Саем на книгата

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Бев.
Тоа што ми се допаѓа е расепканоста на се помали и помали издавачки куќи. Тие наслови што ги барав - ги најдов, згора имаше уште неколку што ми отворија малку повеќе апетит. Ме напизди ѓурѓа и нејзиниот штанд од една цела осмина од хала - искрено срање се и ќе останат срање уште долго ако вака си фураат. Темплум ми правеа мерак, исто Кавказ. ТРИ имаа нешо навака натака. АЕА стандард као и секоја година. Магор можеше да се најде нешто. Табернакул као и увек неостварена жеља - скапи но квалитетни.
Англиските имаат евтини класици 190 - 200ки. Си ја најдов I, Robot. Топ.
Како само подвриснуваат продавачките на книги на штандот на Ѓурѓа! Само 100 денари! Ајде! Повелете! Неколку пати поминав оттаму и секогаш се чувствував како да сум на Бит-пазар.
Темплум и Табернакул ми оставија впечаток. Матица не баш.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Денеска го посетив саемот.

Прво нешто што ужасно ме иритираше и ми одеше на нерви се децата со нивните форнети кои буткаа се живо како стампедо, ужас невиден.
Во однос на книгите дефинитивно на прво место е Табернакул. Задоволен сум оваа година од нивните цени на книгите кои си ги купив и од односот, опуштени ликови и муабетче си свртевме како да сум во друштво на најдобрите пријатели. Второ место Бегемот, реални саемски цени и супер попусти. Останатите не ги ни видов искрено, си имав список направено а кога купувам одам на место каде си наоѓам што ми треба.
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Знае ли некој дали постои некаде, некоја информација за тоа кои автори ќе бидат по штандовите на овој саем за книга, и кој ден?
Поточно ме интересира за Венко Андоновски, многу би сакала да ја имам Вештица со негова посвета :)
Ај сама да си одговорим на прашањето, може ќе му се најде на некој. Значи ипак ми се насмевна среќата, Венко ќе биде на годинешниов саем http://brkajrabota.mk/showtime/knigi/15174-venko-na-sredba-so-chitateli
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Бев вчера јас и си се подновив со три нови книги:

Летни лаги од Бернхард Шлинк
Кобен час од Габриел Гарсија Маркез
Јужно од границата, западно од сонцето од Мураками

:)
 

Gunner4ever

Vive la France
Член од
14 ноември 2009
Мислења
663
Поени од реакции
130
Јас сакам да прашам, планирам утре да идам на саем дали ке може да најдам книги на влашки јазик( некој случајно да не забележал) ?
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Тоа што некни што бев, напраив некое истражување денес го направив во пракса. Зедов 2-3 од Темплум меѓу кои едната е Фаренхајт 451. Од Антолог некои 3, едната Енциклопедија за руска душа и последната Гол Човек од Џамбазов - одамна ја начекав за евтини пари. Асимов го оставив за библиотека - прескап ми беше.
--- надополнето: 27 април 2012 во 18:00 ---
Јас сакам да прашам, планирам утре да идам на саем дали ке може да најдам книги на влашки јазик( некој случајно да не забележал) ?
Имаше. 3та хала.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.291
Поени од реакции
78.944
Јас сакам да прашам, планирам утре да идам на саем дали ке може да најдам книги на влашки јазик( некој случајно да не забележал) ?
Види у задња (четрта хала), кај Ал Каеда, Бугари и Саентолози. Таму мислам видов, али не ме фаќај за збор.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Бев вчера и првиот ден. Поминаа годините кога излегував од саем со минимум 20 книги. :) Годинава земав само три. „Малиот принц“ во издание на Матица, Антологија на светскиот расказ - „Пат околу светот во 20 раскази“ издание на Темплум и „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“ - Умберто Еко, илустриран роман, издание на Бегемот.

И годинава Табернакул со најбројни и најквалитетни понуди, држат цена, секако со право (браво за потегот книгни ме :D), Бегемот со малку, но квалитетни наслови, Или Или во поглед на преводот на врвот, Темплум со нови, интересни наслови и прифатливи цени, Магор - стандард.
Другото е шунд и не вреди да се коментира.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас бев вчера и воопшто не сум задоволна. Секако не планирав нешто да купам - туку отидов да приберам каталози за после да ги даунлоадирам тиа што ќе ми фатат око и да ги читам на киндл.
Понуда имаше лоша. Истите книги од лани и оломлани. Јас барем нешто поразлично - освен цените, не забележав.
Цените дефинитивно повисоки од лани.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Си земав од Кавказ цела колекција од Вирџинија Вулф на англиски за 600, имаше и од По, од сестрите Бронте, од Остин, од Шекспир и незнам уште кој. Ми кажаа дека кај нив ќе траел попустот до крај на мај, така да кој сака може да оди.
Сакав да купам и од Кундера, од Достоевски имаше за 200 книги али фонт 5, сакав „Така зборуваше Заратустра“ од Ниче, 350 беше во Матица, „Елеганција на ежот“ беше 200, на англиски имаше добри книги од Фром и Адорно, али скапи беа и толку ми текнува.
Скапи беа книгите, но имаше квалитетни ствари годинава.
 
R

redhead

Гостин
Искрено и мене ме разочара саемов. Многу беден избор на книги. А за цените да не зборам. Си земав од АЕА трилогијата "Александар" од Валерио Масимо Манфреди, се за животот на Александар Македонски, и од Сакам книги "Момчето во пижами на риги" за приказната на две момчиња за време на втората светска војна.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.664
A song of ice and fire ги има некој забележено? И шо цена? Да знам дали да праќам луѓе. :)
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Ја ко што знам уште утре е, а лани кога бев последниот ден штандовите се собираа и немаше апсолутно ништо.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
A song of ice and fire ги има некој забележено? И шо цена? Да знам дали да праќам луѓе. :)
Ги видов, не знам точно каде беа. Чинам 630 денари книга беше, третиот дел поделен во 2 дела од по 400 денари (на македонски беа нешто поевтини). Искрено мислам дека не се исплаќа од саем, пошто имаше на групава тука на форумот (во групата за серијалот книги) линк до некој што ги продава комплет 4те дела на Амазон, колку се сеќавам се на се (со шипинг) излегувало околу 1200 денари.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Ги видов, не знам точно каде беа. Чинам 630 денари книга беше, третиот дел поделен во 2 дела од по 400 денари (на македонски беа нешто поевтини). Искрено мислам дека не се исплаќа од саем, пошто имаше на групава тука на форумот (во групата за серијалот книги) линк до некој што ги продава комплет 4те дела на Амазон, колку се сеќавам се на се (со шипинг) излегувало околу 1200 денари.
Ima makedonski prevod na Game of thrones?:eek:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom