После онакво плачење пред новинари дека Лејкерс глумат за фаули, Вориорс се утепаа од флопање. И од тепање. Судењето нееднакво. Премногу судијски грешки во корист на Вориорс за човек да не се посомнева дека 6-тата утакмица и парите што ќе се заработат, не влијаеле на судењето. Не само личните грешки судени нееднакво и несанкционирање тепање, туку и неколку ептен очигледни аут топки, Дрејмонд едно 3 пати заслужи техничка грешка за урлање во фаца на судии па дури и отворено му кажа на судијата дека нема да престане додека не му дадат техничка, практично им кажа дека знае дека нема да му судат техничка па колку и да им урла во лице. Мислам еј, на ЕSPN се смееја... Но на крај Лејкерс сами се криви (за исходот), играа со помалку жар и желба а ова овде е плејоф кошарка. Плејоф кошарка. НБА не модна писта. Тепање и глумење е очекувано. Така да како што велат Америте - man up or go home.
Следнава е елиминациона утакмица, овака или онака.
(Дејмонд Грин за Оскар треба да се номинира, сериозно).