Годинава малку повеќе од било кога потфрлив со оскаровските филмови, дури и 2 од номинираните за најдобар филм уште ги немам гледано. Па денес решив да подзачистам хард диск (обично ги бришам изгледаните филмови после гледањето). Еден од филмовите искрено позитивно ме изненади: Causeway - Брајан Тајри Хенри беше номиниран за споредна улога, чинам, за филмчево. Малечко, тивко филмче за „потребата да имаш некој со кој ќе го испиеш утринското кафе“. Навистина добар перформанс од актерите (Џенифер Лоренс е главната женска улога), и иако не е нешто невидено или WOOOOW, за мене беше изненадување зашто не очекував да ми се допадне. 

. Човекот знае да направи филм со јака приказна и атмосфера, и тоа е тоа, му симнувам капа.