Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Нема други кои да земат, за жал.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Нема други кои да земат, за жал.
Кукуловски за Мишевски е Пепи Манасков и Славко Голужа во едно.
Телево во одбрана можда ќе брка работа, во напад е очаен, додека Мишевски со тие копанките поспор од Димовски е, ни за во одбрана го бива ни за во напад, неподвижен закржлавен играч, многу го плукаме ама тоа е реалноста, не му е местото ниту во репрезентација ниту во Вардар.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665

Gjorgiev dobar (y)
Steta sto ne go realizirase i tretiot penal...
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Gjorgiev dobar (y)
Steta sto ne go realizirase i tretiot penal...
Ѓоргиев во напад за негови стандарди си изигра за чиста десетка со исклучок на промашениот пенал и после одбиената топка зицерот, но на секому му се случува тоа.
Се надевам Лазаров после утакмицава ако веќе не му е јасно ќе му стани појасно кој играчи заслужуваат а кој не место во репрезентација.
Утакмица во која шо лесно можевме да загубиме а и лесно да тепаме со некој 10 разлика доколку не се изнапромашевме, ке беше итекако битно да набилдаме добра гол разлика за зголемување на шансите да бидеме во втор шешир во извлекувањето на групите за европско.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Кукуловски за Мишевски е Пепи Манасков и Славко Голужа во едно.
Абе да играше и он, немаше да биде ништо подобар. Тоа е нивото на овие играчи. Проблем е што ние се замајуваме. Претходното првенство Мишевски изигра океј 2-3 утакмици, сите го баравме него, да му се даде поголема шанса. Кога му се даде, видовме дека не го бива. Тие циклуси со купишта играчи ги вртиме. Знаат овие од стручен штаб на кој до кај му е нивото повеќе од нас. Има причина зошто ги носат овие.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Абе да играше и он, немаше да биде ништо подобар. Тоа е нивото на овие играчи. Проблем е што ние се замајуваме. Претходното првенство Мишевски изигра океј 2-3 утакмици, сите го баравме него, да му се даде поголема шанса. Кога му се даде, видовме дека не го бива. Тие циклуси со купишта играчи ги вртиме. Знаат овие од стручен штаб на кој до кај му е нивото повеќе од нас. Има причина зошто ги носат овие.
Мишевски изигра една океј утакмица против Швајцарија, погоди во клучен момент со ала Дувњак шутот 1-2 пати, друго све од него шо видовме е под просек и катастрофа, сериозно Кукуловски од Мишевски нема да биде ништо подобар?
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Делуваше тешко, но јас не мислам дека одигравме толку лошо. Реално одигравме за 10+ разлика, единствената причина зошто беше тесна разликата се 6 промашени пенали, 3 промашени празни гола, 22 одбрани на противничките голмани. Всушност со ваква статистика чудо е како тепавме - а причината е во тоа што сме далеку поквалитетна репрезентација.

Ми се допадна како изигра Ѓеоргиев. Коректен беше и со Данска. Денес уште подобар. Покажува знаци дека може да го понуди она што ни фали, она што Миркуловски го носи со себе во екипата. Нормално, млад е, треба уште многу да работи, и не дај боже да се уфилма, но мислам дека се работи за доста вреден дечко, кој секогаш бил во втор план низ младинските категории за со пот и амбиција да се пробие до сениори.

Инаку и натаму провејуваат истите проблеми:

1. Немаме квалитетни играчи за одбрана на 3 и 4. Пробуваме различни опции, ќе пробаме уште еден куп, ама реалноста е дека ниту на клупско ниво ниту една од опциите не е на ниво за квалитетна репрезентација на ниво на европско или светско првенство. Ова важи и за тие што се повикани и за тие што не се. Талески, Мишевски, Н.Маркоски, Младеновиќ, Кузмановски, Кукоски, В.Маркоски, Димитриевски, Аларов итн, ниту еден не е некоја екстра класа во одбрана. Физички најголеми шанси имаат Талески и Мишевски и затоа ги форсираат а не затоа што се добри. На ова директно се надоврзува вториот проблем...

2. Имаме премногу играчи што играат само напад. Ова е особено симптоматично кај пикерите. Пешевски игра само напад, Столе влегува во фаза на кариера каде веројатно треба да игра само напад, Н.Маркоски е лош офанзивец и просечен дефанзивец. Некако крпиме сеуште со Столе, но кога противникот игра брза транзиција, ако не дадеме гол во напад секогаш имаме проблем додека поставиме одбрана (Столе, често од падната позиција, треба да се врати а е побавен од противничките бекови, Кире треба некако да го скриеш на крило итн.). Дали ќе биде тоа пикер или бек, некако мора да најдеме барем еден играч со екстра квалитет во одбрана кој може да биде најмалку просечен во напад. Без таков играч тешко ќе можеме да мрднеме чекор напред. А ако најдеме таков играч, сите други коцки после тоа многу полесно ќе се вклопат и многу играчи кои сега изгледаат бесмислено ќе добијат смисла во екипата.

На ЕП во Хрватска, играше на отприлика такво ниво Талески и затоа имавме добар резултат. Оттогаш наваму немаме добри резултати затоа што немаме таков играч. Впрочем и затоа е толку форсиран, бидејќи се водат од логиката дека ако еднаш можел, можеби можат да му ја воскреснат кариерата (засега не покажува такви знаци, уназаден е поприлично и во напад и во одбрана).

Темелков и Миркуловски беа играчите кои ја овозможуваа таа флексибилност во градење на екипата претхнодно (иако не играа на 3/4 во одбрана туку на 2/5) - а во тие времиња се играше за нијанса побавно и полесно беше да се направат 2 замени ако се идеално функционира отколку што тоа е сега. Така и дојдоа добрите првенства во 2009, 2012 и 2015та.

Во денешно време, практично се потребни минимум 2 такви играчи. Ако за едниот што ќе игра колку толку добро и во напад и во одбрана на 2/5 има реални надежи во Кузмановски (кој иако прави доста глупости, брка работа и сега а има простор и за напредок), другиот кој ќе треба да игра на 3/4 го бараме. И додека не го најдеме тешко ќе направиме чекор напред т.е. повторување на добар пласман како 2009/2012/2015/2018.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Ѓоргиев во напад за негови стандарди си изигра за чиста десетка со исклучок на промашениот пенал и после одбиената топка зицерот, но на секому му се случува тоа.
Се надевам Лазаров после утакмицава ако веќе не му е јасно ќе му стани појасно кој играчи заслужуваат а кој не место во репрезентација.
Утакмица во која шо лесно можевме да загубиме а и лесно да тепаме со некој 10 разлика доколку не се изнапромашевме, ке беше итекако битно да набилдаме добра гол разлика за зголемување на шансите да бидеме во втор шешир во извлекувањето на групите за европско.
Данска победи само со +1, но сепак има бајаги подобра гол разлика од нас ( 32 гола)...коментаторот наш нешто дробеше за третопласираните, ама на табелата на Ливе скоре нема таква работа ???
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Навистина штета што не успеа Швајцарија да ги победи Данците, ќе имавме шанса да се бориме за прво место во групата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom