На форумо забавно беше ко почнаа Лејкерс 2-10 или ко беа 13ти после ол-старо.. Вака Ванлок сам си збора. Јбг никој не ја има та моќ да те остави без коментар ко Кралот. Од 18ти фаворит за титула до втор за 2-3 месеци.
Oд ова шо гледам (не сум некој страшен и страствен познавач) Лејкерс играат ептен тимска игра. Порано обично сето циркулираше околу Леброн и АД, ама овој пат клупата и тоа како брка салам работа (впрочем и директно е заслужна за дел од клучните победи). Тоа порано недостигаше пред трејдот. Да ти е мерак да ги гледаш.
На форумо забавно беше ко почнаа Лејкерс 2-10 или ко беа 13ти после ол-старо.. Вака Ванлок сам си збора. Јбг никој не ја има та моќ да те остави без коментар ко Кралот. Од 18ти фаворит за титула до втор за 2-3 месеци.
Да ги донесе Лебронтије на свој грб дотука или да беше тој клучен што во ПО играат вака ајде и да ти врви коментарот, ама успехот е последица на тимската игра и ролплеерите кои беа донесени во трејдови и тие што веќе ги имаше во тимот.
Леброн си го одработи само своето, нивото си го има, ништо ново не измисли или направи тој лично за да дојдат дотука така да смири живац.
СОСЕМА сосема заслужена победа на Лејкерси и пролаз понатаму. ГСВ ги решија премореноста, 0 играње одбрана цела сезона, Клеј не е истиот Клеј во одбрана и напад после повредите *(нападот го игра топло ладно, одбраната не на тоа ниво), Дрејмонд еден натпревар греши, друг не, Кари е најкостантен ама гледате и него 2 натпревари во клучни моменти што му се дешава. Едноставно полека ги стигнуваат годините и повредите си го прават своето. СЕТО ова не одзема од големината и пожртвованоста со која Лејкерс си ја изигра постсезоната. Прво Мемфис, после ГСВ, следно финале на запад, а ништо чудно и конференциско ако му се наредат коцките. Посекако тимот има млади играчи кои гинат на терен + визардот Леброн. АД не го спомнувам намерно пошто кога сака игра, кога сака седи како педерче во некој ќош.
Не можеби туку СИГУРНО сум пристрасен ама да сум управа во Њујорк пола тим сосе тренер ги бркам и тоа сега на недозавршена сезона.
ГАЗОТ не го мрднаа и буквално залагањето во ПО им беше 0 во серијата со Мајами, КЛАСИЧНА НУЛА. Нема сегмент од играта каде не беа надиграни.
ЕДИТ: Само Денвер да помини понатаму *(ради Јокич) пошто она путето Дјурант не можам да го смислам веќе. Пеки на талентот и на тоа што го поседува како кошаркарско знаење ама преку кур сè кога не си најдобар игарч на теренот не издоминираш буквално кога тоа се очекува од тебе.
Сеа чепкам нешо низ нет, најниско пласирани тимови у регуларен дел што освоиле прстен се Хјустон 1995 година како шесто пласирани и Бостон во 1969 како четврто пласирани. Евентуална титула за Лејкерс би била баш големо достигнување, особено за Леброн во ГОАТ причата и неговото legacy, иако ако освојат очекувам Дејвис да биде МВП на финалето.
Инаку навистина имаше некои чудни одлуки од судиите, на пример оваа мртва топка скокаа Вигинс и АД иако Вигинс стоеше во аут (плус претходно навреме се побара тајмаут, и од АД и од тренерот).
Клеј не е истиот Клеј во одбрана и напад после повредите *(нападот го игра топло ладно, одбраната не на тоа ниво), Дрејмонд еден натпревар греши, друг не, Кари е најкостантен ама гледате и него 2 натпревари во клучни моменти што му се дешава. Едноставно полека ги стигнуваат годините и повредите си го прават своето.
- Kлеј (да бидеме фер) после онаква повреда, латералното движење му е 10х полошо - а дефанизвец без 100% подвижност не бидува.
- Дреј како на аутопилот да беше, хамер акцијата на крај очигледно беше сјeбaнa кога Лејкерси не бркаа преку скрин, посебно кога АД толку очигледно беше на линија на подавањето. Па и покрај се ја фрли топката како да е на тренинг и да нема друга опција освен човекот да биде таму каде што е уиграна акцијата. Имаше Дрејмонд и други бисери, како кога ја фрли топката кон клупата на Лејкерс.
- Kaри беше одличен, ама во 4-та четвртина беше лош. Но тоа не беше целосно по негова директна кривица. Форсираше/силуваше изнудени потези во ситуација кога играта беше поставена против Вориорс. Кер се коцкаше со ниската постава, и за волја на вистината за малку и ќе го добиеше облогот.
Добра утакмица, и Вориорс се многу подобар тим отколку што кажува резултатот. Ништо не готово, ама напред Лејкерс!
ЕДИТ: Само Денвер да помини понатаму *(ради Јокич) пошто она путето Дјурант не можам да го смислам веќе. Пеки на талентот и на тоа што го поседува како кошаркарско знаење ама преку кур сè кога не си најдобар игарч на теренот не издоминираш буквално кога тоа се очекува од тебе.
Мислам дека Денвер е посилниот противник, ама ако Лејкерс поминат понатаму повеќе би сакал да играат против Денвер. Затоа што Денвер не играат прљаво и помали се шансите за повреда, и затоа што ќе гледаме подобар баскет. Но не дека и на Феникс и на копиленцето Букер не би им дошло таман едно покажување каде им е местото, така да кул сум со било која разврска (иако навивам за Денвер/Јокич во оваа серија).
Иако многу малку се зборува за Мајами, Џими Бакетс е на чекор да ги однесе до конференциско финале !!!! Батлер според мене е еден од најпотценетите играчи во НБА (па и тука на форумов), иако станува збор за еден од 5-те најдобри играчи во НБА.
Сите тука сте залетани за ЛАЛ/ГСВ како тинејџерка за ајфон, и не гледате многу подалеку од нив, иако во позадина има и други тимови способни да го освојат шампионскиот прстен во кои секако спаѓаат и Мајами !!!
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.