Goddess of Chaos
Поени од реакции
228

Профил пораки Последна активност Теми и мислења За мене

  • Oooooooooooo ја сакам поклон со посвета, не ти ја купувам :icon_lol: Поштено!
    поздрави натака....
    Во прв семестар имаме 7 предмети и еден изборен, ова заради тоа што мора да имаме по 30 кредити по ЕКТС за да завериме семестар.
    Во прв семестар предметиве се овие:

    1. Старословенски јазик
    2. Кирилометодиевистика
    3. Македонска народна поезија (во втор семестар има мак. народна проза од истата професорка и истиот асистент)
    4. Митопоетика
    5. Теорија на книжевност (ова е најзакон предмет, Венко Андоновски ми предава, на поинтересни предавања досега не сум присуствувала :))
    6. Правопис (па во втор има Правоговор)
    7. Култура и цивилизација

    И јас како изборен земав Етнографија за да имам доволно кредити, се изработува семинарска и ако е задоволна професорката ги дава без проблем.

    Во наредните години знам дека има Светска литература, Детска литература, Дијалектологија ама не би знаела што како. :)
    Јас ја купив од „Култура“ во Скопје, на плоштад карши Дал Фуфо. Симболична цена е, 200 денари, веројатно би можело да се најде и по другите книжарници, инаку е издание на „Македонска реч“.
    Мене ми се допаѓа дека ми е по мерак факултетов. Животна желба ми беше да одам на книжевност. :)
    Професорите се супер, (сега има некое ривалство меѓу катедрата јазик и катедрата книжевност, демек едните викаат јазикот е поважен, нашиве викаат книжевноста е поважна и професориве се напаѓаат еден со друг, добро е сè додека не ги вмешуваат студентите), повеќето предмети се полагаат преку колоквиуми, не мораш да се подготвуваш и да не спиеш по цела вечер за да положиш, доволно ти е да оддвоиш барем еден час пред испит и нема промашување. :)
    Е сега професијава не ни` е којзнае колку перспективна ама тоа е. Имаш талент и според мене не би згрешила ако се одлучиш да студираш тука. :)
    Ауф си ја погодив темата за испит.
    Нешто слично на тоа полагам во февруари.
    Големата Мајка (Magna Mater) коинцидира со периодот на матријахат кога жената се смета за „божество што ја знае тајната на животот“, нејзе и припаѓале обработката на земјата и плодноста па поради тоа се создал култот.
    И после мажите го преземаа светот... :)
    Ако те интересира повеќе за ова читај ја „Митски координати“ од Шкрињариќ. (ова демек си ја рекламирам професорката. :))
    еве еден бакнеж и од мене :back:
    ти си првот човек кој ми го пофали никот. предтоа бев клетвата на кајгана:nesvest::pos2:
  • Вчитување…
  • Вчитување…
  • Вчитување…
На врв Bottom