Лабрадорот е женка и наполни сега 5 месеци. Имам проблем кога негде ке ја пуштам на отворено онака не ме ферма или доага рипа на мене и гриза. Некој да ми помогне како да и докажам дека не треба така ?
Тоа е така затоа што околината одма и станува поинтересна од тебе. Сака да ја испита, доживува еуфорија, збеснува, се радува и така натака. Мора дресура дури е помала оти после мака ќе мачиш. Јас знам два начини на дресирање. Едниот е со награда, другиот е со тро чотек. Првиот е кога ќе ја направи посакуваната реакција која сакаш да ја зацврсти и запомни, ја наградуваш и со тоа ја мотивираш повторно да ја направи реакцијата. Во случајов мислам дека најпаметно ти е кога ќе дојде да ја наградиш со нешто, потфрли и за јадење пример зрнце од кучешката храна. По некое време пак повикај ја и чим се смири дај и повторно. Некој поискусен нека кажи и друго мислење, од мене толку
Вторниот начин со чотек е кучето да ти го има стравот што до некаде е ок, да не му дозволиш да се почувствува газда и главно, туку ти да бидеш центарот на внимание, па после околината. Обично со весниче или слично се подудрува кога здивува.
И двата процеси се тро напорни и бараат време. Пробај зауздај го сега оти кога ќе пречекори година и нешто мака можи да си имаш со дресурата.
Јас имам машки ретривер и си трчка пуштен се, кога ќе го викнам или мрднам со синџирот се враќа, ама ако види кучка ко шо е збеснат за парење, се исклучува и правец кај кучката