Лабрадор Ретривер

Член од
29 август 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Иако според стандардот на ФЦИ лабрадорот е запишан како англиска раса, сепак тој води потекло од Канада, поточно полуостровот Њуфаундленд.
Изгледа дека расата своето име го добила од лордот од Малмесбури. Тој, својот прв лабрадор го купил од рибари во 1870 година. После него, значајна улога во одгледувањето на оваа раса имала грофицата Хау, чии кучиња, дури неколку пати едноподруго освојувале најголеми признанија на натпревари во Велика Британија.
Порано, овие кучиња биле само црни. Денеска жолтите се повеќе популарни, но погледот на црн лабрадор представува вистинско задоволство.

Стандардот според ФЦИ му ги препишува следниве карактеристики на овој пес:

ПОТЕКЛО : Велика Британија
ДАТА НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ОРИГИНАЛНИОТ ВАЛИДЕН СТАНДАРД : 24.06.1987

ИЗГЛЕД : Цврсто граден, мошне активен, широк во черепот, широк и длабок во градите и ребрата, широк и силен во слабините и задните нозе.

ОДНЕСУВАЊЕ/ТЕМПЕРАМЕНТ : Добродушен, мошне подвижен. Љубител на вода, лесно прилагодлив, посветен пријател. Без присуство на агресија.

ГЛАВА : Широк череп, со дефиниран стоп, без месести образи, добро развиен нос. Вилици со средна должина, добро формирано маказно забало. Горната вилица се преклопува над долната без меѓу простор и забите се вертикално поставени.
Очи со средна големина, изразуваат интелигенција и добар карактер, боја лешник или кафеава боја.
Уши не преголеми или претешки, се наогаат близу до главата и се всадени понаназад.

ТЕЛО : Рамна грбна линија, широки и длабоки гради кои се добро заоблени, широки и снажни слабини.

ОПАШКА : Карактеристична за лабрадорот, мошне дебела при основата, постепено стеснувајќи се кон врвот, средна должина, без ресички, но покриена со дебело, кратко крзно, што и дава кружен изглед. Не смее да го носи свиткано и над грбната линија.

ЕКСТРЕМИТЕТИ : Предните нозе се прави од лактот па се до крајот, кога се набљудуваат од страна или од напред. Задните нозе се добро развиени, паралелни, и со јака мускулатура.

ШЕПИ : Заоблени и компактни, со развиени перничиња.

ДВИЖЕЊЕ : Се движи слободно и сигурно, а предните и задните нозе се паралелни.

КРЗНО : Карактеристично за лабрадорот, кратко, густо, не е брановито и без ресички, и при добир не е грубо. Густа поддлака која е отпорна на лоши услови.

БОЈА : Целосно црна, жолта или чоколадна. Жолтата може да варира од светло крем до црвена - red fox. Мала белина на градите е дозволена.

ГОЛЕМИНА : Мажјак 56-57 cm Женка 54-56 cm

ТЕСТИСИ : Мажјаците мораат да имаат целосно развиени тестиси кои се потполно спуштени во скротумот.

ГРЕШКИ : Секое одстапување од горенаведеното ќе биде сметано за дискфаликациона грешка. Секое куче кое ке покаже физички или психички абнормалности ќе биде дискфалификувано.
Постојат мали измени во стандардот, со кој се опишува заобленоста на градниот кош и квалитетот на крзното.

AMCAN CH Woodhull’s Roger That


CH Pepper od Himalajskeho Cedru


Ch.Everwoods Eagertrieve Iceman 1








И за крај, секогаш весели и подготвени за игра... :D


Па луѓе сите што сте горди сопственици на оваа раса, или пак сте нивни љубители, Ве поканувам на дискусија и размена на мислења, бидејќи има многу да се зборува за нив.
[DOUBLEPOST=1409315913][/DOUBLEPOST]zdravo! sakam da prasam dali nekoj od vas ima mali labradorcinja, mislam na masko.Veke podolgo vreme baram ili se prodadeni ili nema
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.902
[DOUBLEPOST=1409315913][/DOUBLEPOST]zdravo! sakam da prasam dali nekoj od vas ima mali labradorcinja, mislam na masko.Veke podolgo vreme baram ili se prodadeni ili nema
ете кога ќе порасната на SaltNPepa ќе дава по едно машко ... а ја сакам кафеаво ако не ги таксале веќе :D
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.860
Поени од реакции
2.421
[DOUBLEPOST=1409315913][/DOUBLEPOST]zdravo! sakam da prasam dali nekoj od vas ima mali labradorcinja, mislam na masko.Veke podolgo vreme baram ili se prodadeni ili nema
Пиши ми ПП ќе ти дадам повеќе информации.

ете кога ќе порасната на SaltNPepa ќе дава по едно машко ... а ја сакам кафеаво ако не ги таксале веќе :D
Едно од чоколадните е сеуште слободно. Но, прво бираме ние, бидејќи едно останува. :D
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
9.961
Поени од реакции
14.902
Пиши ми ПП ќе ти дадам повеќе информации.


Едно од чоколадните е сеуште слободно. Но, прво бираме ние, бидејќи едно останува. :D
што е тоа битно ... (кое и да го избереш поголемо посилно и слично), важно е на кученцето да му пружиш љубов а оно ќе те награди со верност и пријателство .. впрочем и затоа ги чуваме нели :)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
15
Поени од реакции
19
Можи некој да ме посоветува каде да се обратам за купување Лабрадор?
И чисто информативно колку пари би коштало?
Фала однапред. :)
 
Член од
24 мај 2007
Мислења
78
Поени од реакции
7
Ајде ве молам, некој поупатен за расава совет за мало лабрадорче да ми дај,некој добар линк,побарав нешто на (нет) ама штури некако...........кажете за храна витамини .други додатоци во храна,домашно зготвено, од колку до колку месеци,тренинг трчање,крзно и сл.
Фала однапред!!!!
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.257
Поени од реакции
3.074


Koлку што се разбирам јас ова ми личи на мешавина од лабрадор. Мислења ?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.068
Поени од реакции
30.159

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.860
Поени од реакции
2.421
Ептен е убав. Додуша прв пат гледам ваква боја на Лабрадор Ретривер, ама доста интересна ми е.
Temna cokoladna boja. drugiot cokoladen e uste potemen,skoro crn da ne recam. Porasnaa :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom