Општи вело муабети, прашања, совети

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.401
Поени од реакции
1.895
Ме интересира зошто баш Scott бараш во денешно време?Да го бараше до пред 10 и повеќе години ќе разберев ама сега кога 90% од рамките на сите фирми се прават во Giant и Merida бидејки Scott ги продаде 51% акции на тајванците не ми е јасно стварно.
Каква врска има тоа? Треба само Merida и Giant да возиме по таа логика? :)
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
953
Поени од реакции
812

Затоа што нема кај нас продавница што продава мерида...
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
1.154
Поени од реакции
502

Не туку таквите фирми поради своето име и реноме стекнато претходно кога не ги продале повеќе од половина акции денес пробуваат да живеат на стара слава наметнувајки повисоки цени од конкурентите па некој што не знае ќе ја оправда таа повисока цена.Не реков дека треба да возиме Giant и Merida туку има и други брендови кои за истите пари даваат подобра опрема од онаа што ќе ја платите за Scott.
Автоматски споено мислење:

Продаваа bikemarket но имаа неколку рекламации со пукнати рамки и можеби тоа е една од причините што не ги продаваат повеќе.
Да не испадне дека зборам на памет еве ви разлика во цена со слична опрема поточно малку подобра кај вториот на два модела 29 помеѓу амерички Scott и полски Romet кој сам си ги произведува рамките за разлика од Scott кој ги зима по нарачка од Тајван:http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&path=59_66&product_id=914
 
Последно уредено:

Sasa Ilic

Jeбач нероткиња.
Член од
24 август 2016
Мислења
1.774
Поени од реакции
3.213
Драги бајкери, велосипедистим авантуристи и како веќе Ви ја честитам новата 2020 година, ви посакувам здравје пред се и секој ден да биде погоден за возење велосипед, исто ви посакувам среќа, успех и радост на вас и вашите најблиски. И секако би можеле да направиме некоја туричка здравје од март-април. Живели
 
Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
410
Не туку таквите фирми поради своето име и реноме стекнато претходно кога не ги продале повеќе од половина акции денес пробуваат да живеат на стара слава наметнувајки повисоки цени од конкурентите па некој што не знае ќе ја оправда таа повисока цена.Не реков дека треба да возиме Giant и Merida туку има и други брендови кои за истите пари даваат подобра опрема од онаа што ќе ја платите за Scott.
Автоматски споено мислење:

Продаваа bikemarket но имаа неколку рекламации со пукнати рамки и можеби тоа е една од причините што не ги продаваат повеќе.
Да не испадне дека зборам на памет еве ви разлика во цена со слична опрема поточно малку подобра кај вториот на два модела 29 помеѓу амерички Scott и полски Romet кој сам си ги произведува рамките за разлика од Scott кој ги зима по нарачка од Тајван:http://www.bikemarket.mk/index.php?route=product/product&path=59_66&product_id=914
Дали знаеш дека поголемите компании вложуваат повеќе во research and development на геометрија, и затоа наплаќаат повеќе?

Ако ептен цепидлачиме, дали ти како потрошувач, повеќе ќе веруваш на компанија што годиништа наназад заварува рамки и има беспрекорна контрола на квалитет (во твојава приказна Giant и Merida), или ќе веруваш на полска компанија што (веројатно) сама учела на колку степени се загрева алуминиумот за да го завариш?

И јас возев точак од low-volume произведувач (RAM од Бугарија) кој имаше убедливо најдобар пакет на делови на пазарот во тоа време, ама се кладам дека Trek или Specialized од сличен ценовен ранг ќе возеше подобро на спустови и ќе имаше подобро седење при качување.

Точакот не е само збир на деловите. Ако геометријата е прикрпена, стави му ти Фоксови и XTR на точакот, ама нема да прави ќеиф како точак со убаво осмислена рамка и Deore или SLX.
 
А ти мислиш дека тајванците нафта пијат?Не знаат за долгогодишниот квалитет на американците па решиле сами да си осмислуваат геометрии на нивните рамки наместо да направат COPY - PASTE од истите откако претходно им го купуваат управувачкиот пакет на акции и со тоа имаат пристап за нивната технологија. Друже Кина е проектирана да биде новата Америка од истата елита која претходно го создаде јапанското чудо на почеток на 20 век и која од Америка направи империја па откако ја исцица сега ја пушта низ вода со тоа што економски ќе ја уништи преку преселба на погоните на сите фирми што ја држеа.Ако бар малку имаш познавање од глобализација и геополитка ќе ме разбереш што зборувам.
Автоматски споено мислење:

БАБА ЛАЖЕ ТРАП НЕ ЛАЖЕ.Овој сајт има наслов Giant Factory Taiwan (Many brands, One factory)
А јас ги прашувам оние што уште веруваат во американските брендови што мајка бара кутија од SCOTT во фабриката на GIANT а која може да се види на третата фотографија.
 
Последно уредено:

Martinmkd

Roadie
Член од
20 мај 2009
Мислења
296
Поени од реакции
410
Прво, не одговори на главното прашање кое го поставив. Второ, почна да зборуваш за империи, нови Америки и нов светски поредок, што ми става до знаење со каков лик дискутирам.

Тука ќе престанам да дискутирам на оваа тема и ги поттикнувам членовите кои читаат да бидат внимателни кои информации ќе ги земат здраво за готово.
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
953
Поени од реакции
812
Да посочите некој од ск што продава половни но очувани велосипеди?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
1.154
Поени од реакции
502
Да посочите некој од ск што продава половни но очувани велосипеди?
Оди кај Васко во Ѓорче Петров поточно Јурија кај насипот.Дечкото поштено работи и велосипедите му се ептен сочувани.Ќе го најдеш на facebook страницава:
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
953
Поени од реакции
812
Оди кај Васко во Ѓорче Петров поточно Јурија кај насипот.Дечкото поштено работи и велосипедите му се ептен сочувани.Ќе го најдеш на facebook страницава:
Go znam ovoj. Da ne znaes nekoj drug?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
1.154
Поени од реакции
502
Go znam ovoj. Da ne znaes nekoj drug?
Има еден босанец во Ченто лево нагоре низ брдото продава Cube но не го препорачувам.Друг кој би му конкурирал на Васко е само овој во Радовиш:
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
953
Поени од реакции
812
Има еден босанец во Ченто лево нагоре низ брдото продава Cube но не го препорачувам.Друг кој би му конкурирал на Васко е само овој во Радовиш:
A ovoj velosipedi radovis na facebook?
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
953
Поени од реакции
812
Поскап е тој во Радовиш.
Јас како што направив споредба овој од радовиш има најдобри цени во сооднос со квалитет. Само сакам да ве прашам дали знаете каде може да се најдат модели на кјуб и на скот од 2019 та година пошо новиве модели од 2020 та некако немаат добар изглед. Зборам за нови од продавница.
 
На врв Bottom