Делуваше тешко, но јас не мислам дека одигравме толку лошо. Реално одигравме за 10+ разлика, единствената причина зошто беше тесна разликата се 6 промашени пенали, 3 промашени празни гола, 22 одбрани на противничките голмани. Всушност со ваква статистика чудо е како тепавме - а причината е во тоа што сме далеку поквалитетна репрезентација.
Ми се допадна како изигра Ѓеоргиев. Коректен беше и со Данска. Денес уште подобар. Покажува знаци дека може да го понуди она што ни фали, она што Миркуловски го носи со себе во екипата. Нормално, млад е, треба уште многу да работи, и не дај боже да се уфилма, но мислам дека се работи за доста вреден дечко, кој секогаш бил во втор план низ младинските категории за со пот и амбиција да се пробие до сениори.
Инаку и натаму провејуваат истите проблеми:
1. Немаме квалитетни играчи за одбрана на 3 и 4. Пробуваме различни опции, ќе пробаме уште еден куп, ама реалноста е дека ниту на клупско ниво ниту една од опциите не е на ниво за квалитетна репрезентација на ниво на европско или светско првенство. Ова важи и за тие што се повикани и за тие што не се. Талески, Мишевски, Н.Маркоски, Младеновиќ, Кузмановски, Кукоски, В.Маркоски, Димитриевски, Аларов итн, ниту еден не е некоја екстра класа во одбрана. Физички најголеми шанси имаат Талески и Мишевски и затоа ги форсираат а не затоа што се добри. На ова директно се надоврзува вториот проблем...
2. Имаме премногу играчи што играат само напад. Ова е особено симптоматично кај пикерите. Пешевски игра само напад, Столе влегува во фаза на кариера каде веројатно треба да игра само напад, Н.Маркоски е лош офанзивец и просечен дефанзивец. Некако крпиме сеуште со Столе, но кога противникот игра брза транзиција, ако не дадеме гол во напад секогаш имаме проблем додека поставиме одбрана (Столе, често од падната позиција, треба да се врати а е побавен од противничките бекови, Кире треба некако да го скриеш на крило итн.). Дали ќе биде тоа пикер или бек, некако мора да најдеме барем еден играч со екстра квалитет во одбрана кој може да биде најмалку просечен во напад. Без таков играч тешко ќе можеме да мрднеме чекор напред. А ако најдеме таков играч, сите други коцки после тоа многу полесно ќе се вклопат и многу играчи кои сега изгледаат бесмислено ќе добијат смисла во екипата.
На ЕП во Хрватска, играше на отприлика такво ниво Талески и затоа имавме добар резултат. Оттогаш наваму немаме добри резултати затоа што немаме таков играч. Впрочем и затоа е толку форсиран, бидејќи се водат од логиката дека ако еднаш можел, можеби можат да му ја воскреснат кариерата (засега не покажува такви знаци, уназаден е поприлично и во напад и во одбрана).
Темелков и Миркуловски беа играчите кои ја овозможуваа таа флексибилност во градење на екипата претхнодно (иако не играа на 3/4 во одбрана туку на 2/5) - а во тие времиња се играше за нијанса побавно и полесно беше да се направат 2 замени ако се идеално функционира отколку што тоа е сега. Така и дојдоа добрите првенства во 2009, 2012 и 2015та.
Во денешно време, практично се потребни минимум 2 такви играчи. Ако за едниот што ќе игра колку толку добро и во напад и во одбрана на 2/5 има реални надежи во Кузмановски (кој иако прави доста глупости, брка работа и сега а има простор и за напредок), другиот кој ќе треба да игра на 3/4 го бараме. И додека не го најдеме тешко ќе направиме чекор напред т.е. повторување на добар пласман како 2009/2012/2015/2018.