Самоубиство!

Член од
23 декември 2007
Мислења
330
Поени од реакции
157
Како ти иде со социјализација со луѓе? Работиш? Движиш? Излегуваш? Роднини, пријатели, колеги? Мислам онака на дневна основа, не хиени што те бараат по потреба или кога им е досадно.

Не те прашувам ова за ништо друго, туку мислам дека присуство на повеќе луѓе во непосредна околина позитивно влијае во вакви ситуации. Посебно ако опкружувањето е поактивно, помлади луѓе или мали дечиња.
Па излегувам сега сум на одмор бев неколку дена Дојран ама... Некна исклучив кога испаднав вечерта се збогував со неколку луѓе... Па во саботата ме бараше другарот да ме виде и да виде што е работата зш сум им пишал дека сакам се самоубијам. Преоптеретен сум со мисливе не знам што ќе правам еве два дена ми е исклучен телефонот и се немам на фб уклучено. Другаров ми рече уклучи мобилниот да се видиме за денеска ама не го уклучувам така дремам дома гледам серии и дремам на нет. Можно е пак да исклучам некоа ден барем така чуствувам ама тоа е што е животот ќе продолжи за другите и да ми се случе нешто. И се чуствувам како да не сум посакуван од никоја дека сум грд итн итн изгледа ќе си останам вака па и некоја ден понатаки да се откажам од се.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750
Долг период се борам со манична депресија и пробав на различни начини да го подигнам квалитетот на живот но залудно, на крај испадна дека не можам и дека треба да ставам крај на ова измачување, немам сили повеќе.
Сум поминала еднаш низ ваков период али се извлеков со doxepin малку ми помогна да се стабилизирам колку толку да функционирам сега веќе некој период како не ги примам и истите емоции ми се вратија не можам веќе душевно да издржам.
Зимото и намалувањето на светлината ги зголемува депресиите. Истрај.
 
Член од
6 април 2017
Мислења
11
Поени од реакции
35
Понекогаш и покрај тоа што се поминати 11 години сеуште мислам на еден мој другар кој си го одзеде животот. Не сум му воопшто лут за тоа што го направи, бидејки знам колку долго страдаше од депресија и колку му беше тешко, ама и по 11 години сеуште ме мачи една мисла. Дали другарми кој беше предобар човек и кој беше добар со сите, сега е во пеколот заради тоа што го стори :(
Би ве замолил да споделите ваши мислења околу ова. Што мислите вие, дали тој е сега во пеколот или Господ ќе му прости за стореното, бидејки тој не го направи тоа за да повреди и натажи некој, туку поради тоа што депресијата него премногу го мачеше и не му помогнаа никакви лекарства.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
сум бил сведок на депресија и не е ни малку лесно, особено што многу луѓе воопшто не разбираат што точно се случува во нечија глава.
Нејќам да судам на туѓи несреќи но сметам дека самоубиството може да биде излез но најчесто е кукавичлук. Животот е тежок, тоа сите го знаеме, но кукавичлук е да ја избереш најлесната опција и да ги оставиш твоите блиски да страдаат околу тебе.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Па излегувам сега сум на одмор бев неколку дена Дојран ама... Некна исклучив кога испаднав вечерта се збогував со неколку луѓе... Па во саботата ме бараше другарот да ме виде и да виде што е работата зш сум им пишал дека сакам се самоубијам. Преоптеретен сум со мисливе не знам што ќе правам еве два дена ми е исклучен телефонот и се немам на фб уклучено. Другаров ми рече уклучи мобилниот да се видиме за денеска ама не го уклучувам така дремам дома гледам серии и дремам на нет. Можно е пак да исклучам некоа ден барем така чуствувам ама тоа е што е животот ќе продолжи за другите и да ми се случе нешто. И се чуствувам како да не сум посакуван од никоја дека сум грд итн итн изгледа ќе си останам вака па и некоја ден понатаки да се откажам од се.
ФБ и други социјални мрежи не ти требаат, тие кај некои луѓе ствараат анксиозност, но не се изолирај од луѓето.
Дружи се со другарите, шетај во природа и со тие што си најблизок отворено разговарај за проблемот, тоа ќе ти помогне да ја надминеш ситуацијата, никој(а) не е вреден толку да заради него си одземеме животот.
Еве хипотетички, ме откачила некоја кучка, тешко ќе ми биде, многу ќе патам, но за 5-6 месеци, година или две ќе ја заборавам, но во случај ако се убијам моите најблиски цел живот ќе живеат во голема тага и болка, не е фер да се самоубивам.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Понекогаш и покрај тоа што се поминати 11 години сеуште мислам на еден мој другар кој си го одзеде животот. Не сум му воопшто лут за тоа што го направи, бидејки знам колку долго страдаше од депресија и колку му беше тешко, ама и по 11 години сеуште ме мачи една мисла. Дали другарми кој беше предобар човек и кој беше добар со сите, сега е во пеколот заради тоа што го стори :(
Би ве замолил да споделите ваши мислења околу ова. Што мислите вие, дали тој е сега во пеколот или Господ ќе му прости за стореното, бидејки тој не го направи тоа за да повреди и натажи некој, туку поради тоа што депресијата него премногу го мачеше и не му помогнаа никакви лекарства.
Во пеколот било неговото семејство и уште е кога ќе се сеќава на него, а многу сигурен сум дека многу се сеќава. Под „пекол“ мислам на жал и болка за загубено дете - веројатно не постои нешто полошо што може на некого да му се случи.
Каков господ, какви простувања...животот е тука, после те разградуваат црви, микроби и чао!
Може и имало начин да ја надмине депресијата, ама ете не бил доволно храбар и издржлив да дојде до него.
Некои луѓе очекуваат животот да е многу едноставен и да си пливаат низ него, ама скоро никогаш не е така. И перцепцијата дека „сите други уживаат, а само јас се мачам“ е многу, многу погрешна. А тука мислам дека фејсбук, инстаграм прават партали, во смисол - гледате луѓе и си мислите дека тие живеат 24h party, sex and drugs and rock'n'roll - што многу често нема врска и тие тераат секојдневни маки и тешкотии, а многу често гледаат да надоместат некоја фрустрација или тоа да го прават за да му се покажат на некого во лажно светло.
Мојот став за луѓето кои се решаваат за ова е доста поделен и не е генерален. Има секакви ситуации. Додека бев на факултет, еден дечко што го познавав се фрли од кулата на Партизанска во Карпош 1. Му откриле терминална болест, многу лоша дијагноза. Мислам дека беше многу добар студент.....ама ете, нема назад. Не ја знам приказната до крај, дали пробал да се лекува (сигурно пробал), ама крај, нема враќање. Друг, малку постар се фрли исто, ама заради коцкарски долгови....го тепал лихварот дома пред неговите, го малтретирал и овој заврши сам работа, за „као да ги спаси“ неговите. Можеше во странство да избега....мислам, имаше и други опции (ама ете го памтам као глуп чоек, кај испозаглави млад, уште и се уби).
Меѓутоа за друг тип на случувања во животот како љубовни, семејни проблеми - тие се надминуваат некако....тешко, ама има секогаш опции. „Решавање“ на такви проблеми со самоубиство ги доживувам како кукавичлук (ама ај да не генерализирам).
Болниците се преполни со луѓе, гробиштата исто така. Секој има некој близок што го загубил, ама ако фатат сите да се самоубиваат ништо од ова немаше да постои. Животот си тера едноставно, треба адаптација. Наоѓаат микроби на астероиди, комети, во услови каде што скоро е неможно истиот да опстане, а човек додека е здрав и способен, секогаш има шанса.
 
Член од
22 јануари 2015
Мислења
55
Поени од реакции
18
Пред два дена слушнав дека еден 22 годишен се обесил. Никогаш го немам запознаено ниту видено, но многу ми падна жал. Се согласувам дека самоубиството е кукавички и дека секогаш има решение. Луѓе се самоубиваат поради други луѓе нема друго објаснување. Дали станува збор за фамилијарни проблеми, девојка/дечко или пак пријатели. Проблемот е да најдеш некоја личност што ќе е тука за тебе и ќе ти помогне да поминеш покрај тој тежок период. Сега кога ќе ти пише некој на фејсбук или на било која друга социјална мрежа "како си", прашуваат чисто онака во муабет, не дека ги интересира(не важи ова за сите). Овие денови не можеш да најдеш пријател на кого ќе можеш се да му кажеш било кога било каде. Не сме сите исти, не можеме сите проблеми и маки што ги имаме самите да си ги решиме, некогаш едноставно ни треба совет. Некогаш ти е и страв да му се отвориш на некого да му кажеш што те мачи. Самоубиството иако е лична работа не треба да има на вести, јас мислам дека е добро што кажуваат на вести бидејќи сум приметил дека се зборува меѓу луѓе, некако стануваш посвесен и навистина сфаќаш што значи да си го одземеш животот и како ќе влијае на тие околу вас. Секогаш сум тука да помогнам, никогаш не помислувајте дека никој нема да ве сфати, можеби немам поминато низ тоа, но имам добро разбирање и можам да помогнам. Слободно пишете.
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.793
Поени од реакции
7.017
Премногу е комплицирано самоубиството за да се биде чисто против. Не може да се брани тој став толку навивачки. Првин, треба да се согледаат околностите кои доведуваат до депресија. Мислам, има доста фактори во општеството кои доведуваат до тоа. Изразената индивидуалност и така натаму.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665

И комплицирано е, а и луѓето се малку лицемерни. Кога своеволно ќе си отиде некоја крупна ѕверка (од која било сфера во животот, и од кое било време), најчесто, иако не секогаш, се прогледува низ прсти. И тоа е трагедија за која често се бара (и се наоѓа) оправдување и разбирање. За малите луѓе таков луксуз нема, само презир и гадење.

Што човек ќе посегне по себе, очигледно е дека има голем проблем, кој на крајот на краиштата можеби и не е решлив со добар разговор, со тивка музика, молитви, многу секс или уште повеќе апчиња.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Премногу е комплицирано самоубиството за да се биде чисто против. Не може да се брани тој став толку навивачки. Првин, треба да се согледаат околностите кои доведуваат до депресија. Мислам, има доста фактори во општеството кои доведуваат до тоа. Изразената индивидуалност и така натаму.
Сакаш да кажеш дека депресијата, изразената индивидуалност и сл. е неизбежна и резултира со самоубиство во одредени случаи?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Изразената индивидуалност и така натаму.
Мислиш на отуѓување? Индивидуалност повеќе се однесува на лична особина нечија, отколку некаква психолошка или социолошка состојба. Претпоставувам мислиш на несоцијализација и се' помалку лични контакти, а повеќе виртуелен булшит кој само привидно надоместува некое социјализирање и дружба.[/QUOTE]
 
Член од
22 јануари 2015
Мислења
55
Поени од реакции
18
Дечкото што го напоменав, родителите му се разведени,имаше многу пријатели, станува збор за убав дечко. Не сакам да влегувам во детали, но причината е поради фамилијарни проблеми кои сигурно многу му влијаеле а врвот било со девојка му. И тука не станува за момент на слабост. Станува за збор за еден подолг период да немаш разлог да живееш, да нема ништо што ќе те задржи тука меѓу живите. Секој барем еднаш во животот си има речено "не ми се живее веќе" или пак има помислено на самоубиство, макар за момент. Да си го одземеш животот е исто толку тешко колку и да живееш. Ние од околу можеме да зборуваме дека е најлесниот начин да се тргнеме од проблемите, но не изгледа баш така.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Можам да сватам до некаде како причина за самоубиство да е тешка и неизлечива болест,секоја друга причина може да се рече дека е кукавичлук.
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Не е во ред да се осудува личност која посегнува по сопствениот живот, пред се не може да се претпостави што се случува во главата на таа личност секој суди од своја субјективна точка тоа ужасно ме нервира а тоа осудување (без разлика за што) мислам и дека е една од причините за извршување самоубиство, секој сака да изигрува паметен и да суди а нигде ги нема кога е таа личност жива да се сподели совет, да се упати кај стручно лице или да се пружи поддршка која може да е пресудна во тие моменти.

А посебно кај тие психолошки состојби каде што нема ниту една тригер причина за такви суицидални мисли неизбежна е стручна помош и лекарства, мислам дека за некои депресии во касна фаза неизбежни се лекови за да се зголеми серотонинот, има личности кои што едноставно не може со разговор да ги "убедиш" да се чувствуваат среќно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom