НБА сезона 2022/2023

Статус
Затворена за нови мислења.

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.823
И без Ембид ги тепаа цццц, убаво им пишал еден у коментар на инстаграм, Бостон ти е исто ко Арсенал у фудбал..
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.151
Поени од реакции
11.816
Заборави да го споменш Дрејмонд во „конс“. :D
Сериозно, Дреј може и да ги направи и да ги усере. Дреј е wildcard (а јас лично се надевам дека ќе ги усере).
Леле брат ќути, аман за аман. Тоа говедо заедно со Тибодо говедото од Њујорк се двете шо не сакам да ги навидам. До толку одвратни ми се, секој од своите причини и крактер шо го немаат.
Класична сељандура, сто пати имам речено штета што некој не му ја искршил муцката до сега.

Секако дека е КОНС и баш баш се надевам дека ќе го трејдаат на лето. Нова управа ќе иди во ГСВ па ќе се најди белким некој со две рала мустаки што ќе му даде карта во еден правец.

Инаку, не знам зошто се погоди баш вчера да сум преморен и ништо не изгледав од натпреварите. ПРЕ ПРЕ мило ми е што Јокара ја реши утакмицата, како што гледам тука по коментари и статистички на нет пошто извештаи немам време денес да гледам. Штета не го играв ама ќе оставам тоа за друга тема.
Како лагано си зедоа 2 победи да им е алав и се надевам ќе издржат до крај оваа серија со Феникс да ја изгураат, а се нешто едно пиле ми вика дека Феникс ќе јаде еден пораз и на домашен терен благодарение на Мареј, едноставно мислам дека батето има што да кажи во ПО и дека годинава ќе ги вади од тешки ситуации.
Од Феникс не очекував во првата сезона заедно да освојат веднаш титула, им треба време на прилагодување и да видат кои останти рол плеери им се потребни и што нема во екипа за да доднеат па вгодина евентуално по титула - по повеќе изиграни натпревари заедно.

ИСТО, мн мило ми е за фила што Харден конечно има шанси пак да оди понатму и да игра конференциско финале пошто БИТНО е ваков брејк да направиш уште во старт со тим кој е појак од тебе. Ќе им даде дополнителна самодоверба и се надевам со 2 победи дома да стигнат до комотни 3-1 во серијата, па Ембиид да се врати и да ги однеси понатаму во ПО.
ЕДИНО тоа малерот од тренер може да ги кошта пошто стварно е малер, во Клиперси кога беше и кога CP3 и Грифин беа во пик им се повредуваше секогаш еден од нив, еве и во Фила е така. Жив малер е. Треба да му дадат надимак ТОШО :D

п.с. вечерва нема да се спие, Њујорк ако не ја добие со Мајами оваа нека одат колективно нека се бесат.
Мислам дека Топин се враќа, а кај да е (предвремено) ќе го вратат и Рендал - иако не треба да ризикуваат со него така рано пошто еднаш го вратија и ПАК го свитка глуждот + Грајмс го вратија порано после повреда, премногу ќе дојди.
Џими не вервам да игра, а и да игра ќе биде Џими кој нема да даде 500000 поени, исто не верувам дека шутот ќе ги посака како во првиот натпревар така да очекувам од Мајами помал процент на реализација, а под кош Топин и пред се' Робинсон да издоминираат.
МОЖДА глупаво ама иако нема поени и придонес никаков скоро за напад мора да го игра и Хартештајн повеќе оти батето е ДИНАМО и нема изгубена топка за него (исто како за Харт) па мислам дека во одбрана тој му е човекот што ќе го спакова Адебајо и ќе му ја извади душата.

За разлика од мн аналитичари по нет, навивачки ми е мислењето можеби дека Њујорк во оваа ситуација е појак од Мајами ОСОБЕНО после малата повреда на Батлер ама и без таа повреда мислам дека ќе беше непристрасно да искоментирам ПРО нивните шанси кои за мене се реални во овој мечап со Мајами.
Останува да видиме колку дибекот Тибодо ќе успее да усере, пошто ТОЈ ќе биде клучниот фактор во оваа серија, не играчите. За Сполстра џабе ќе трошам зборови, кошарката ја има во малиот прст, штета Њујок уште нема напалкано таков калибар на тренер.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.377
Поени од реакции
35.026
:)
Автоматски споено мислење:

Уф... 14:0 серија на Вориорс пред крај, компироглавиов ни тренер никако не зима тајмаут (а уште 4 имаше). Ама се стегнаа на крај и тоа е тоа :)
Кер го пушти Стеф да биде плејмејкер за финиш, поефикасен е така, а компироглавиот го извади Вандо пошто на Лејкерс не им идеше во напад. Како го извади Вандо, цела одбрана врз Кари се смени, им се отвори играта и 14:0 направија. Со Вориорс може 30 да водиш и ни секунда не смееш да се опуштиш.

Тесна и интересна серија ќе биде ова. (y)
Автоматски споено мислење:




 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.377
Поени од реакции
35.026
Ех да беше само тоа фактор... Повеќе играчи на Вориорс имаа тивка (или релативно тивка) ноќ, тоа нема секогаш да биде така. Стив Кер е ѕвер од тренер, ќе направи повеќе адаптации. За разлика од компироглавиот во Лејкерс кој нема муда ни Леброн да го извади за последни 4.5 секунди, и да стави само добри шутери на слободни (иако добра одлука беше Шрудер да прими топка на крај, нема шанси ДиВинченцо да го следи во спринт).

Вориорс освен Луни (и додекаде Дрејмонд) немаат кој да го играат на АД, но тоа го надокнадуваат како тим, повеќе се трудат за скокови, градење простори и играчи, итн. Лејкерс се трудеа како никогаш до сега, па и тоа едвај беше доволно. Таквите како Дило никогаш нема да бидат добри дефанзивци и во повеќе наврати губеа офанзивни скокови од Вориорс дури и во ситуации 3/4 на 1. Стојат и зјапаат во топката наместо пазење и свесност за противниците и градење простор за скок. Фундаменти.


Ќе се зачудам ако серијава е помалку од 7 утакмици.
Автоматски споено мислење:

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom