фудбалот не чини? Каде беше со истиве муабети кога беше на врвот од македонскиот фудбал? Не дека не е делумно во право, но со вакви барања требаше да излезе многу порано, поточно уште кон крајот на 90тите години. Најголеми кривци за катастрофалниот македонски фудбал се оние кои ја водеа федерацијата до сега, но ништо помалку не сносат вина и тренерите, играчите итн. Истиве 10 години не се способни да направат едно здружение на прволигаши и тренери, истиве во прв план изминативе години ја ставаа пропаста на комшијата отколку личниот успех и нормално на крај решението ќе го бараат секаде само не кај самите себе. На Ѓоре сега му е најлесно, Работнички имаше катастрофална полусезона, амбициите им беа огромни, а сега се во зона на испаѓање, па со вакви изјави најлесно е да се залажат луѓето, пред се на оние на кои симпатиите им се кон Работнички. Сега луѓето наместо да мислат што се случи со Работнички, ќе се замараат со тоа дека фудбалот не чинел во државава.

Фудбалот во Македонија треба да се забрани не 5, туку 50 години, но проблемот е што и после 50 години пак ќе ги слушаме истиве изјави како тоа фудбалот не ни чини, немаме услови, а сето тоа поради нивната инфериорност и мрза да ги мрднат работите од мртва точка. Кога веќе ФФМ ништо не прави за македонскиот фудбал, тогаш играчите и тренерите треба да се организираат и да направат нешто корисно за истиот.
 
хахахахаха виц на денот- тренерите и не се некој битен фактор (верувам ке се пронајде дечкото што го пиша ова)
и те како тренерие се битен фактор особен на младинците им е многу потребен добар тренер :)))
иначе не сум за тоа да се забрани на 5 години да не се игра фудбал туку да се смени Харелампие секако и сите негови следбеници и фирмите кои ке вложуваат во спортот да бидат сосема ослободени од данок и да видите како ке тргне развојот у нагора линија
 
Сум тренирал фудбал. Ама очигледно ти си избегал на многу повеќе часови од мене.
Не е работата кој игра и тренира фудбал, туку кој ја води федерацијата, кој се грижи за лигата, репрезентацијата и клубовите. За кој ги пишува правилата и прописите, кој се грижи за нивно остварување.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 21:45 ---

Не сум бегал на часови јас.Туку сум поминал повеќе "часови" на стадион од тебе и ги знам работите.Знам дека се виновни челниците на федерацијата.Но не се само тие криви.Крива е државата пред се.
 
види ги што зборат. Ја уште од сега се нервирам што ќе треба да чекам до март за да продолжи сезоната, а они викаат 5 години.

Не е решение да се забрани фудбал. Треба да се исфрлат сите криминалци од ффм и да се стават луге кој навистина го сакаат фудбалот. Од тој момент се ќе тргне нагоре.
 
Дај не го тупете со бајки... Кој може да забрани играње на фудбал? Исто ко да забраниш да се диши загадениот воздух, наместо да бараш решение за почист воздух.
Наместо да плачете, концентрирајте се на вистинските проблеми.

ОК не да се забрани во буквална смисла, туку да се сведе на аматерски рамки..некое време нема да праќаме тимови за квалификации за ЛШ и ЛЕ ..За тоа време структурата на клубовите и федерацијата од корен да се измени, да се средат уште неколку стадиони низ државата и да се воведе правило кој и како може да игра,секоја екипа да приложува банкарска гаранција пред сезона, за да не се доведуваат во прашање некои глупи работи..како немање пари за судии или плати за фудбалери..или да клубот нема пари вода и струја и греење да плати..ова денес што го имаме е се само не нормално првенство и нормален фудбал.
 
Стоиме во место со фудбалот 20 години. Никаков напредок. Слаба гледаност на натпреварите. Мафија на чело на ФФМ. Јас се согласувам да се забрани фудбалот за 5 години, може и повеќе, се додека не се тргне Харалампие.
 
Не сум бегал на часови јас.Туку сум поминал повеќе "часови" на стадион од тебе и ги знам работите.Знам дека се виновни челниците на федерацијата.Но не се само тие криви.Крива е државата пред се.
... и поради тоа државата ќе помогне со тоа што ќе го забрани фудбалот на 5 години?
Не ја сфаќам поентата пак. Демек фудбалот ќе ни недостига толку многу тие 5 години, што конечно сите ќе се освестат и одеднаш магично ќе ги тргне и ќе станеме Шпанија и Италија?

Детски муабети... Толку од мене на темава, мислам дека нема поента да продолжувам понатаму.
 
хахахахаха виц на денот- тренерите и не се некој битен фактор (верувам ке се пронајде дечкото што го пиша ова)
и те како тренерие се битен фактор особен на младинците им е многу потребен добар тренер :)))
иначе не сум за тоа да се забрани на 5 години да не се игра фудбал туку да се смени Харелампие секако и сите негови следбеници и фирмите кои ке вложуваат во спортот да бидат сосема ослободени од данок и да видите како ке тргне развојот у нагора линија

Прочита ли за што правевме муабет и пред се го изгледа ли видеото?
 
