Кајгана чита - 2026 edition

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Колку книги мислите дека може да прочитате во 2025?


  • Вкупно гласачи
    35
  • Гласањето ќе се затвори: .
3. На крајот од денот - Казуо Ишигуро (Три, 2016 (прв пат објавен 1989))

1785687488583.png

Бев заборавил каков мајстор на зборот е Ишигуро! Човеков ги заслужува сите почести кои ги има добиено, а „На крајот од денот“ несомнено е еден од најубавите, најтоплите, најискрените и најреалните романи кои сум ги прочитал и заслужено се вбројува меѓу најдобрите британски романи некогаш напишани.

Ишигуро го открив сосем случајно, посредно, преку филмот. „Never Let Me Go“ веројатно знаете дека ме измести тотално кога го гледав прв пат и веднаш по филмот го побарав и купив романот, изненаден што го има на македонски, во тогашната издавачка куќа Макавеј (не сум сигурен дали се уште постојат, или барем дека постојат во таа форма). Романот уште толку ме измести и затоа бев пресреќен што неколку години потоа Ишигуро беше добитникот на Нобеловата награда за литература. Но, кога го гледав „Remains of the Day“, не можам да речам дека се разочарав, зашто филмот е далеку од лош, само имав поинакви очекувања во поглед на жанрот, темата, приказната... што знам што. Едноставно само ми беше многу поинаков. Затоа толку одложував додека да го земам овој роман во раце. Но, неодамнешните листи на The Guardian за кои дискутиравме во подфорумов го сместија меѓу најдобрите романи некогаш напишани, па нели ветив дека ќе прочитам роман од листата кој го имам дома, а не сум го прочитал. Така дојде редот за „На крајот од денот“.

Ама романов - пак ме извади од патики! Ова е такво мајсторство, таква топла приказна за едно мало патување низ Британија и големо патување низ сеќавањата од животот на еден батлер, толку искрено и реално напишан, со толку емоции што не може да не изнуди емоции и кај читателот. А кај мене изнуди многу! И додека читав имав впечаток дека ја читам најубавата љубовна приказна која сум ја прочитал во животот, а романот не е воопшто љубовна приказна. Тој е многу повеќе од тоа. Голем како животот, кој го опишува. И со една неверојатна порака - крајот од денот е навистина најубав и треба да се доживее со отворени очи во пресрет кон ноќта која следи, а не да се помине мислејќи на изгрејсонцето и се она што донел денот или нештата кои можеби си ги испуштил во него.

Неверојатно четиво. Ова веќе е класик, но по години, децении, ќе прерасне во уште поголем!
 
Ишигуро мајагери со клизачи влагам и....
спомињам уште еден роман на Николас Спаркс :D

The longest ride
За разлика од претходните две кои беа гола вода, овој на почетокот повеќе ми западна за око, а и некако ради исцрпеност психичка периодов повеќе сум свртен на шиТ-литот. Две паралелни прикаски, едната стандард спаркс city girl-meets- country boy, она на факс, он нешто као јава бикови, (нели северна каролина), ама повеќе ми западна на око другата прича кај што има еден лик кому му се дешава сообраќајка и со колата у ендек и главата на волан си прави човеков ретроспектива на животот што му изминал (сепак ептен стар е). Животот во америките од 50тите како еврејски имигранти, он од некоја haberdasher фамилија, она пребегната од Виена пред да почне јакиот погром. Па тука мештаљки, мајката пробуе да ги спои, он срамежлив, девојкава наметлива, па иде па не иде па го драфтаат во војната како пилот, па фаќа некоја сипаница која ќе му го смени целосно текот на животот после војната. Све тоа убаво до самиот крај. Ама Спаркс, не е Спаркс да не го усере филмот, па некако на брзинка работите се испреплетуваат меѓу двете причи на самиот крај, набрзинка напишано со предвидлив завршеток. И не, не е трагичен. Предвидлив е од километар.
3.5/5 Онака. Not bad, nor terrible
 
Откако ми се роди дете и изгасив секакви brain rot апликации и мрежи со цел повеќе living in the moment yada yada, се појави и желба за прв пат по 8мо одделение (ваљда Робинзон Крусо беше) да земам да читам пак. Нормално, кога не си читал од претпубертетска возраст, оставаш жена ти да ти сугерира од што да почниш, и ме зареди со класици и ме шалта по разни автори за да увиди што прија а што не. Here goes nothing:

1. Мартин Идн - Џек Лондон 5/5
Фасцинантен осврт на една интерна борба на протагонистот, борба која е толку универзална и со која јас лично многу се поврзав и препознав. Полуавтобиографска книга чија тематика ќе погоди секој кој копнеел или сметал дека заслужува повеќе, уште, подобро, а особено оние кои на крај успеале во реализацијата, само за да сфатат дека тоа не е одговорот. За мене лично најдобро нешто што имам читано досега.

2. Алхемичарот - Пауло Коелјо 3/5
Можеби не бев во таков апстрактен и уметнички муд, но после бруталниот реализам на претходната, оваа ме остави прилично рамнодушен. Ваљда not my cup of tea, иако вредно е да се напомене дека стилот на пишување и начинот на кој те примамува да свртиш страна беше за респект.

3. Делото на Артамонови - Максим Горки 4/5
Книга за која треба да имаш камен наместо срце за да останеш рамнодушен, приказна која опфаќа повеќе генерации и која те носи од слатко смеење до горчина и јад во душата како да станува збор за твој близок. Ликовите се толку живописни и уникатни што ти се чини си ги знаел отсекогаш.

4. Чичко Горио - Оноре де Балзак 4.5/5
Уште една класика, наводно дел од поголем авторски универзум каде се повторуваат ликовите. Несомнен мастерпис и неверојатен insight во Паришките драми и интриги во 19 век, и слично како со Мартин Идн, она што најмногу ме фасцинира (ваљда пошто сум дебил шо прв пат чита книги) е колку се универзални и безвременски проблемите, искушенијата и комплексите кои ги имаме. Практично се е исто како и денес, само спакувано во друг век и во друг амбиент.

5. Дејвид Коперфилд - Чарлс Дикенс - во тек.
5. Дејвид Коперфилд - Чарлс Дикенс 4/5
Coming-of-age драма која го следи животот на Дејвид буквално од раѓањето па се до зрелоста. Дејствието е во Викторијанска Англија, со акцент на мизеријата и сиромаштијата меѓу децата, суровоста на растењето и безброј разочарувања. Сепак, како и секое детство, има и убави моменти кои знаат да внесат топла меланхолија кај читачот и те тера да се присетиш на сопствените топли детски спомени.

6. Степскиот Волк - Херман Хесе 4.5/5
Да ја читав книгава ко тинејџер, сигурно ќе бев несфатен емо ко @wot :D Само 100тина страни а едвај ја дочитав, не дека беше лоша - напротив, ебено добар психо трип за кој често ти треба 2-3 пречитувања за да го укапираш. Блендира реалност и фантазија, протагонистот има дуалитет со кој се бори - својот стремеж кон граѓанство и припаѓање од една страна, и својот изолиран степски волк од друга страна. Мастерпис.

7. Железната Пета - Џек Лондон 4/5
Мојот засега GOAT писател со политички драма/трилер кој е пишуван во 1907ма, а ги прогнозира настаните во наредните неколку децении, односно дава свој осврт на како ќе се одвива судирот меѓу социјализмот и капитализмот. Од сегашна перспектива е како да читаш алтернативна историја, и практично дејствието што го читаме е „пронајдено“ во колиба 7 века подоцна, па така интересни се и огромните фуснотите пишувани од напредна социјалистичка утопија, со зачудување како кога ние сега дискутираме за темниот среден век.

Any suggestions земено предвид горенаведените? :D
 
4. Три Марии - Оливера Ќорвезироска (Арс Ламина, 2025)

1786019556054.png

Ова е првиот роман на Оливера Ќорвезироска кој сум го прочитал, иако не ми е првото нејзино дело - навистина уживав во прекрасната збирка раскази „Улиците што ги нема“. Не можам да речам дека не уживав подеднакво и во „Три Марии“, зашто го има се она што ми е потребно во едно дело за да ме закова за него и да го прочитам скоро во еден здив: интересна приказна, уверливи и реалистични ликови и добар стил. Кај Оливера има плус уште нешто што ретко се среќава кај нас - убавиот јазик. Навистина уживав во секој збор, во секоја игра со зборови, во надреализмот или магичниот реализам кој напати го применува... Ваков течен јазик, во кој се чини ко да е се таман и нема ништо од вишок, ваква речитост, прв на кој ми текнува дека употребува кај нас, а кој секогаш ме маѓепсува со зборовите е Давор Стојановски, и еве, Оливера Ќорвезироска е втора.

Но, не можам да не споменам две работи кои навистина ми засметаа. Прво - во денешно време сешто се протнува во доменот „роман“, под превезот на пост-модерната. Не дека немало и други наши, дури и добитници на „Роман на годината“ кои се всушност збирки раскази, зашто според мене романот е ЕДНА заокружена приказна, а не ТРИ поврзани со навидум неважна врска, во случајов еден стан во Капиштец, само некако ми здодеа таа постапка и сметам дека е веќе изнасилена. (По оваа логика и „Зоки Поки“ од Оливера Николова ли е роман?) И второ - веќе се навикнавме скоро се кај нас да се печати на ваква, нискоквалитетна рециклирана, скоро жолта хартија, веројатно поевтина и со тоа да се пропагира некакво помодарство дека се грижиме за животната средина, рециклираме и не сечеме дрвја, но дополнително да направиш и печатените букви да не се црни, туку во нијанси од светло до темно сива, е веќе претерано! Ослепев дур читав (или се обидував да читам)! Заради овие две замерки, сакав да го оценам ова со некоја 4/5, но видов дека некои претходни добитници на наградата кои помалку ми се допаднале сум ги оценил со 5, сметав дека би било нереално. А и впрочем, си кажав што ми сметаше, па така...

P.S. Ни една мајка нема да се радува со солзи во очите зошто ќерка и го задржала презимето кое претходно таа го зела од сопругот! ;)
 
Back
На врв Bottom