Дали знаеш дека поголемите компании вложуваат повеќе во research and development на геометрија, и затоа наплаќаат повеќе?
Ако ептен цепидлачиме, дали ти како потрошувач, повеќе ќе веруваш на компанија што годиништа наназад заварува рамки и има беспрекорна контрола на квалитет (во твојава приказна Giant и Merida), или ќе веруваш на полска компанија што (веројатно) сама учела на колку степени се загрева алуминиумот за да го завариш?
И јас возев точак од low-volume произведувач (RAM од Бугарија) кој имаше убедливо најдобар пакет на делови на пазарот во тоа време, ама се кладам дека Trek или Specialized од сличен ценовен ранг ќе возеше подобро на спустови и ќе имаше подобро седење при качување.
Точакот не е само збир на деловите. Ако геометријата е прикрпена, стави му ти Фоксови и XTR на точакот, ама нема да прави ќеиф како точак со убаво осмислена рамка и Deore или SLX.