Не се виновни соблекувалните за тоа што македонскиот фудбал ни е на ова дереџе. Точно е тоа дека нема стратегија, но проблемот јас го гледам во слабата афирмација на македонскиот фудбал кај младите.

Нема известувања по радио, нема давање пренос во живо по телевизиите на македонската лига, единствено што има е кажување на резултати по вести.

Па добро како ќе се привлечат младите потенцијални таленти да тренираат за локалните клубови кога самите клубови се на работ на анонимноста? Кога и самата лига нема некое значење во општеството, кога на младите не им е мотив да играат за македонски клуб (пошто не е прстижно) а камо ли да даваат се од себе.

Ѓоре можеби е прав за соблекувалните но тоа е само 1% кој не чини во македонскиот фудбал.
 
Стоиме во место со фудбалот 20 години. Никаков напредок. Слаба гледаност на натпреварите. Мафија на чело на ФФМ. Јас се согласувам да се забрани фудбалот за 5 години, може и повеќе, се додека не се тргне Харалампие.

Јас ова го зборувам сигурно веќе 10 години. Досега ќе беа поминати тие години. Според мене нема никаква основа да постои нешто кое ги нема основите услови за негово постоење. Фудбалот е срамота за Македонскиот спорт. Во овие 20 години се уништи и она што го имавме клубови како Победа, Брегалница, Вардар, Беласица...
Срамота е во денешни услови да се нема соблекувални, да нема греење, да нема тушеви, судиите да се тепат на напревари , за квалитетот на подлогата и стадионите да не зборувам. Стадионите или подобро кажано игралиштата ни станаа арена за меѓуетничко насилство и пресметка, освен хулигани, многу ретко да се види нормален гледач на терените.
Оние кои не се согласуват би ги замолел да ми релицират барем со една позитивна работа во МК фудбалот.
 
На Ѓоре треба да му дадат Нобелова награда за фудбал. Што, нема таква?

Ваков глуп и дебилен муабет ми доаѓа исто како да слушам таксист да збори за фудбал, а не професионален тренер.
Па црепови едни неписмени, работете напорно и обезбедете си услови. Ако не ви фаќа тоа црпката, најдете менаџери кои знаат да го водат фудбалот. Како може „за добро“ да биде неиграње 5 години?

Искрено, жал ми е за спортот во Македонија. Не само во фудбалот. Но, што ќе си издробат самите, тоа ќе го јадат.
Нели се изморивте од плачење? Не е време да направите некаква промена?


Не збори напразно.. се знае на кого цели во ваква изјава. ФФМ. Оние кои немаат стратегија не се клубовите, туку федерацијата.

Збори Ѓоре за натпревари, на еден натпревар неможеш да обезбедиш услови, а камо ли за тренинг кој професионалните клубови треба да го имаат двапати на ден.
Секоја зима клубовите ако веруваш имаат еден ден тренинг, следниот одмор. Како можеш да се напредува и да се биде компетитивен во евро натпреварите со вакви услови?

Зошто федерацијата дава милионски суми за изградба на „куќа на фудбалот“, а не ги даде за обезбедување на, во секој поголем град, минимални услови за тренинг и натпревар.

Се знае кој е корумпиран и кој ги шмука парите, само несмее јавно да говори, па дава вака празни изјави.
 
Не се виновни соблекувалните за тоа што македонскиот фудбал ни е на ова дереџе. Точно е тоа дека нема стратегија, но проблемот јас го гледам во слабата афирмација на македонскиот фудбал кај младите.

Нема известувања по радио, нема давање пренос во живо по телевизиите на македонската лига, единствено што има е кажување на резултати по вести.

Па добро како ќе се привлечат младите потенцијални таленти да тренираат за локалните клубови кога самите клубови се на работ на анонимноста? Кога и самата лига нема некое значење во општеството, кога на младите не им е мотив да играат за македонски клуб (пошто не е прстижно) а камо ли да даваат се од себе.

Ѓоре можеби е прав за соблекувалните но тоа е само 1% кој не чини во македонскиот фудбал.

Ѓоре не зборува само за соблекувалните туку за многу други проблеми. И да во правоси потребна е медиумска афирмација, но за нешто да се афирмира потребен е минимум на организација и инфраструктура, Нормално дека децата не сакат да играт фудбал во такви услови особно денес кога имат можност да видат што се случува во светот.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 22:12 ---
Зошто федерацијата дава милионски суми за изградба на „куќа на фудбалот“, а не ги даде за обезбедување на, во секој поголем град, минимални услови за тренинг и натпревар.

Се знае кој е корумпиран и кој ги шмука парите, само несмее јавно да говори, па дава вака празни изјави.

Диме имаш ли представа колку пари влегуват преку УЕФА во МК фудбалот на годишно ниво?
Одговори и од други членови се добродојдени.
 
Ако Ѓоре зборува за сето тоа што го кажавте погоре, тогаш Ѓоре треба да поработи на својот вокабулар.
Или едноставно вие читате мисли и знаете што сака да каже. Јас воопшто не слушнав Ѓоре да даде некаков конструктивен предлог. Единствен предлог беше „да се забрани фудбалот на 5 години“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom