Што ќе кажеш за Хургада?
Има негде да се прошета надвор од хотел, низ градот или околина и дали да се рента кола или со јавен превоз е подобро?
Јас и другарот Бојчо скоро во исто време бевме во Хургада, али имаме разалично искуство, т.е. различно ги доживеавме работите ваљда.
Јас имам многу лошо искуство, никад не би пошол пак. Таков примитивизам и притисок кој го пласираат мештаните е некоја чудна појава. Мене буквално ми го грабнаа телефонот од раце кај пирамидите, пробуваќи да сликам насилно ми го грабнаа и ми бараа пари за да ми го вратат, наводно како бакшиш за тоа што ќе ни направеле неколку слики. Ситуацијата буквално ескалира до тепачка. Замисли... знаменитос од таков левел како што се пирамидите да не се обезбедени од никакво обезбедување и да немаш апсолутно никаква сигурност, па тоа е страшна работа.
Потоа ме праша јавен превоз...
Ако мислиш на такси, те советувам никогаш да не влезеш во такси сам (или со девојка сами двајцата), само во поголема група или со препорачан превоз. Мене ме возеа еден саат (непотребено) само да ми земат фазла пари. Одбиваа да застанат.
Те грабаат за раце и буквално насила те внесуваат во некакви си нивни продавници, наводно бараат да напишеш нешто на твој јазик наменето за тамошни деца, нешто како реклама појма немам. Си имаа разработено некоја си таква шема и секаде истите муабети ги тераат со туристите. И премногу се агресивни ако одбиваш да ги слушаш и ако ги игнорираш. Јас во неколку наврати ќе направев ексцес.
Па турците се светлосни години понапред во туризмот од овие.
Хургада - НИКАД ВИШЕ!