НБА сезона 2022/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.159
Поени од реакции
11.863
Иако многу малку се зборува за Мајами, Џими Бакетс е на чекор да ги однесе до конференциско финале !!!! Батлер според мене е еден од најпотценетите играчи во НБА (па и тука на форумов), иако станува збор за еден од 5-те најдобри играчи во НБА.
Сите тука сте залетани за ЛАЛ/ГСВ како тинејџерка за ајфон, и не гледате многу подалеку од нив, иако во позадина има и други тимови способни да го освојат шампионскиот прстен во кои секако спаѓаат и Мајами !!!

Tочно е, Батлер годинава не го збораме иако можно е финале да играат, никој не знае како што е тргнато годинава со изненадувања. Мада апсолвиран ни е на темата пред 2 сезони кога беше баблот пошто и тогаш не беше ништо полош или помалку способен да игра баскет, напротив мислам дека и подобар беше, во пикот. На долго и широко пишевме за мајами, особено јас и Ванлок ама и сите други тука. Ништо чудно годинава да се повтори тоа финале *Мајами - Лејкерс. :D

Рачунај досега Батлер со една нога им играше на Никси и ајваните немаа решение, сврти го глуждот на средина од натпревар и оди последните 20 минути играј ги во ќош и чекај топка за три да шутираш или да направиш вишак со влез под кош. Ајваните ни тоа не можеа да го бранат во третиот натпревар, камо нешто друго. Здрав Батлер имаше по 40 поени да им дава со мижење. Криминална „одбрана“ изиграа не само против него туку и против цел тим на Мајами.

Екипи како Денвер, Мајами па дури и Лејкерси годинава се екипи за кои навиваш од позадина и потајно се надеваш да освојат пошто стварно заслужено ќе им е.

Од друга страна екипи од типот го имаме Гркот и готово ќе издоминираме или чекај во кој тим да одам ама да не сум лидер некој друг да ми заврши работа, а јас да лапам титула *(Феникс на Дјурант) ни се преку миле дојдени - затоа толку и ги коментираме.
Истото му се задеси и на ГСВ... ЕДВАЈ се довлечкаа до ПО, последните 20 натпревари од регуларен дел да му ги гледаш ти се чини МЗТ Скопје игра за на крај откако им падна Сакраменто ќефој леле ние сме шампиони, знаеме како треба, искуство имаме дрн дрн дрн... препич терање по пресови. Да не беше Стеф имаше на ТВ да гледаат втора рунда ПО.

Годинашниот плејоф како никогаш досега е ПО на екипи кои сами себе ЕПТЕН се преценија:
- Милвоки (со Мајами)
- Кливленд (со Њујорк)
- Мемфис (со ЛАЛ)
- ГСВ *два пати, еднаш со Сакраменто и сега со ЛАЛ
- Њујорк (со Мајами)

Едино Клиперси, Бруклин и Сакраменто поштено си изиграа и колку им беа можностите толку и добија.

Така да алл ин ќе бидам лично во навивање за Денвер и Мајами до крај на сезона, добро ајде и на Фила (ради Хареден, единствениот што реално загуби со трејдот во Бруклин - другите двајца беа дилајли).
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Хорфорд на тренинг не смее да ти шутира 6 3ки, не пак во прво полувреме во
можеби решавачката утакмица во серијата.

Бостон доста лош, Ембид со одлична партија добро пратен и од останативе.
 
Член од
24 март 2012
Мислења
651
Поени од реакции
741
По отепана екипа од овие Бостон немам видено.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.428
Поени од реакции
39.030
Така е тоа секоја текма по 100 коша ќе дават двајца нема грешка. :kuracc: :kuracc:

Јокич беше ултра мотивиран, дури и на 25+ не ги вади и комбинираат глобтротерс акции со Мареј. Порака и психолошка игра е ова, Дурант е видно исфрустриран.

 
Последно уредено:
Член од
11 април 2023
Мислења
123
Поени од реакции
342
Јокич има високо IQ и одлично знае да се позиционира но е прилично спор и тромав и е многу лош рим протектор затоа му го донесоа Арон Гордон за да му помага.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom