Денес разбрав дека еден постар колега од на работа се самоубил
Не му го знаев името, само онака површно го знаев покрај брат ми, ама стално на бегање ме поздравуваше. Секогаш си пуштавме рака. Весел, ведар човек. Кој би рекол дека вакво нешто ќе направи
Нека почива во мир
Но, не дојдов овде за тоа. Дојдов за да се поздравиме
Време е за разделба на неодредено време. Беше ова еден тежок период. Тешка година би рекол. Најлошата досега. И нема индикации дека нешто ќе се промени во блиска иднина.
Но затоа, ја гледам големата слика. Некои работи едноставно морале да се случат за да научиме важни лекции. Сега претстои доста работа. Претстојат доста промени, се надевам на подобро. Што се однесува до луѓето.....сите на некој начин ќе ве изневерат. Кој намерно, кој ненамерно, секој со своја причина и потреба. Затоа, не се потпирајте премногу на другите. Јас би рекол воопшто и не треба. Најголема сила е онаа што ја црпиме од самите себе. Доколку самите не успееме, тешко некој друг дека би успеал за нас. Сами сме на овој свет. Знајте си ја вредноста, ценете се себеси. Поставете граници. Никој нека не ве искористува. Не бидете ничија играчка, не бидете втора опција. Не бидете поткрепа за луѓе кои тоа нема да бидат за вас. Доколку луѓе кои биле околу вас со години, не можат повеќе да ве следат, односно патиштата ви се раздвојуваат - продолжете по сопствен пат. Немојте да следите патишта што не се ваши и немојте да бркате цели што не ве исполнуваат. Работете на себе и откријте се себеси.
Don't depend on anyone in this world. Even your shadow leaves you when you are in darkness.
За луѓето толку. За останатите фактори кои се надвор од наше делување едноставно ни останува да се надеваме дека ќе ни се сложат коцките
Сепак, не зависи се од нас во животот
Нема да речам збогум, ќе речам догледање. Au revoir
Со почит, Rosemberg