Самоубиство!

Член од
22 јануари 2015
Мислења
55
Поени од реакции
18
Под "врв" сакав да кажам дека уште тоа му фалеше и како што рече Ailurophile, не можеме да знаеме што се случува во главата на таа личност. Кога си психичка слаба личност, проблемите кои ги имаме ние, тие ги доживуваат подраматично. И самите знаете во каков свет живееме каде што попрво ќе патиме отколку да потражиме помош(ова не важи за сите), потоа имаме оговарање, вртење грб и такви работи, сите тие работи влијаат.. на некого помалку на некого повеќе. Греота е што никој не приметува се додека не биде касно, кога човек има проблем тоа се приметува колку и да глумиш.. барем јас можам да приметам. Поголем дел од тие "пријатели" што ги имаме попрво ќе гледаат како патиш отколку да ти помогнат. Многу машки што знам не зборуваат кога ги мачи нешто, као ако се искажат, пички се, плачат и не знам што. Затоа и некои се самоубиваат, наместо да побараат помош.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Треба да внимавате што пишувате во темава затоа што ако прочитате понапред, има ликови што пишувале овде во некоја таква состојба на двоумење. Па вакви постови од типот „не ги осудувајте, ок си е што си решиле да се фрлат од зграда - тешко им било“ или „коментарите ви се субјективни, тие си знаеле“ ви се многу охрабрувачки за следните „кандидати“.
Мојата намера е да им се даде поттик за дополнително размислување и барање помош, а не да осудувам или давам субјективни коментари.
@MortusD твојава опсервација е сосема на место и само ја потврдува апсурдноста на одлуките на овие луѓе да го напраат тоа што го направиле.
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Поентата е што најчесто се отфрлаат личностите кои се склони кон самоубиство или пак се навредуваат и осудуваат што според мене има само контра ефект мислам дека подобро би било да се пристапи со разговор и помош а не веднаш со осуда и навреди не знам дали воопшто осудата и таквиот однос превентивно може да влијае...
 
Член од
22 јануари 2015
Мислења
55
Поени од реакции
18
Сакам да разберат тие што се во таква ситуација каде што размилуваат да си го одземат животот, дека има кој да ги сослуша, разбере и да им даде совет. И самите ќе се зачудат колку многу сме слични. До сега имам слушнато за многу самоубиства, но ова пред некој ден што се случи ме многу погоди. Не ја познавав личноста, но ми падна жал. Сега можам да зборувам што би било кога.... но касно е веќе. Почнав да пишувам тука за да помогнам ако можам, верувајте дека ако го поминете тој тежок период, ќе се смеете во иднина и ќе сфатите дека тоа не било ништо. Верувам дека сите тука имаат добро срце и сакаат да помогнат. Една добра работа е што можете анонимно да го споделите проблемот ако веќе ви е срам да зборувате со некој пријател, родител или пак професионално лице. Мислам дека секој проблем може да се реши тука ако сакате да го надминете тоа.[DOUBLEPOST=1515179227][/DOUBLEPOST]Заборавив да го кажам најбитното. Се ова што го напишав до сега, не зборувам само колку да ве спречам од одземање на живот, туку зборувам од искуство. Сум помислувал на самоубиство, повеќе од еднаш. Проблемите со кои и ден денес се справувам се смешни за разлика од некои што можеби вие поминувате, но многу влијаат на мене. Секој пат кога сум помислил да си го одземам животот сум помислил дека ќе има и добри денови, сум помислил на сите пријатели и роднини. Кога сте во таква ситуација не треба да размислувате само за вашиот живот, туку и за животите на тие околу вас, кои ве сакаат. Потполно можам да ве сфатам какви мисли и емоции ви поминуваат низ вашата глава и верувајте одземање на живот е последното нешто што треба да го направите. Слободно пишете во инбокс ако сакате да направите муабет.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.949
Што мака сте виделе бе муциња, па самоубиство ви било решението, ве оставила девојката, се разведиле родителите, ве пцуел некој на школо, не ве сакале женските, немате пари...o_O

Абе има луѓе што биле во војни каде им фрчеле бомби покрај глава и останале инвалиди поради такви глупости, влегле во криминал и ги брка пола држава за да им се одмазади, будали што лупнале кредити на се што имаат и остануваат бездомници и какви не хардкор случаи и не се самоубиваат, овие за женска се убиваат :tapp:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Што мака сте виделе бе муциња, па самоубиство ви било решението, ве оставила девојката, се разведиле родителите, ве пцуел некој на школо, не ве сакале женските, немате пари...o_O

Абе има луѓе што биле во војни каде им фрчеле бомби покрај глава и останале инвалиди поради такви глупости, влегле во криминал и ги брка пола држава за да им се одмазади, будали што лупнале кредити на се што имаат и остануваат бездомници и какви не хардкор случаи и не се самоубиваат, овие за женска се убиваат :tapp:
https://www.youtube.com/watch?v=6uLL418S1GQ

Според мене, за осудување се само оние кои имале горе-долу нормално детство според општествено прифатениве норми, ама не ги судам ради самоубиството туку ради непрепознавање на проблемот навремено.
Штом осетиш депресија, моментално треба да престанеш да го храниш мозокот со дополнителни лоши мисли, да фатиш да спортуваш, да се храниш здраво и да зборуваш/дружиш со луѓе.
Тешко е? Е па и таблицата за множење беше тешка. Сите работи што те тераат да излезеш од твојата комфор зона (хомеостаза - must watch) се тешки.
Како и многу други работи, и самоубиството подлежи на Butterfly effect, односно мали ситни проблеми знаат да доведат до огромни проблемич

Ти веќе кога ќе дојдеш до момент на самоубиство, состојбата на мозокот и неговиот недостаток на хормони за среќа, го прават тој чин нормална одлука.
Е сега да, има и такви шо се факнуваат одма без многу размислување, тие се за осудување.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.954
Имам еден другар што неколку пати проба да си го одземе животот. Не ги знам деталите што и како, знам само за првиот обид, ми се има отворено низ разговор. Кога дознал дека татко му е болен од тешка и неизлечива болест, вечерта на 31. Јануари се фрли од Камен Мост. Тоа беше пред 11 години. Преживеал. Вика брате, мил е животот, мислиш дека се е бесмислено, ама во тие моменти - што треба да ти бидат последни, ти се живее брате и не ти се умира. Се бориш во реката, ништо не осеќаш, само внатрешна топлина, екстаза и порив да преживееш. Единствено тогаш сум се осеќал вистински жив, така вика. Чуден феномен упм.[DOUBLEPOST=1515253548][/DOUBLEPOST]
Хипстерските ставови се дел од причините за депресија.
Кои и какви се тие хипстерски ставови? Си видел ли ти воопшто болен од клиничка депресија како изгледа ? Си бил ли на Клиника за Психијатрија да видиш воопшто како изгледаат тие луѓе ? Нема тука никаков хипстеризам, нарушена исхрана или што и да е. Едноставно мозокот е сјебан и тоа тешко се решава. Клиничка депресија се јавува барем еднаш во животот кај 25 проценти од луѓето, ако немаш среќа или не реагираш на време, отиде брате возот у еден правец.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Имам еден другар што неколку пати проба да си го одземе животот. Не ги знам деталите што и како, знам само за првиот обид, ми се има отворено низ разговор. Кога дознал дека татко му е болен од тешка и неизлечива болест, вечерта на 31. Јануари се фрли од Камен Мост. Тоа беше пред 11 години. Преживеал. Вика брате, мил е животот, мислиш дека се е бесмислено, ама во тие моменти - што треба да ти бидат последни, ти се живее брате и не ти се умира. Се бориш во реката, ништо не осеќаш, само внатрешна топлина, екстаза и порив да преживееш. Единствено тогаш сум се осеќал вистински жив, така вика. Чуден феномен упм.[DOUBLEPOST=1515253548][/DOUBLEPOST]
Кои и какви се тие хипстерски ставови? Си видел ли ти воопшто болен од клиничка депресија како изгледа ? Си бил ли на Клиника за Психијатрија да видиш воопшто како изгледаат тие луѓе ? Нема тука никаков хипстеризам, нарушена исхрана или што и да е. Едноставно мозокот е сјебан и тоа тешко се решава. Клиничка депресија се јавува барем еднаш во животот кај 25 проценти од луѓето, ако немаш среќа или не реагираш на време, отиде брате возот у еден правец.
https://www.medicalnewstoday.com/news/severe-depression-linked-inflammation-brain-288715
 
Член од
22 јануари 2015
Мислења
55
Поени од реакции
18
Никогаш не е само еден разлог за да некој си го одземе животот. Тоа се работи од цел живот кои се насобираат се додека веќе не можеш да ја поднесеш болката и одлучуваш на такво нешто. И не споредувајте војни со ова, никој не знае низ што има поминато некоја личност низ цел свој живот а и не секој знае да се справи со проблемите. Се согласувам дека никогаш не е решение самоубиството, но во денешно време тешко е да најдеш вистински пријател кој ќе те сослуша и ќе ти помогне. Секој може да каже "Не се нервирај", "Ќе помине". Ова се најглупи работи кои можеш да ги кажеш. Не се ни трудиш да ги разбереш, после се самоубиле и кукавици биле. Никој не ја сфаќа озбилно личноста се додека не биде доцна.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.949
Е ако де, природна селекција, преживуваат посилните, овие очигледно не се доволно силни психички да поминат низ тоа што го нуди животот. Ова излегува дека само на тие што се самоубиваат им е тешко, сите други се топ во животот.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
И што ако некој сака/проба да се самоубие? Што имате вие или било кој друг со тоа? Класична пост-христијанска психологија. Да се одземе целата интима од човекот. Да се уништи приватното. Да се живее за да не бидат тажни партнерот, семејството. Да се живее за други. Хиени.
 
Член од
22 јануари 2015
Мислења
55
Поени од реакции
18
На сите им е тешко, но не секој може да ги поднесе тие работи... затоа наведов дека е тешко да најдеш некој пријател кој ќе може да ти помогне. И не да живее за други, туку да си живее за себе. Него сакам да кажам дека во денешно време вистински пријатели можеш на една рака да ги изброиш.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Да се живее за да не бидат тажни партнерот, семејството. Да се живее за други.
Значи тие што извршуваат самоубиство се егоистични и себични копилиња?
Својата мака си ја решаваат за да им направат тага на другите?
Ѓубриња.
 
Член од
22 јануари 2015
Мислења
55
Поени од реакции
18
Најлесно е од страна да се зборува, колку тие луѓе биле слаби, себични и кукавици што си го одземале својот живот. Не го посакувам ова ни на мојот најголем непријател, но кога ќе дојдете во таква ситуација да имате суицидни мисли, ќе сфатите како им е било на тие што го направиле тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom