Лабрадор Ретривер

Дискусија во форумот 'Кучиња' започната од SaltNPepa, 4 јануари 2013.

  1. SaltNPepa

    SaltNPepa Other's envy, owner's pride!!!

    Член од:
    14 септември 2012
    Мислења:
    1.715
    Допаѓања:
    2.244
    Иако според стандардот на ФЦИ лабрадорот е запишан како англиска раса, сепак тој води потекло од Канада, поточно полуостровот Њуфаундленд.
    Изгледа дека расата своето име го добила од лордот од Малмесбури. Тој, својот прв лабрадор го купил од рибари во 1870 година. После него, значајна улога во одгледувањето на оваа раса имала грофицата Хау, чии кучиња, дури неколку пати едноподруго освојувале најголеми признанија на натпревари во Велика Британија.
    Порано, овие кучиња биле само црни. Денеска жолтите се повеќе популарни, но погледот на црн лабрадор представува вистинско задоволство.

    Стандардот според ФЦИ му ги препишува следниве карактеристики на овој пес:

    ПОТЕКЛО : Велика Британија
    ДАТА НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ОРИГИНАЛНИОТ ВАЛИДЕН СТАНДАРД : 24.06.1987

    ИЗГЛЕД : Цврсто граден, мошне активен, широк во черепот, широк и длабок во градите и ребрата, широк и силен во слабините и задните нозе.

    ОДНЕСУВАЊЕ/ТЕМПЕРАМЕНТ : Добродушен, мошне подвижен. Љубител на вода, лесно прилагодлив, посветен пријател. Без присуство на агресија.

    ГЛАВА : Широк череп, со дефиниран стоп, без месести образи, добро развиен нос. Вилици со средна должина, добро формирано маказно забало. Горната вилица се преклопува над долната без меѓу простор и забите се вертикално поставени.
    Очи со средна големина, изразуваат интелигенција и добар карактер, боја лешник или кафеава боја.
    Уши не преголеми или претешки, се наогаат близу до главата и се всадени понаназад.

    ТЕЛО : Рамна грбна линија, широки и длабоки гради кои се добро заоблени, широки и снажни слабини.

    ОПАШКА : Карактеристична за лабрадорот, мошне дебела при основата, постепено стеснувајќи се кон врвот, средна должина, без ресички, но покриена со дебело, кратко крзно, што и дава кружен изглед. Не смее да го носи свиткано и над грбната линија.

    ЕКСТРЕМИТЕТИ : Предните нозе се прави од лактот па се до крајот, кога се набљудуваат од страна или од напред. Задните нозе се добро развиени, паралелни, и со јака мускулатура.

    ШЕПИ : Заоблени и компактни, со развиени перничиња.

    ДВИЖЕЊЕ : Се движи слободно и сигурно, а предните и задните нозе се паралелни.

    КРЗНО : Карактеристично за лабрадорот, кратко, густо, не е брановито и без ресички, и при добир не е грубо. Густа поддлака која е отпорна на лоши услови.

    БОЈА : Целосно црна, жолта или чоколадна. Жолтата може да варира од светло крем до црвена - red fox. Мала белина на градите е дозволена.

    ГОЛЕМИНА : Мажјак 56-57 cm Женка 54-56 cm

    ТЕСТИСИ : Мажјаците мораат да имаат целосно развиени тестиси кои се потполно спуштени во скротумот.

    ГРЕШКИ : Секое одстапување од горенаведеното ќе биде сметано за дискфаликациона грешка. Секое куче кое ке покаже физички или психички абнормалности ќе биде дискфалификувано.
    Постојат мали измени во стандардот, со кој се опишува заобленоста на градниот кош и квалитетот на крзното.

    AMCAN CH Woodhull’s Roger That
    [​IMG]

    CH Pepper od Himalajskeho Cedru
    [​IMG]

    Ch.Everwoods Eagertrieve Iceman 1
    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    И за крај, секогаш весели и подготвени за игра... :D
    [​IMG]

    Па луѓе сите што сте горди сопственици на оваа раса, или пак сте нивни љубители, Ве поканувам на дискусија и размена на мислења, бидејќи има многу да се зборува за нив.
     
    На beaverknight, Usher$, aquascape и уште 19 други им се допаѓа ова.
  2. NikolaMKD91

    NikolaMKD91 Гостин

    Лабрадор ретривер - мојата омилена раса <3

    Едно прашање ако може до поупатените љубители на оваа раса. Дали е точно дека бела женка лабрадор секогаш раѓа црни кученца, а на црна женка лабрадор потомството и е секогаш со бело крзно ?
     
    На SaltNPepa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SaltNPepa

    SaltNPepa Other's envy, owner's pride!!!

    Член од:
    14 септември 2012
    Мислења:
    1.715
    Допаѓања:
    2.244
    Не :) се е до генетиката. Секое куче носи еден од трите гена: B-црн, E-жолт и b-рецесивен (црн) ген за чоколадна боја.

    Комбинацијата помеѓу овие гени ја одредува бојата на малите. Постојат и табели за тоа од прилика процентуално што може да се очекува во леглото, ако се знаат што носат родителите, ке ја постирам здравје натаму :)

    п.с. Нема бел лабрадор, има само жолт кој може да варира од светло крем боја до fox црвена боја.
     
    На Shakti, Lu и NikolaMKD91 им се допаѓа ова.
  4. Schürrle

    Schürrle can't be touched

    Член од:
    19 ноември 2008
    Мислења:
    2.771
    Допаѓања:
    1.620
    Да да, точно е дека е до гените, значи еве јас имам лабрадор, не е ретривер, исто така е црн. Женката и мажјакот беа црни, а сепак се роди 1 жолто и 1 кафено, нема врска тоа, секогаш значајна улога имаат и гените :D
     
    На NikolaMKD91 и SaltNPepa им се допаѓа ова.
  5. Nymphadora

    Nymphadora Емоцинално незрело џубре

    Член од:
    2 февруари 2009
    Мислења:
    987
    Допаѓања:
    1.671
    Ако не ве освојат со изгледот... тогаш со карактерот дефинитивно ве освојуваат.
    Одпрво се многу плашливи и бараат постојано заштита и внимание, многу брзо се прилагодуваат и се учат на навиките на газдите, но знаат да бидат и многу своеглави и да си го тераат тоа што го намислиле.
    Како и да е... му се вовлекуваат на човек под кожа толку брзо и неприметно, стануваат дел од семејството, толку верни и толку мили суштества... можете комотно со деца да ги оставите и да не се секирате воопшто за безбедноста на детето, затоа што се многу внимателни и нежни кон децата.

    Можеби не знаат да зборуваат... али доволно е еден поглед нивни, за да сватите дека го сваќаат секој ваш збор.
    Многу се чуствителни и интелигентни, и многу добро знаат како се чуствувате (дали сте лути, нерасположени, среќни, тажни, исплашени) затоа и се многу добри во тренингот со други кучиња. Затоа што не се доминантни и не покажуваат агресија према ниедна друга раса, можете да ги шетате со било кое куче, единствено што може да ви биде проблем е нивниот темперамент.
    Многу се активни и сакаат да си играат, постојано... во било кое време од денот тие би си играле со вас или со било кој друг што е расположен за добро трчање и игра :D буквално знаат да го разбудат детето во вас и да ве направат да се чуствувате многу релаксирано, да заборавите на сите проблеми што ги имате и да гледате на светот околу вас поинаку.

    Љубовта што ја даваат е неизмерна, ве сакаат со цело срце и секоја разделба им паѓа многу тешко, а тоа може да го видите во нивните очи. Доволно е еден нивни поглед за да направат да се чувствувате виновен, тажен, среќен... затоа и разделбите со вакво куче се многу тешки за самиот сопственик.
    Многу добро се снаоѓаат со постари лица и се одлични водичи за слепи или за лица со посебни потреби. Обожаваат да бидат зафатени, да им се даде некоја обврска, да се чуствуваат важни за луѓето, затоа што луѓето за нив се најбитното нешто.

    Многу темпераментни во првите неколку години и многу блесави :D знаат буквално да збрлават по дома, ако се многу среќни и ако сте човек што сака да си игра со нив. Нивната опашка е постојано во движење и на сите можни страни... па воопшто не треба да ве чуди ако успат ви соберат нешто или скршат. Знаат многу да бидат инаетливи ако не си ги исполнувате обврските кон нив и знаат да ве казнат.
    Многу паметни кучиња се... така да ако тргнете со мисла дека се само животни... многу ќе се каете :D

    За учење... е многу лесно доколку им кажете јасно што сакате од нив и доколку сте сериозни. Но тие и самите успат учат многу работи за вас и за околината во која се наоѓаат така да нека не ве чуди ако некој ден видите дека сами си отвараат фиоки или врати, или сами си се послужиле со нешто од кујната :D точно знаат кај кој член од семејството можат да поминат најлесно и да го добијат посакуваното.
    Се на се, прекрасни суштества.

    Би пишувала уште многу работи... али ионака многу изнапишав. :)
     
    На beaverknight, F_Filter, Mastiff и уште 13 други им се допаѓа ова.
  6. Топче

    Топче Арсеналиста

    Член од:
    18 септември 2010
    Мислења:
    8.562
    Допаѓања:
    12.707
    Разлика меѓу лабрадорите:
    http://www.woodhavenlabs.com/english-american.html

    Имам и јас лабрадор, ама не е мал и буцкаст (show bred) како овие на сликиве (како што бара ФЦИ).
    Туку е повисок и послаб (Field Bred).
     
    На pacienat му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SaltNPepa

    SaltNPepa Other's envy, owner's pride!!!

    Член од:
    14 септември 2012
    Мислења:
    1.715
    Допаѓања:
    2.244
    Nymphadora, одличен пост! Слободно пишувај :)

    Јас можам многу да пишувам во врска со изложбите, со познатите кучиња кои оставиле траги во историјата на лабрадорот, дел во поглед на здравјето итн.
    Треба да се збогати оваа тема :)

    Во прашање се линии на лабрадори, од минатото до денес се имаат многу изменето називите, затоа нема да речам изложбен или работен пес, затоа што и изложбениот пес може да биде работен. :)

    А да, јас овој текст го имам преведувано за еден друг форум, многу е застарен, сега го погледнав, одамна е напуштена ваквата класификација.
     
    На Топче му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The Edge^

    The Edge^ the force

    Член од:
    11 јуни 2011
    Мислења:
    2.882
    Допаѓања:
    2.397
    Ajде и јас да се придружам.
    И јас имам лабрадорче дома, жолт.
    Го имам уште од 2риот месец на раѓање, сега веќе има 7 месеци. Млад е уште и многу е блесав, енергичен и многу сака да јаде што е типично за нив. И така стана малку дебелко ама ако.
    Многу е силен и е граден по мерките кои се наведени во првиот пост. Ќе постирам и слики од него. :)
     
    На Nymphadora и SaltNPepa им се допаѓа ова.
  9. SaltNPepa

    SaltNPepa Other's envy, owner's pride!!!

    Член од:
    14 септември 2012
    Мислења:
    1.715
    Допаѓања:
    2.244
    Добредојде и ти со твојот палавко. Ако можеш напиши кои се неговите родители :)
     
  10. The Edge^

    The Edge^ the force

    Член од:
    11 јуни 2011
    Мислења:
    2.882
    Допаѓања:
    2.397
    DSCN0098.JPG
    Oвде е нешто помлад, некаде 5-6 месеци.
    А за родителите незнам. Од србија е донесено, со педигре.
     
    На Patrick, nilla-vanilla, Azriel и уште 4 други им се допаѓа ова.
  11. Doc Holliday

    Doc Holliday Модератор

    Член од:
    5 ноември 2010
    Мислења:
    5.038
    Допаѓања:
    3.937
    Сте ја сретнале некогаш мутацијава?
    [​IMG]
     
    На Staniskov му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Barto

    Barto

    Член од:
    8 март 2012
    Мислења:
    3.058
    Допаѓања:
    1.248
    Омилената раса, дефинитивно едни од најпаметните кучиња, имам многу документарци гледано и читано ... и најинтересно ми е дека може да носи кокошкино јајце во устата без да го скрши :)
     
    На Shakti и SaltNPepa им се допаѓа ова.
  13. SaltNPepa

    SaltNPepa Other's envy, owner's pride!!!

    Член од:
    14 септември 2012
    Мислења:
    1.715
    Допаѓања:
    2.244
    Тоа е така затоа што лабрадорот е апортер, пленот мора да го донесе неоштетен, тоа е нешто што се испитува на испитот за вродени способности :)
    Ова е мешање на различни раси.
     
  14. Barto

    Barto

    Член од:
    8 март 2012
    Мислења:
    3.058
    Допаѓања:
    1.248
    Затоа и слушнав дека го користат во екипи за спасување и слично.
    Да не е мешање на повеќе видови лабрадори ? :)
     
  15. SaltNPepa

    SaltNPepa Other's envy, owner's pride!!!

    Член од:
    14 септември 2012
    Мислења:
    1.715
    Допаѓања:
    2.244
    Нема повеќе видови лабрадори, еден е лабрадор ретривер :)

    Ќе поставам што се се испитува на тој испит, само текстот ми е на српски, бидејки за жал во Македонија не се спроведува, најблиску е во соседна Србија.
    Со положен испит, кучето може да се стекне со право за интернационален шампион, бидејки лабрадорот е раса која подлежи на ваквиот работен испит.
    Ние во Македонија сега за сега имаме еден таков шампион, горда сум што ке кажам дека тоа е мајката на мојата лабрадорка :)
     
    На Azriel, Lu и mandak им се допаѓа ова.

Сподели преку: