Многу сакам кога ќе се распишувате за книги. Ќе исчитам се’ со ред! <3
3. „Верити“- Колин Хувер
Ова ми е најкремавата прочитана книга-препорака од најкремавиот член на форумов, кој не сака да биде тагнат! Чита, а не сака да не дружи, океј!
Треба да се акцентираат два моменти: самата приказна и дневникот на Верити. Приказната е некоја трилер-мистерија. Ловен е надежен писател, со просечна кариера, која добива понуда да го продолжи успешниот серијал на Верити, каде како последница од претрпена сообраќајна несреќа, останува парализирана и закована за кревет.
Сега, мистеријата е поврзана со околноситите под кои умираат нејзините близначиња, кои не умираат истовремено, во ист временски период, туку во период од неколку месеци. Задачата на Ловен е јасна: собери ги белешките, напиши ги книгите и врати се во сенките! Меѓутоа, во домот на Вирити, наоѓа друга заминација која и прати дистрација од начелната идеја поради која се наоѓа под нејзиниот покрив.
Во однос на дневникот на Верити (само за најљубопитните), книгата ја читав во јавност, во парк, во бус, меѓу рочишта, и секоја среќа што се погоди период каде можам да носам палто. Дневникот содржи многу описни и сочни секс сцени! Има крајна експлицитност, без цензура или авторска скриена вокација каде индиректно ќе се предочи одредена слика. Не! До најсител детал. Тоа се одрази и на мене, па така морав да се закопчувам (сепак, љубопитноста е грев)! Сакам да кажам, книгата допре до мене!
Другиот сегмент од дневникот на Верити е првото лице еднина. Нишката меѓу антихеројот и граѓата, односно сликата, пласирана во јавноста, која и го мати умот и на самата Ловен.
Како трилер, не беше лош, навистина. На самиот крај имаш презентација на други голи зборови, преку кои ги остануваат да висат одредени прашања, како последното прашање во книгата: со која вистина е манипулирано? Дали станува збор за волк во овча кожа која сака да ги тргне сите препреки кои се наоѓаат помеѓу неа и нејзниот сопруг или станува збор за писател кој умее да влезе во главата на злосторникот и да ги извади максималните ефекти од целната публика?
#ВетувамеИсполнуваме #АјдеДаНеДружиш
3/20
4. „Завесата: Последниот случај на Поаро“- Агата Кристи
Сакам да ја исчитам оваа едиција на Арс Ламина, со која ги измешале картите. Оваа ми е четврта книга прочитана од оваа едиција, претхоно имам и други од Кристи, меѓутоа не се преведени меѓу овие избрани 12 наслови. И сеуште сакам да прочитам барем една, до крајот на годидната, со Марпл. Се мислам помеѓу две, ќе одлучам...
Поаро се враќа во Стајлс, местото каде светот се запознава со овој детектив, а воедно ќе биде и неговата последна станица. Не е и некој спојлер, тоа е во самиот наслов на книгата.
Поаро е изнепоштен, има артритис, заглавен во инвалидска количка, заднински лик, не е присутен онаму каде е акцијата. Неговите очи и уши се Хејстингс, кои се движи низ лавиринтот од ходници, набљудува, слуша, анализира и прати. Сака да ја реши загатката која му ја пласира Поаро, колаж од неколку исечоци од весници, убиства во кои има само еден очигледен злосторник кој го наоѓа патот до правдата. Меѓутоа, Поаро презентира мистерија за овие настани, ги продлабочува, додава нов злосторник, Х., кој е сместен под кровот на Стајлс и е подготвен повторно да убие!
Она што не ми се допадна е смртта на Поаро, страна-две и толку. Секако, смртта на одреден фиктивен карактер не значи и крај на книжевното творештво, тоа го имаме видено и со Шерлок, меѓутоа ова е нејзината одјава од овој свет, барем со ликот и делото на Херкул Поаро. Гледам дека починала една година по објавување на оваа книга, претпоставувам дека до одреден степен се соживеала со овој лик, патем и книгата е пишувана во нејзината длабока старост.
Одјавата е штура, никој не очекува епски крај, ама убаво е читателот да биде награден со еден мини-есеј, знак на сеќавање на овој книжевен лик, лик кој е вистински и реален за Хејстингс. Поаро, на крајот, излегува гол пред вистината, и за неговиот приказ, и за неговата здравствена состојба и за чекорите кои ги презел, а притоа има и серија оправдувања. Овие негови зборови, постхумно, паѓаат во рацете на Хејстингс, кој го чита клучот на мистеријата, на последниот случај на кој работел Херкул Поаро. И има скриена генијалност, во однос на мотивот на убиецот и постапката на Поаро.
Секако додека ја читав книгата, ми текна на нашиот Суси, има еден цитат во дијалогот меѓу овие ликови за Алертон, кој е никаквец, но притоа жените паѓаат на него:
...
- „Можеби во таквите гледаат нешто што не го гледаме ние.“
- „Но, што гледаат?“
- „Можеби опасност...Секој, пријателе посакува сосема малку опасност во животот. Некој таква опасност добива посредно- на пример, во борба со бикови. Некој чита за опасности. Некој оди в кино да ја гледа. Но, во едно нешто сум сигурен- кога е премногу безбедно, просто, е одбивно за природата на секое човечко суштество. Мажите ја наоѓаат опасноста на многубројни начини- жените се сведени да си ја наоѓаат потребната опасност најчесто во сексуални врски. Можеби затоа добро им доаѓа кога ќе почувствуваат навестување на тигарот- остри канџи, подготвеност за опасен скок. А квалитетниот човек, кој ќе им биде добар и љубезен сопруг- него го одминуваат.“
И да, потребен ми е индексот на имиња. Ја читав на неколку пати, ги заборавам ликовите, посебно затоа што се старовременски презимиња кои не се повторуваат толку често, односно немаат значајна улога во водење на одредени полезни разговори, туку имаат пролазен разговор, кој значи од аспектот на фрлање трошки, кои се точки чија спојка, или систем на елиминација, низ книгата го дава лицето на убиецот. Нема многу ликови, ама ужасно лошо паметам имиња!
4/20
Другите две книги не ми се дочитани, ама морам (по)редовно да си ја пишувам домашната задача, во спротивно, кога ќе ми се натрупа, ме фаќа летаргија.