Сигурно ќе го помине тестот на времето Интерстелар, и мислам дека саундтракот ќе има најголем удел во тоа. Тикток и инстаграм се преплавени од Интерстелар музика, иако звучи глупаво, тоа е она што му треба на филмот за да допре до нови генерации.
Бокс офисот баш е муабет за обични луѓе и одличен показател за тоа што треба да очекуваат Холивудските студија. Бокс офисот е political и social statement at once. Тоа што му се случува на Дизни последниве години не е последица од корона или штрајкот на сценаристите, туку две работи - агендата што ја туркаат и фактот дека ја измолзија суперхеројската цицка, па публиката се умори. Дизни (и студијата што се под нив) доживува backlash за секој нов филм што ќе го извади - Lightyear, цртаниот со лгбт, римејкот на Литл Мермејд, па сега Инди, итн... сите овие се флопови во очите на Дизни и дури и таков гигант каков што е ги чувствува последиците. Lightyear, Little Mermaid и тој Strange World нанесоа огромна штета на студиото затоа што не поминаа кај публиката, а не поминаа поради тоа што обичниот гледач не се фура на политички агенди и не сака да му се наметнуваат трендови. Тоа што се на долната граница од очекуваниот профит не ги прави успешни. Далеку од тоа. Ниту мерчандајзот, дизни парковите, играчите и брендирањето не можат да ја надокнадат загубата од филм од 300 милиони буџет, а не пак повеќе такви неуспеси во серија.
Како паралела, Top Gun е еден од најуспешните филмови од последниов период затоа што е најблиску до златната ера на Холивуд, каде на раскажувачите најважно им е да ја анимираат публиката. Истото беше и со Avatar (иако таму темата е поочигледна).
Мое мислење е дека на крајот од денот студијата ќе се вратат на формулата што им носеше успех откако ќе ги консолидираат штетите од моменталната агенда. Нетфликс е добар пример за тоа - туркаше сѐ и сешто без никаков филтер и дозволи конкурентите да им земат голем дел од колачот. Во последнава година пазат многу повеќе на продукција и што пуштаат на пазарот. Кај и да е и Дизни ќе го примени тоа, не затоа што сака, туку затоа што тоа им е потребно за да опстојат.
Ќе имаме сѐ помалку блм лгбт римејци на сметка на нови IP франшизи и продолженија од изданијата што веќе им функционираат и имаат солидна фан база. И за крај - ќе признаат (веќе се свесни за тоа) дека планот за инклузивност и процентуална застапеност на мајноритис и вулнерабл групс нема поента. Секој тренд има почеток, средина и крај, така што заклучокот од сето ова е дека доаѓа крајот на два тренда истовремено - суперхеројските блокбастери (Топ Ган и Аватар покажаа дека и други филмови освен суперхеројските можат да одат до милијарда на бокс офис), кој траеше прилично долго, и агендата за застапеност, која траеше колку семафорите на Рекорд.
Уф.
Знам да пишувам ептен на долго и широко и да се изгубам во пишување на глупости, па само ќе пробам да останам на ова:
Ја и ти збориме за други работи.
Не го кажувам ова како контра твоево, туку... различна ми беше поентата.
Јас зборев од еден аспект, твоево е гледање од сосема друга поента.
Ова твоево, да, ок, тамам е за на форум вака да си збориме и да дебатираме што како, моево беше повеќе од финансиски и економски аспект, а верувај ние обичните смртници немаме уддел во овие работи.
И овие информации како "тој и тој филм изгубил толку пари" ги знаеме само базирано на обична математика и логика.
Дури и овие, бокс-офис бројки што ги знаеме се базирани на многу точни предвидувања и математики, ама никогаш не се 100% точни кога излегуваат секоја недела.
Нејсе, сакав да кажам... ок е, ама твојов коментар е на сосема различна тема од мојава
Е сега кога отвори нова тема, различна од мојава може за ова да збориме што ти го отвори како тема.
Ок, твоево гледиште е од аспект на обичен човек вака од страна.
Арно ама..
Види што викаат од Дизни:
Викаат дека проблемите со последните флопови на Дизни се тоа што се оригинални приказни.
Елементал, Strage World се оригинални приказни, па затоа флопнале. И Лајтјир исто, не бил директно поврзан со Тој Стори и затоа флопнал.
Тоа ти викаат од Пиксар.
Од друга страна кој е број #1 на бокс офис годинава во САД? Супер Марио.
Ти гледаш "Ахам, значи филм што е true to the original успева"
Ама од Дизни гледаат "Ахам, значи луѓево сакаат филмови базирани на нешто што има историја од 30-40 години. Значи да одиме со Toy Story 6"
Втор? Into The Spider-Verse
Ти викаш "Ахам значи луеѓво сакаат забавни филмови"
Од некое студио викаат 'Ахам, значи луѓево сакаат мултиверзум приказни"
Од трето студио викаат "Ахам, значи мора франшизи само за успех, не палат оригинални ствари"
Од четврто студио викаат "Ахам, Спајдер-Мен сите го знаеа како белец, а тука главниот Спајдер-Мен е црнец, значи луѓето сакаат кога се менува расата на главните ликови"
Трето место?
Гардијанс оф д Галакси 3
"Ахам значи луѓево сакаат франшизи и продолженија, а не ориигнални приказни"
Погоди кој е четврто место во САД во моментов оваа година?
The Little Mermaid
"Ахам, се потврдува тоа дека луѓето сакаат race swaps на ликови, се потврдува дека луѓето сакаат римејкови, се потврдува дека никој не сакаа оригинални филмови"
Значи дека ова што ти или некој друг го гледа...не значи дека го гледаат и тие главните во Холивуд.
И пак да потенцирам ова што тука го пишувам е различна тема од првичната.
А ете, види го и линков горе, букваллно да видиш од Дизни како гледаат на флоповите како Strange World.
Еве, од поновите флопови - Флеш и Индијана.
Колку ЛГБТ ликови и црнци имаат двата филма?
Сигурно некој у моментов во Холивуд објаснува "Ете, ви реков, филмови без малцинства флопнуваат. Малечката Сирена си е таманка, Спајдер-Верс си растура... вие уште сте се фатиле за белци во главна улога..."
