Кајгана чита - 2026 edition

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Колку книги мислите дека може да прочитате во 2025?

  • Вкупно гласачи
    30
  • Гласањето ќе се затвори: .
Се приклучив покасно на форумов така да книгите што ги имав прочитано претходно само ќе ги излистам, а за останатите ќе пишам краток осврт.

Избрав да прочитам 40.

1. Слепило - Жозе Сарамаго 4/5
2. The Dead Zone - Stephen King 5/5
3. 11/22/63 - Stephen King 5/5
4. Попреченост: текстови за инвалидните тела /
5. Најосаменото место - Симеон Јанков 3/5
6. Project Hail Mary - Andy Weir 5*/5
7. The House of the Spirits - Isabel Allende 5/5
8. Astrophysics for People in a Hurry - Neil deGrasse Tyson /
9. Кругот на смртта - Крис Твет 5/5
10. Срам - Салман Ружди 5/5

11. Empuzion - Olga Tokarczuk 1/5
Во книгата се работи за ништо.
Се случува ништо.
Ми пробуди ништо.
Ништо!
Многу сакам да ја читам Токарчук ама ова беше досадно. Не ја препорачувам.

12. Исаак - Кирил Ангелов 3/5
Ќе го пренесам она што го пишав и на goodreads, со мала напомена дека оваа книга препорачувам да ја прочитате.

"Кирил Ангелов знае да раскаже приказна. Во овој роман приказната беше солидна, доволно интересна за да ме убеди да продолжам да ги читам и останатите делови од серијалот. Првата третина од книгата ми беше најдобра. Иако преовладува низ целата книга, тука најмногу се забележува колку е поетична прозата на авторот, што мене ме изненади позитивно. Во останатите делови имаше добри "wow" моменти, но некако не делуваа толку силно на мене.
Ми се допадна како се изградени дијалозите, многу природни и соодветни за различните периоди. Посебен шарм на приказната и дава ликот Крсте, кој мене ми беше омилен. Искрено се радувам што ќе биде дел и од следните книги.

п.с. Имав прилика да го запознаам авторот на саемот на книга, прекрасна личност. Ви го препорачувам искуството: 10/10."
 
Исаак е солидна, ама продолжението Касиа е уште подобра. BTW минус оти не си се јавила на штандот на Антолог да се запознаеме. Или се имаме разминато во денови? :)
 
Исаак е солидна, ама продолжението Касиа е уште подобра. BTW минус оти не си се јавила на штандот на Антолог да се запознаеме. Или се имаме разминато во денови? :)
Дефинитивно сме се разминале, многу кратко бев јас.
 
1. ,,Демони" - Ф. М. Достоевски
2. ,,Смртта на Иван Илич", ,,Кројцерова Соната", ,,Отец Сергиј" - Лав Н. Толстој
3. ,,Еквинокс 1/1" - A∴A∴
 
7. Слугинки (The Help) - Катрин Стокет 9/10

Доста интересна книга за читање, со исклучително силна порака. Го опфаќа периодот околу 60тите години во Мисисипи, држава која важела за место со најголема сегрегација меѓу бели и црни луѓе во тие години. За многу работи знаев, одделени училишта, продавници, насилство, но за некои крајности дури во книгава прв пат прочитав. Ситуации како кога црната слугинка мора да има посебен тоалет, за да се спречи ширење на болести ако го користи домашниот тоалет на белците газди или како тоа дека кога се послужува кафето мора да биде оставено на маса, а не да се даде во раце директно за да нема директен допир. Една од најсилните пораки тука ми беше моментот кога црните жени кои биле слугинки и воспитувачки на децата, кажуваат како се распрснува емотивната врска која ја имале со детето за кое се грижеле и го израснале, на крајот кога ќе биде возрасна личност, ги третира како личност со помала вредност. Исто така апсурден момент што ми остави силен впечаток беше кога се правеа хуманитарни настани да се помогне на црните деца во Африка, само да се добие на публицитет, а притоа се убиваат и обесправуваат црните луѓе во сопствениот двор,, хипокризија на максимум. Книгата не учи дека промените не можат да стигнат со молк и без конкретна акција. И секако главната порака, сите ние сме исти, оделото не го прави човекот, независно на кое одело се мисли, единствена поделба во овој свет е на луѓе и нелуѓе. Од сегашна перспектива се имаат доста сменето работите, дури се забележуваат и дискриминации во обратна насока, како и злоупотреба на демократијата и слободата, но за тоа на некое друго место. Препорачувам, гледам дека и на Goodreads има одличен рејтинг.
 
7. Стаклено Ѕвоно - Силвија Плат 3/5
Книгата е полу-автобиографска.
Се работи за Естер млада жена која има напад, па разочарување, и западнува во депресија, која прераснува во психоза, има обид за самоубиство и е префрлена во болница за душевни болести.
Алегоријата за смоквата ми остана во мислите, и исто така алегоријата за стакленото ѕвоно.
 
13. Три Марии - Оливера Ќорвезироска 5/5

Роман на годината, Стале Попов на ДПМ и Рациново признание за 2025.

Едвај чекав да го купам и прочитам овој роман. Содржи три приказни за три различни Марии и секоја од нив носи некоја своја љубовна болка и тага. Заедничко им е што сите гледаат излез од таа состојба во станот на Славко.

Ќорвезироска како и стално пак нешто плете, шие, готви. И тоа го прави одлично, со прекрасен, богат јазик и реченици да ги читаш и препрочитуваш!

Со романот авторката му изразува почит на Славко Јаневски, од таму и името на сопственикот на станот. Интересно ми беше што прочитав дека на корицата е искористен детал од сликата Бош на Славко Јаневски. Дури сега дознав (на моја срамота) дека бил и сликар. Пробав да најдам нешто околу неговите слики онлајн но без многу успех. Ако некој е заинтересиран еве еден линк:
https://okno.mk/node/74062

14. The Murder at the Vicarage - Agatha Christie 4/5

Прв случај во кој ја запознаваме г-ца Марпл. Се случува убиство на лик кој сите го мразат во мало село во кое секој знае се за секого. Добра приказна но ми фалеше г-ца Марпл да биде во поголем фокус.
 
Memories of Ice- Steven Erikson 5/5

Трета од комплет 10 книги Malazan book of the fallen.

Пред спиење читам,едвај 5 страни и капут,заспивам.Четвртата ја читам сега и не е нешто и затоа споро ми иде,
 
5. „Вештерката Лоис“- Елизабет Гаскел (ПНВ Публикации)

Прва книга прочитана од купените од овогодишниот Саем на книга и мора да признаам дека не сум разочаран!

Книга, од се на се, стотина страници, каде ја следиме тажната приказна за Лоис, која доаѓа во Новиот свет, во Нова Англија (Салем) во 1691 година. Таа е дете, кое ги има загубено своите родители и како аманет од нејзината мајка, остава последна желба до нејзниот брат да ја прими во својот дом како своја крв, како свое дете.

Тоа го гледаме во првата глава од оваа книга, пристигнувањето на Лоис во овој нов свет, копнежот кон домот, кон момчето кое го украло нејзиното срце, кон спомените и општествената состојба на Салем во тој период, со посебен акцент на свештениците. Втората глава е нејзината социјализација во домот на нејзиниот вујко, кој умира и на чело на куќата застанува нејзиниот братучед, кој сака да ја земе за жена. Последната глава се сплетот на околности, ловот на вештарки во 1692 година, ширењето на паниката, судењето и општествениот линч. Интересен е нејзиниот внатрешен монолог, таа не знае ни за што точно е обвинета, не знае ни што е тоа вештерка, таа е само дете, кое подлегнува на системот на норми имплементиран од црквата.

Последниот пасус е емоционалната кулминација на книгата, кога после неколку децении општеството ги признава своите грешки, кои ништо не му менуваат на нејзиното момче кое останало само до крајот на животот, неговата љубов го напуштила пред децении, но неговите чувства никогаш не спласнале! Последниот пасус ме наежи, каењето нема да ја врати неговата сакана, но ќе се придружи кон молитвите со цел гревовите на судијата да бидат избришани. Лоис, навистина, така ќе сакаше. Врв!

5/20

6. Злосторството на лордот Артур Севил- Оскар Вајлд (Слово)

Втората прочитана книга од последниов Саем, која не беше на нивото кое очекував да биде. Случајно ја најдов на штандот, мислам, на Бегемот, во една од кутиите книги за 50че/100че. Оваа беше 100че. За земав поради писателот.

Книга составена од 5 приказни, дел со некои натприродни елементи вклопени во некоја мистична амбиенталност, дел секојдневни (поучни) приказни. Барем, првите 3 беа во првата категорија, претпоследната во втората, а последната беше нешто налик „Критичарот како уметник“. Првиот расказ (Злостроството на лордот Артур Севил) е приказ на суеверноста, секако има инкорпорирано некои елементи преку кои расказот може да одите во неколку правци, во однос на поуките и логичките заклучоци. Вториот расказ (Кентервилски дух) е сатиричка романска (но насловот е наведено дека е сатирично-идеалистичка романса), каде на крајот гледаме дека на крајот на секој тунел може да се пронајде светлина, со вметнати комични моменти каде употниот дух упорно и неуспешно се труди семејството да го здржи во заложништво на страв.

И оваа книга има 100тина страни, веќе 3-4 книги имам прочитано од Вајлд, досега оваа најмалку ми се има допаднато.

6/20
 
1. The Odyssey - Homer ★★★
2. Project Hail Mary - Andy Weir ★★★★★
3. Трипати Взори - Алесандро Барико ★★★½
4. Piranesi - Susanna Clarke ★★½
5. Stoner - John Williams ★★★★★
6. The Bell Jar - Sylvia Plath ★★★½
7. Мистериозниот Странец - Марк Твен ★★★½
8. Ignorance - Milan Kunderа ★★★
9. Red Rising - Pierce Brown ★★★
Зарѓав Мај. Се селев и сите книги ми се уште по кутии. Единствено дружење ми беше, а можеби ќе биде и првата целосно аудио, втората од Red Rising серијалот на Pierce Brown - Golden Son. Ја немаа на лагер и продолжив само аудио за сега. Уште сум хејтерски расположен околу серијалот, но ќе пишам понатаму повеќе кога ќе ја завршам. Супер за пред спиење, ако не друго.

10. Georgi Gospodinov - Death and the Gardener ★★★★

IMG_2280.jpeg

Во меѓувреме, беше издвоена како предлог во една книжара, па во недостиг на физички книги при рака, само влегов и ја земав без дополнително пребарување.

Книгата е премногу интимна, за врската помеѓу писателот и неговиот татко како се борат против рак во неговите последни денови. Не е некој спојлер, одма кажува дека книгата е за тоа и дека умира пред пола од книгата. Почетокот беше пресилен за мене, еднаш ја читав дури во када под вода, како во sensory deprivation tank бидејќи беа топли денови и не одговараа на атмосферата. Она што ја правеше книгата да боли повеќе е тоа што ги има низ редовите нашите обичаи, нашиот менталитет, нашите фамилијарни динамики и нашите искуства со болниците и смртта. Како што стануваше потешко, така и авторот правеше паузи со ведри приказни за него и татко му. Каде потфрли книгата за мене, и поради што се мислам дека 4 ѕвезди е малку повеќе, е крајот. Последната третина, веќе тие кратки глави со некоја длабока реченица за крај на тие глави, ми беше станато повторливо и некако веќе емотивно ме беше претходно исцрпела книгата, па не ме држеше на прсти до крај како на почеток. Па крајот ми остави малку така блед впечаток поради тоа. Ми се допадна како авторот бираше зборови и вбризгаше меланхолија низ страниците, тераше тоа да се поврзаш, да размислиш за своите. Би го читал пак авторот, ако го начекам на наш јазик. Како и да е, ѕвонете им почесто на вашите, ако се уште живи.
 
2. Господарот на прстените - Двете кули
3. Господарот на прстените - Враќањето на кралот
(10/10) :D

За жал, ја завршив целата трилогија од Господарот на прстените. Се' што кажав за првиот дел, важи и за другите два. Прекрасно!!! Не знам како сум можел да си дозволам да ме надвладее мрзата низ годините и дури сега да и дојде ред за читање.
Многу подетално раскажување од филмот, ептен ми направи ќеиф.
Уживав во убавините на Лотлориен во двојката и во целиот крај на третиот дел, кој веројатно само некогаш сум го загледал во проширената верзија на филмската кино верзија. Никогаш не ме заинтересирало што се случувало по уништувањето на прстенот, а овде беше опфатено се' до крајните дни на секој од членовите на дружината на прстенот. Во старово издание од АЕА (Матица), имаше уште 130 страни додаток со објаснувања на целиот историски развој на посебните "раси" со цели фамилијарни стебла. Единствено ми беше потешко да ги допамтам ликовите (стотици различни ликови се споменуваат), особено што им се преведени на македонски.
Ништо не ми се чита после трилогијава :D
Земав некои лесни книгичиња, да ме вратат во нормала :D
4. Кога животот ќе ти подметне нилски коњ - Анете Бјерфелд (4/5)

Реков ќе продолжам со полесни книги, ама пак одбрав некоја што има 400+ страни :D
Добро книгиче, сакам книги каде што се раскажуваат животните приказни на различни генерации.
Мене книгата донекаде ме потсеќа на "Сто години самотија", само раскажана како на брза лента и со помал опсег на генерации.
Главен наратор е една од внуките која раскажува за животот на бабата (бабушка од Русија чија најголема љубов била проголтана од нилски коњ про изведба на точка во циркуз) и дедото, мајката и таткото, сестрите, соседите итн.
Приказна за потрага по љубовта каква што е опишана во библијата, пронаоѓање на сопствените квалитети, љубомората кон успесите на најблиските и неопходноста на нивното присуство во истовреме, трагични загуби на блиските и соочувањето со овие загуби, како и разгледување на разни уметнички правци.
Сакам книги со фриковски ликови :D
 
7. Слугинки (The Help) - Катрин Стокет 9/10

Доста интересна книга за читање, со исклучително силна порака. Го опфаќа периодот околу 60тите години во Мисисипи, држава која важела за место со најголема сегрегација меѓу бели и црни луѓе во тие години. За многу работи знаев, одделени училишта, продавници, насилство, но за некои крајности дури во книгава прв пат прочитав. Ситуации како кога црната слугинка мора да има посебен тоалет, за да се спречи ширење на болести ако го користи домашниот тоалет на белците газди или како тоа дека кога се послужува кафето мора да биде оставено на маса, а не да се даде во раце директно за да нема директен допир. Една од најсилните пораки тука ми беше моментот кога црните жени кои биле слугинки и воспитувачки на децата, кажуваат како се распрснува емотивната врска која ја имале со детето за кое се грижеле и го израснале, на крајот кога ќе биде возрасна личност, ги третира како личност со помала вредност. Исто така апсурден момент што ми остави силен впечаток беше кога се правеа хуманитарни настани да се помогне на црните деца во Африка, само да се добие на публицитет, а притоа се убиваат и обесправуваат црните луѓе во сопствениот двор,, хипокризија на максимум. Книгата не учи дека промените не можат да стигнат со молк и без конкретна акција. И секако главната порака, сите ние сме исти, оделото не го прави човекот, независно на кое одело се мисли, единствена поделба во овој свет е на луѓе и нелуѓе. Од сегашна перспектива се имаат доста сменето работите, дури се забележуваат и дискриминации во обратна насока, како и злоупотреба на демократијата и слободата, но за тоа на некое друго место. Препорачувам, гледам дека и на Goodreads има одличен рејтинг.
8. Спутник љубов - Харуки Мураками - 6/10

Ова ми е петта прочитана книга од Мураками, убедливо најмногу уживав во првата книга прочитана од него “Норвешка шума“, а ми останува вечна дилема дали ќе уживав најмногу во таа да не ми беше прва, односно дали ако некоја друга негова ја прочитав како прва, изборот за најдобра би бил ист. Во книгава се работи за меѓусебни релации помеѓу тројца луѓе, маж и две жени, секој со свои желби и потреби, како и начинот на кој тие меѓусебно си помагаат и се дополнуваат. Симпатичен и интересен дел во неговиот стил е што секогаш има барем еден лик (а многу често и повеќе) чии ставови и однесување воопшто не соодветствуваат со нормалното однесување во секојдневието. Различен начин на комуникација, постапки, навики, ставови и размислувања, и тие ликови се носечки ликови во делата. Тоа што не ми се допаѓа конкретно тука е слабата приказна, дејство, книгата е фокус на тоа да се изградат 3 личности, а на крај некако судбината и позадината на тие ликови не остава во неразјаснети прашалници, некако и клучни прашалници за да можеме да повлечеме поука во некоја насока или пак да идолизираме некој лик. Во “Кафка на брегот“ исто беше застапен делот реалност vs имагинација, но таму беше многу понагласен од тука. Не се многу по мој вкус такви дела. Исто така една од главните идеи на книгава (од тие што можеше да се извлечат) е осаменоста, како тоа ние никогаш не можеме целосно да допреме до некоја личност, целото општество е сплет на луѓе кои нецелосно допираат до некоја друга личност на некој начин, кој често не е начинот кој и е потребен на другата личност. Брзо и лесно се чита, но дека нешто посебно ме погоди и ми беше драга - не.
 
Последно уредено:
Сестра Касијана- Добре Тодоровски
Безсловен - Кирил Ангелов
 
9. Авантурите на лошото девојче - Марио Варгас Љоса - 9.5/10

Феноменална книга. Прва моја прочитана книга од Љоса, во многу аспекти ме потсети на “Љубов во време на колера“ од Маркес, книга во која исто така многу уживав. Дефинитивно има нешто посебно кај авториве од Јужна Америка, магични ми се сите патувања низ времето, опфаќање подолги периоди од детството до староста, главен фокус на љубовта, упорноста. Во романот главен протагонист е Рикардо - “Доброто момче“, од Лима, Перу, кој опсесивно се вљубува во една жена со безброј имиња “Лошото девојче“. На една страна го имаме Рикардо, романтичар во душата, човек кој е спремен се да направи за љубовта да му биде возвратена на истиот начин на кој ја пружува, човек кој е спремен да прости секогаш и човек кој целата среќа ја базира врз тоа дали е заедно со девојката. Од друга страна, ја имаме “Лошото девојче“, жена на која Рикардо и е специјално драг и и значи, но секогаш примарна цел во животот и е да биде богата и да избега од сиромаштијата, таа цел е пред љубовта и приоритетите не се менуваат и покрај силната упорност и пружена љубов од страна на Рикардо. Двајцата се наоѓаат на различна фрекфенција и имаат различни сфаќања за љубовта, среќата и успех во животот. Романот е за опсесијата, која често е скриена зад зборот “љубов“, за тоа како некогаш свесно сакаме и прифаќаме, па дури и уживаме во тоа да сме манипулирани. Приказната опфаќа период на герилските акции во Куба, диктатурата во Перу, хипиците во Париз и Лондон, така да навистина уживав во сите историски лекции, како и во сите пејсажни описи на градовите кои се споменети. Книгава ми беше особено драга, бидејќи Перу ми е меѓу омилените држави уште кога знам за себе, дали поради Мачу Пикчу, или лесното име на главниот град, можеби поради една песна “Кај има Лима“ што е тотално неповрзана со градот. После делово уште толку ми се зголеми љубовта за Перу, кој знае можеби и јас еден ден ќе се најдам во Мирафлорес и населбите, градовите спомнати во книгата. Топла препорака секому!
 
Back
На врв Bottom